Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Скопје
13.02.2012, 17:11

Андрески бара Тодоровиќ да му ги исполни замислите за Универзитетот

Во Општина Центар потврдуваат дека сопственикот барал корекции на ДУП-от, но не откриваат какви

Деспина Трајковска



Бизнисменот Бојо Андревски очигледно, полека, но сигурно, се подготвува да интервенира на објектот во кој е сместен Европскиот универзитет. Дали ќе го урива целосно, ќе го пренаменува во хотел или нешто трето што досега го нема кажано како бизнис-опција во јавноста, допрва ќе се знае. Додека тој донесе конечна одлука што ќе прави со објектот, општинарите од Центар ќе пресечат дали ќе му излезат во пресрет на неговите барања за кои тие имаат надлежност.

Од Општина Центар потврдуваат дека сопственикот на парцелата, Бојо Андрески, доставил одредени забелешки на Деталниот урбанистички план, кој го третира предметниот објект во кој работи Универзитетот, и сега ја потврдува неговата образовна намена и постојна катност. Дали Андревски бара пренамена на објектот што ќе му овозможи отворање на хотел во истиот објект, а истовремено и градежна интервенција, надлежните не откриваат. Велат, ќе кажеле кога комисијата ќе одлучи дали и кои забелешки ќе ги прифати.

„Има забелешки на јавната анкета од страна на сопственикот на парцелата. Комисијата во моментов ги разгледува и откако ќе одлучи дали ќе бидат прифатени или не, ќе биде објавено за кои, односно за какви точно забелешки се работи. Пред да донесе одлука, комисијата не може ништо да објави“, одговорија вчера од Центар.

Минатата недела сопственикот на Европски универзитет потврди дел од шпекулациите дека крои нови бизнис-планови, односно зградата на Универзитетот, чиј сопственик е, планирал или да ја урне или да ја пренамени во хотел, што би му овозможило други приходи и редовен извор на пари за бизнисите.

Инаку, од Асоцијацијата на архитекти објаснуваат дека доколку сопственик одлучи да урива објект и на негово место да гради нов, кој во габарит го надминува постојниот и она што е зацртано со важечкиот ДУП, задолжително ќе мора да поведе постапка за измена на планот.

„Дури и да не се урива објектот, туку само да се менува неговата намена, во Законот за градење е точно пропишана постапката за пренамена. Односно, планот, исто така треба да се менува доколку новата намена не е приближна со постојната“, велат од ААМ.

Во тој случај, доколку Андрески одлучи делумно или целосно да го пренамени објектот на сегашниот Универзитет во хотел, тој ќе има обврска да изготви и нов проект за него, имајќи предвид дека станува збор за специфична намена која има конкретно пропишани стандарди за паркинг-места, пристап до објектот...

Инаку, објектот, кој всушност е дел од некогашниот комплекс на НИП „Нова Македонија“ не е заштитен објект како споменик на култура, иако е стар неколку децении и имаше впечатлива фасада и значење за ликот на центарот на Скопје.


Статијата е прочитана 6149 пати.

Испрати коментар



Тодоровиќ чисти снег со чаша во рака
Изгор цени за снежни лопати



Bogomil, 14.02.2012 04:35:44
Објектот велите немал некое посебно значење, освен неговата фасада. Мало значење ли е фактот дека половина век во него се изготвуваше и печатеќе весниците ,,Нова Македонија,, Бирлик, Флака е влазерими, Вечер, сите изданија на Дтеска радост Наш Свет, Другарче, Росица, Томурџук, Фатоси и уште десетици фабрички весници, како и тиражите на илјадници издавачки проекти од сите уметнички и научни дејности. А да не спомнувам дека таа зграда беше новинарски универзитет, што за ситни пари и крупни грешки на политиката, се претопи во приватен. Се урна и печатницата Гоце Делчев, каде што исто така беше печатена по војната Нова Македонија... Остана уште споменикот во Горни Врановци, каде е отпечатен нејзиниот прв број во 1944. Некој ќе посака да го купи и него и да го преадаптира во летниковец. Немаме култ кон вистинските вредности, додека други фабрикуваме...Така е кога разни (БЕЗ)БОЈОВЦИ НЕ КУПУВААТ И ПРОДАВААТ.
попај, 14.02.2012 08:53:47
тешко на тие студенти кои студираат кај бојо. се изнададоа пари а бојо си тера по свое.има ли крај самоволието на некои луѓе во оваа држава и има ли закони кои треба да се почитуваат. дали сме правна или приватна држава.
Supermen, 14.02.2012 10:40:48
A jas baram gradonacalnikot da go razvie mojot biznis :))
vace, 14.02.2012 21:07:27
Ke treba da mu dadat dole podrum da iskopa za da moze univerzitetot da mu raboti dole, a gore da bide moderen hotel (kupleraj) za visokata klasa. A i zaboraviv gore na krov da mu dadat zeleno pazrce da otvori zasto da ne i trgovijata ke mu odi , piperki patlidzani toa se bara.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

   


Site Meter


Време
Скопје, 15°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)
Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински ��есник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“
Ореше - мијачко гнездо во срцето на Македонија
Селото брои 300 жители, кои живеат тешко оти нема можност за земјоделство, а и тоа малку млеко што го произведуваат нема...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |