Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Македонија
09.02.2012, 16:59

Втора снежна акција на армиските хеликоптери

Центарот за кризи ги снабдуваше отсечените села во Липково, Ранково, Крива Паланка и Новаци

Продолжува воздушната акција за обезбедување основни средства за жителите во селата завеани од снежните наноси. Армиските ��еликоптери вчера вршеа дотур на продукти за отсечените села од општините Липково, Ранковце, Крива Паланка и Новаци. Со потребната храна, сточна храна, лекови и хигиенски средства беа снабдени жители од 16 македонски села.

Од Центарот за управување со кризи најавија дека доколку дозволат временските услови, во соработка со АРМ и Координативното тело за справување со снежните состојби, по воздушен пат ќе ги снабдуваат и општините Чучер-Сандево, Сопиште, Студеничани и Зелениково. Во населените места од овие општини снегот се издигна и до 2 метри.

Во Гостиварско, пак, ЦУК и локалниот Црвен крст доставуваа пакети за селата од општината Врапчиште, но и за Маврово-Ростуше. Во овие предели повеќе од една недела се отсечени околу шеесетина жители, меѓу кои и петнаесетина деца. Доставените пакети содржат брашно, зејтин, шеќер, конзервирана храна и суви тестенини.

Поради снегот повторно беше беше воведена забрана за тешки товарни возила на патните правци Дебар - Струга, крак Маврово - Дебар, Тетово -Попова Шапка и планинскиот превој Стража. На дел од премините забраната важеше и за меѓуградските автобуси.

Инаку, Управата за хидрометеоролошки работи за наредните денови предвидува облачно време и нови врнежи од снег. Температурите ќе варираат од минус 14 до 2 Целзиусови степени. (Б.Ш.)


Статијата е прочитана 209 пати.

Испрати коментар



Минималецот тргна, кој го применува уште не се знае
На продажба се само АБ телевизија и „Вечер“
Новата здравствена мрежа тешко пробивна
И уште нешто
Недела на виното во Неготино
Гостиварскиот снег во Вардар
Нема да има железарница во Неготино ако е опасна за луѓето

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Време
Скопје, -8°C

Магла

Вторник
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -11°C

Среда
Слаби снежни врнежи
Макс: 0°C, Мин: -8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |