13.02.2012, 18:07 Трета интерпелација за Јанкулоска
Во жестоката дебата, опозицијата бараше оставка од министерката за внатрешни работи. Гордана Јанкулоска се „товари“ за прикривање на убиството на Нешковски, за злоупотреба на МВР во случајот со Љубе Бошкоски, за политичка пресметка со пратеникот Фијат Цаноски...
Светлана Унковска
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, вчера, трет пат откако е на оваа функција, се соочи со интерпелација, што на Нова година и' ја поднесе пратеничката група на НСДП, а зад која застана цела опозиција. Во жестоката дебата опозицијата бараше одговорност од Јанкулоска поради, како што наведоа, многубројни пропусти во работењето на министерството. Прикривање на убиството на Мартин Нешковски, злоупотреба на МВР во случајот „Кампања“, во кој беше уапсен Љубе Бошковски, попречување на собраниската комисија да врши надзор и контрола на прислушувањето од страна на МВР, злоупотреба на министерската функција за време на последните парламентарни избори, потоа политичка пресметка со пратеникот Фијат Цаноски и уривање на „Космос“, се само некои од аргументите поради кои опозицијата бара одговорност од Јанкулоска. Таа вчера во својата одбрана ги отфрли обвинувањата, нарекувајќи ги несериозни, неаргументирани и полни со невистини кои потекнувале од кујната на Бранко Црвенковски.
Претходно, пред зградата на Собранието беше собрана група граѓани кои бараа Јанкуловска да си поднесе оставка. Меѓу насобраните пред законодавниот дом беа и членовите на семејството на убиениот Мартин Нешковски, кои бараа да присуствува на самата седница, но тоа не им беше дозволено. Групата трпеливо ја чекаше министерката, со свирчиња и транспаренти, но таа во зградата на парламентот пристигна од задниот влез.
ВМРО-НП вчера изрази поддршка за интерпелацијата, повикувајќи ја Јанкулоска „да си даде оставка доколку има грам совест“. Демократијата во Македонија тоне од 2006 година, а министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска е меѓу главните виновници за тоа, смета Народна.
Според Деловникот, расправата по интерпелацијата треба да заврши за еден работен ден, а гласањето за довербата мора да се изврши до полноќ истиот ден.
Напад: Петковски
МВР е држава во држава
„МВР, под раководство на Јанкулоска, стана симбол за политичка пресметка со неистомисленици, за владеење со страв и насилство, како и дувло на корупција. Интерпелацијата за министерката е заслужена по сите основи, бидејќи МВР покажа дека е држава во држава“, истакна предлагачот на интерпелацијата, претседателот на НСДП Тито Петковски. Тој посочи дека главниот мотив да побара одговорност од Јанкулоска бил нејзиниот игнорантски однос кон пратениците и Комисијата за надзор над мерките за следење на комуникациите и неможност�� Собранието да изврши увид во случајот „Кампања“ и политичкото апсење Љубе Бошковски, како и прикривањето на убиството на младиот Нешковски. Тој предупреди и на, како што рече, појава на организирани криминални групи во структурите на полицијата. Според Петковски, министерката за внатрешни работи селективно ја спроведува правдата бидејќи немала ист однос кон нејзината партија ВМРО-ДПМНЕ, која немала доказ за потеклото и покритие за потрошени над три милиони евра за време на изборната кампања. „За Љубе Бошковски седум години затвор, а за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков доказ“, посочи Петковски.
На крајот од своето обраќање, тој, цитирајќи ја министерката Јанкулоска, која во интервју за агенцијата МИА рече дека нејзината интерпелација ќе биде крај на неговата кариера, запраша како мисли да го оствари тоа.
„Дали ќе го послушате советот на Миленко Неделковски да ме ликвидирате или, пак, мислите да ми го одземете мандатот“, праша Петковски.
Одбрана: Јанкулоска
Тоа е кујната на Црвенковски
Во одговорот на интерпелацијата, министерката Гордана Јанкулоска рече дека обвинувањата кон неа се несериозни, неаргументирани и со многу невистини, кое потекнувале од кујната на Бранко Црвенковски.
„Вистинските мотиви за интерпелацијата се разликите меѓу сегашното МВР и МВР во времето на Црвенковски. Преголем товар е тоа што им се случи на двајца претседатели во ваше време, настани кои не само што не беа спречени и истражени, туку никој и не понесе одговорност за нив. Преголем е товарот за исчезнатиот кокаин, за шверцот на цигари и нафта, помилување на партиски функционери“, возврати Јанкулоска. Таа рече дека под нејзино раководство министерството значително го подигнало угледот како институција, дека прислушување не постоело, ниту пак некакви забрани за надзор од страна на Собранието. Министерката порача дека со сите сили ќе продолжи да се бори против примената на селективната правда и дека МВР и натаму ќе ги почитува Уставот и законите.
„Случајот со Мартин Нешковски е врв на цинизмот на СДСМ и на нивната подготвеност, во очајот во кој се западнати, за сопствена промоција да користат лични трагедии“, рече Јанкуловска. Таа додаде дека за овој случај постои и разрешница во која сторителот на убиството на младото момче е осуден.
|
|
Статијата е прочитана 2513 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 14.02.2012 00:06:25 | Spored cenetata ministerka toj sto prasuva zosto vlasta gi stiti soucesnicite vo ubistvoto na Martin koristat tuga tragedija. Ako opozicijata ne saka da koristi tuga tragedija treba zaedno so vlasta da go zataska zlocinot. Branko e kriv! |
| Od mene!, 14.02.2012 00:16:55 | Bravo za SDSM!Ne gi sakam ama sea sum so niv!Smesta ovaa da si ode od MVR! |
| sando od ljubljana, 14.02.2012 00:28:19 | gos Petkovski sramota toa što go pravite tvojata politična kariera e kako pašteta so pominat rok što ni mačka ne saka da ja jade za vo isti kotel ste so
branko frčko i bučko narodot ne vi veruva FALA |
| jimmy1, 14.02.2012 03:46:57 | Gospogo ministerke, nee kijnata na Crvenkoski, toa e kijnata tvoja, sto si skuvala toa ke srkas. Ti si nallosiot minister na policijata sto sme imale dosega, mnogu skrivanja, osveti i zloupotreba na tvojata dolznost. Ako imase barem malu sovest ti kako ministerka ke podnesese ostavka uste koga pokusa da go sokries ubistvoto na Martin, a za drugi greski i da ne zboruvame, gi ima mnogu, more gi ima premnogu. Znaes li deka od sekoe drvo ne se pravi svirce, pa taka i od sekoja covek ne biduva minester. Vasite ministerski mesta gi zavzedovte poradi poslusnosta na Grujo a ne po sposobnost, nitu eden nee sposeben za ministrskoto mesto sto go zavzema. Prava mizerija. Ajde Zrak gugni nesto! |
| od ostrijot, 14.02.2012 07:01:08 | nemojte site po ministerkata ona nitu moze nitu smeje a nitu znaje da odlucuva sama drug gi vlece koncite vo ovo ministerstvo. |
| Kiro, 14.02.2012 07:55:18 | Neja otpusta sefot ami kako. Taa mu sluzi za gard, a za zal taa samata neznae zosto sluzi. Sramno. |
| Do Sando od Ljubljana, 14.02.2012 08:36:53 | Sando, aj sedisi tamu kaj sto si, oti ocigledno nisto ne razbiras sto se slucuva vamu.Molimte ne se presegnuvaj od Slovenija, kratok si... |
| zrak, 14.02.2012 08:45:54 | ne deka sds ona sto ga kazuva ne e tocno,no ova ministerka e najdobra do sega a ministrite za mvr sto gi imase sds,django,frcko ne i se ni do kolena.Naseto krim opsestvo sto go postavi bc tesko deka ke se iskoreni,a toa se vide od sednicata;se poarogantnata sekerinska za site ubistva i kriminal vo nivnoto vladenie gi proglasuva za stari dela,a istoto toa nekogas ke go veli i dpmne. |
| Трпе, 14.02.2012 09:07:00 | Па како да си ја менуваме најспособната,најстручната и најпослушната министерка.Ние сме народ научени да трпиме.Турците можевме да ги истрпиме 5 века а ова фина госпога неможеме да ја истрпиме па што се 6 години на ова одговорно министерско место.Зарем не гледаме дека безбедноста ни е на високо ниво.Сигурно убаво и среќно може да си живееме само да не постои кодошлукот и заплашувањето од некои фактори.Биди со нив и влакно нема да ти фали. |
| igor, 14.02.2012 09:34:07 | treba da ja zatvorat a ne da ja razresat! |
| od doma, 14.02.2012 10:37:34 | Vistina sme gi trpele Turcite 5 veka, ama toa ne znaci deka greskite sto se pravele nekogas, da gi povtoruvame deneska.Taka e i so zamerkite za Sekerinska. Ako vo toa vreme imalo nepravednosti,dali trebe sega da se povtoruvaat i da se zgolemuvaat?! Pa za toa li glasaa( prisilno) lugjeto za VMRO? Poznato e od stari prikazni deka sinot na Turcinot koj go izbrkal tatka si od doma, postanal General, pa na tatkoto veke prosjak,mu frlil nekoja para i mu rekol; vidis li tatko, stanav general, na sto tatkoto mu dgovoril; Da sinko stana general ama NE STANA COVEK! I nasava mlada nesposobna ministerka, ako imase malku samopocit vo sebe, nemase da zastane pred pratenicite i narodot, da kritikuva i da se inaeti, bez oko da i trepne. Ama, bash sosema ednakvo so onaa teatarska prestava GOSPOGJA MINISTEKA. Macno e koga gleda celiot nas narod LICE TENEKIJA koe trebe da ne zastituva. jazk! |
| megjuvreme, 14.02.2012 10:43:54 | Vo megjuvreme uapsen e Mile Hadziski, koj pred 20 godini ubi mlada zena. Poradi nego imase bunt vo zatvorot Idrizovo.Napagjacite na Jankulovska i ozalostenite za Martina, togas samo tri meseci go drzea vo zatvor i go pustija da izbega. |
| Gargamel, 14.02.2012 10:55:13 | Споредбите на поранешните министри со сегашнава не можат да се прават од проста причина дека ова е друго време,друг степен на криминал во земјава и институциите,во политичките партии.Но народот сето ова ке го “плати“.Не е оправдување за сегашното постапување постапувањето на поранешните министри.Ја гледав и дебатата и Саздов и сличните како него,читачи на репликите од добиеното по e-mail забораваат дека ги трошат моите пари како даночен обврзник и тоа без срам и перде,а без никаков резултат.Вака народе не одиме никаде.Вака се враќаме назад,многу наназад. |
| seirdzija, 14.02.2012 11:01:16 | Jas nemam zamerka za Jankulovska oti nejzin licen izbor e da bide marionetka na Mijalkov(toj e vistinskiot minister u senka) i na Gruevski.Od ona sto slusnav vcera,taa zboruvase za nekoe minato vreme,a nikako za podatocite od nejzino(Mijalkovo)rabotenje.Koga vece iznesuva obvinuvanje,a vodi ministerstvo zosto po zluzbena dolznost ne podnese krivicni prijavi protiv licata koi gi posocuva???Sando toa sto si napisal od Ljubljana nikako ne moze da ti go sokrie opinokot,a spored pisuvanjeto ne veruvam deka si platen povece od 200,300 denari,oti e idiotski da se napise za covek koj e 30 godini u politika deka pravel kariera....i treba da ti e jasna razlikata pomedju platenici i patrioti.... |
| ludo opstestvo, 14.02.2012 11:44:28 | More poarogantno i poantipaticno sustestvo od Gordana ne sme videle nitu pak ke vidime, tolku samouvereno se postavuva, mislejki deka ke vladee vecno, a neznam dali vo ovie momenti na uzivanje i teknuva od vreme navreme deka nisto ne e vecno. Togas nema bas da i bide od korist nejzinata arogantnost. Kako ne i e sram na izvadeni spisoci so ime i prezime na vraboteni vo MVR nekompetentni licnosti, nasproti 400 diplomirani kriminalisti koi sedat doma, da ne odgovori nisto. A po vesnici iskaca i kazuva kako nema takvi vrabotuvanja vo MVR. Pa da bila nekakov covek ke si daela ostavka do sega pet pati. |
| usa-do portokalovite, 14.02.2012 13:00:35 | ovde sum dve gd. dojdov kako student,i ima dve raboti sto me pravat gord i sreken,,1.sto sum makedonec,,2.sto uspeav da dojdam vo usa,,nikogas ne sum slusnal posto demokratite se na vlast i za sekoja nivna greska da se pravdaat i da kazuvaat deka republikanite se krivi ili tie taka pravea.nego sekoj si odgovara za svojata greska,pa taka gospogice ministerka ne se pravdaj so drugi i ne kazuvaj koj sto pravel i kako pred tebe ,gledaj ti sto pravis(stram za makedonija)i ako znaes deka nekoj pred tebe nesto pravel i napravil protiv zakon ete ti sansa da se opravdas pred narodot koj kako taka glasase za tebe,izvadigi site pred sud i kaznigi,no mislam za toa prvo treba da pocnes od vasata kujna zatoa sto tie sto go pravea toa sega se vo vasite prvi redovi..zingo,stojmenov.amdi.latas,vie i tvojte predstaveni i da ne nabrojuvam nema da ima mesto.... |
| Точно навреме, 14.02.2012 13:01:50 | Хаџиски го уапси швајцарската полиција! Благодарам на информацијата дека Јанкуловска во слободно време е на чело на швајцарското МВР! |
| Трубадур, 14.02.2012 14:21:37 | Само напред Јанкуловска! Како ја работите работата човек да се запраша- кој е луд, а кој збунет. Удрете по народот со целиот арсенал што го имате на располагање. И задолжувајте го се повеќе и повеќе.А тој еден ден ќе ви врати и тоа со камата. Коце нека побрза да го изгради тоа милениумско тркало за да можеш да видиш како е понекогаш горе ама за среќа тоа се врти па ќе видиш како е по удолнината. односно ДОЛЕ. |
| девичанецот, 14.02.2012 15:35:35 | Изгледа Тито Петковски си нема друга работа.
Зарем не есвесен дека ниедна интерпелација не му поминува, а тој упорно...како некој босанец штоби се рекло. |
| deko, 14.02.2012 17:25:12 | Dobro, kazete mi koj minister za vnatresni ima poveke rezultati od Gordana pa da ja smenime,da ne e Dzango,Frckovski, itn.Predhodnite ministri site zaedno nemaat sraboteno kolku Gordana sama. No ako problemot e vo toa sto sega kriminalcite nemaat prostor za deluvanje,i denes MVR ne dozvoluva kriminalot da cuti toa e veke drugo.Kako moze sdsm da zastane na strana i odbrana na site kriminalci pr.Dime-mlekarot,Velija-bosot,Boskovski itn.dali toa znaci deka sdsm e dlaboko vlezena vo kriminal pa sega mora site da gi stiti,verojatno im dolzi na mnogu kriminalci usluga. |
| aco braniteli, 14.02.2012 18:09:58 | Треба да биде сменета и поради следново:: Одредена група на семејства на погинати и ранети Бранители од конфликтот во 2001 година.. единаеста година бараат правда бидејќи се чувствуваат дискриминирани во поглед на останатите веќе обештетени ...
Поради бавност во судските постапки определени семејства на погинатите и ранетите бранители останаа необештетени односно ги изгубија пред редовните судови постапките поради постоењето на Одлуките на Врховниот суд, како и оние кои завршија по донесувањето на Одлуката на Владата на РМ, ПОЕДИНЕЧНО ПИСМЕНО СЕ ОБРАТИЈА ДО МВР И ДО ВЛАДАТА, а ОРГАНИЗИРАНО ПРЕКУ ПОВЕЌЕ ЗДРУЖЕНИЈА НА БРАНИТЕЛИТЕ се обратија до МВР и Владата со БАРАЊЕ ОДЛУКАТА ДА СЕ ПРОШИРИ И ДА ВАЖИ И ЗА НИВ....
Поради МОЛКОТ на МВР и Владата на РМ. поднесени се повеќе преставки до повеќе надлежни институции, како и еден протест пред МВР ( 7 Мај 2011 год.), каде е искажан револтот за ваквиот дискриминаторски однос кон необештетените....
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 15°C
Делумно облачно
|
Вторник
Ведро
Макс: 32°C, Мин: 14°C
|
Среда
Делумно облачно
Макс: 31°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (8)Смоле кришум пие од вискито на Тито. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|