Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
16.01.2012, 17:29

Поглед

Казни и само казни

Јасмина Јовановска

По кратка пауза, министерот за здравство Никола Тодоров повторно тргна во поход да лови непослушни лекари. Но, малку скршна од зацртаната маршрута. Иако беше на ред за посета Клиничката болница во Тетово, тој сепак скокна до поликлиниката „Бит-пазар“. Ненадејно отиде во специјалистичките ординации да види како функционира новото упатување. Случајно или не, тоа го стори пред да заврши првата смена.

Сепак, министерот наместо да ги реши главните препреки за новите упати, тој прошетката ја заврши повторно со казни за неодговорни лекари.

Две недели реагираат и пациентите и лекарите, бидејќи тешко им оди новиот начин за упатување. Но, министерот не се мрдна од фотелјата. Вели дека таквиот вид контрола е работа на Фондот за здравство, а Министерството за здравство само треба да сумира дали се намалени турканиците на клиниките. Меѓутоа, практиката покажа дека сите матични лекари и специјалисти не ја научиле лекцијата за новите упати, па пациентите страдаат. А министерот наместо да се зафати со проблемите со новото упатување, праќањето болни на погрешни места, невработувањето нови нови лекари како мерка да се намалат турканиците - тој ги казни лекарите зашто си заминале порано од работа.

Тодоров се меша во работата што е обврска на менаџерите. Нивна задача е работната дисциплина на лекарите и преостанатиот персонал во здравствените установи.

Јавноста овие посети на Тодоров на амбулантите и болниците веќе ги смета за парада без позначителни ефекти. Министерот ги казни лекарите, а пациентите и натаму останаа да се туркаат пред специјалистичките ординации и да се шетаат непотребно за добивање упати. Очигледно, има нешто погрешно во стратегијата на министерот за подобрување на состојбата во здравството. Време е да ја смени.


Статијата е прочитана 1491 пати.

Испрати коментар



Дали правдата за Мартин е докраЈ задоволена?
Си оди ли Јоргос?
При очи, ама не гледаат



Hari, 17.01.2012 00:22:15
Edno dopolnuvanje. Ministerot Todorov i Kralev kako mladi deca vo Vladata dobile zadaca od martin i Nikola sekojdnevno da se glupiraat po televiziite i da go lulaat vozot. Ako navistina ima namera da ja vrsi svojata rabota togas treba da odi vo Ohrid i da go resi zdravstveniot problem, da dobijat ohrigjani Bolnica. No za zal kaj golem del od nepismenoto naselenie ova glupiranje na ovie deca ima efekt.Gol polulizam.
трајко, 17.01.2012 07:29:29
Ако веќе се зафаќаат со контролата на работата на вработените во здравството,нека мрдне малку министерот за правда ,па ќе види дека во судовите повеќе од 60% од вработените не го почитуваат работното време.
od ostrijot, 17.01.2012 08:34:09
a sto dapravi jadnijot zadrugo i nego biva .
Bogomil, 17.01.2012 08:38:13
Меѓу народот кружи флоскулат: ,,Не ме плаши министерот за култура, туку културата на министерор,,. А би можело да се каже и ,, Не ме плаши министерот за здравје, туку менталното здравје на министерот за здравје,,. Првиот, не гледа дека место универзитети, имаме погони за штанцање дипломи. Приватни училишта, во кои основно мерило за квалитетот на стекнатите знаења на воспитаникот се двете илјади евра во џебот на сопственикот на таа таканаречи образовна установа, во коа главни предмети се џвакање гума и пушење. Вториот министер наместо да се зафати со суштинските реформи за современо здравство, кое ќе ги лекува и оние со низок стандард, кои немаат дебело портмоне за услугите на белите мантили од Систина и на неа сличните здравствени установи за одбрано друштво, секое утро врши смотра на хигиеничарките, дали им се исправни метлите и исечени ноктите. Фрлање магла во очите на граѓанинот - демек власта е животно заинтересирана за неговото здравје.
B. Betinski, 17.01.2012 09:25:41
Maticnite lekari se pod stravoten ispekciski pritisok za se i sesto. Pacientite se na dobar pat da umrat trcajki po zavrki na upati. Za toa vreme ministerot ne se simnuva od TV-ekranite kako nekoj vid zdravstven Eliot Nes koj uziva vo svojata seprisutnost (toj e nasekade istovremeno kako Gospod). Taka se sozdava refleks kaj lugjeto deka nisto ne moze da se stori vo zivotot bez amin na vlasta koja ve demne duri i od resetkite za tus vo vaseto kupatilo. Na toj nacin taa se obezbeduva od virusi koi ja razjaduvaat, a pak toa go pravi sekoja diktatura otkoga postoi vekot i svetot.
kole, 17.01.2012 12:21:04
Mora da vladeat brutalno i surovo!!!! Edinstven nacin da opstanat na vlast...........
Istocna Makedonija, 17.01.2012 14:27:53
Se ima svoj pocetok i neminoven kraj...!!!!!!!
makedonski rob, 17.01.2012 14:28:53
kako toa da se kaznuvaat menadzerite. pa tie se zaedno so ekonomskite direktori(citaj: ulicari od vmro ) se odgovorni samo za provizijata od tenderite. eden zema za svojot dzeb, a drugiot za najpatriotskata partija. i edniot i drugiot imaat tri pati pogolema plata od najdobriot doktor na klinikata, a nisto ne rabotat. gu pustija ovoj MAHALULU da odi i da tepa lebarki i pacofi i da ja zabavlja rajata. a taa pustata srecna do nemaj kade. a vo isto vreme vo privatnite kliniki gi bicat na kilo. nego ja vide li nekoj mirka-svirka da kaze za reformite vo zdravstvoto. pa edno vreme drobese za vlado Dimov. pa vlado dimov za ovoj sulupulu e minister i pol.
Vinci, 17.01.2012 15:33:23
I ova ministerce za zdravstvo, kako i prethodniot,a i prethodnite, namesto vo konkretniov slucaj da ja rascisti rasomonijadata so noviot nacin na upatuvanje na pacienti (iako i toa e veke videna i primeneta rabota prethodno), toj izigruva djandar i demek gi disciplinira medicinarite, a i higienicarkite,a sustinata sto pacientite ke lutaat vo zdravstveniot lavirint koj zivot im znaci, nikomu nisto, pak starata prikazna, odnosno sto bi rekol Grujo ke minuvaat niz golgota da gi ostvarat svoite prava, a zosto od neukost, nesposobnost, haoticnost, birokratiziranost na instituciite MZ i FZO, koi ocigledno ne moze da sprovedat nitu bilo kakva administrativna procedura, a kamoli da gi resavaat najserioznite problemi vo ruiniranoto zdravstvo!!!!!!??????

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -1°C

Ведро

Четврток
Ведро
Макс: 1°C, Мин: -6°C

Петок
Претежно облачно
Макс: 4°C, Мин: 1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |