Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
04.07.2012, 17:58

Во Охрид ќе се снимаат боливудски филмови

Сопругата и синот на милијардерот Субрата Рој до понеделник ќе бараат локации за инвестиции во туристички и забавни комплекси

Сања Наумовска

Инвестиции во туристички и забавни комплекси, но барање локации за изградба на филмски град на локации во Охридско е повод за посета на Македонија на речиси педесетчлената индиска делегација на чело со Свапна Рој, сопруга на индискиот милијардер Субрата Рој, сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“. Индијците од вчера се во Охрид, каде што ќе престојуваат до понеделник. Дотаму патувале со хеликоптер, а од воздух ја разгледале речиси цела западна Македонија.

Во делегацијата, покрај сопругата на Рој, која е и потпретседател на семејната компанија, е и познат филмски продуцент од Боливуд, кој треба да разгледува локации за филмски град во кој би се работело на филмови кои ги финансира компанијата на милијардерот Рој. Дел од делегацијата деновиве ќе се врати во Скопје, на средби во Министерството за економија. Индијците, како што најавија и при првата посета на Субрата Рој, се заинтересирани и за инвестиции во експлоатацијата на минерални суровини. Сепак, акцентот на посетата ќе биде ставен на Охрид и на Преспа, каде што ќе се посетат повеќе локации. Домаќин на индиската делегација е директорот на Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони, Виктор Мизо. Тој вели дека овој пат во посета на Македонија, покрај Свапна Рој, која е на врвот на компанијата, доаѓаат и многу поголем број менаџери кои работат во различни сектори во многуте бизниси на индискиот милијардер и кои ќе треба да ги испитаат сите можности за инвестиции.

„Поголем дел од делегацијата до Охрид сакаше да патува со хеликоптер за да можат да разгледуваат. Поминавме преку Матка, Козјак, Галичник, Лазарополе и Дебар, а ги надлетавме и Охридско Езеро, Галичица и Преспа“, вели Мизо. Со делегацијата е и промоторот на Македонија во Индија, Тони Атанасовски, но и неколку луѓе од Агенцијата за странски инвестиции, слободните зони, како и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Јордан Трајков. Викендов во Охрид ќе им се приклучат и неколку министри, а постои можност индијците да се сретнат и со градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.

Индискиот мултимилијардер Субрата Рој е основач и сопственик на компанијата „Сахара Индија Паривар“, која вработува еден милион луѓе. Неговата сопруга Свапна има диплома од Универзитетот Османија во Хајдерабад и заедно со сопругот со години стои на чело на компанијата. Таа работи на развој на човечките ресурси и благосостојбата, а има искуство и во работата со недвижен имот.

Двете внучиња на Рој ќе се капат во Охридско Езеро

Во делегацијата која допатува во Македонија се и еден од двајцата синови на Рој, заедно со сопругата и двете деца. Тие по вчерашниот ручек во Свети Наум, изразиле желба да се искапат во езерото. Се распрашувале за плажите и дали е топла водата. Вчера попладнето семејството на индискиот милијардер заминало и на прошетка со брод по Охридско Езеро, а вечерта ја поминале во еден охридски ресторан. Целата делегација ќе биде сместена во хотелот „Инекс Горица“. Ќе им бидат подготвени повеќе специјалитети од македонската кујна, ќе пробаат и риба, јагнешко, а ќе бидат исполнети и кулинарските желби и на членовите од делегацијата кои се вегетаријанци.


Статијата е прочитана 1695 пати.

Испрати коментар



Полемика - Груевски ќе го победи некој подобар од него, не Црвенковски. Носталгијата ќе ги врати Бранко и Љупчо
Грција и Бугарија ќе го туркаат Западен Балкан во ЕУ
Каде ќе бидат жешките точки на локалните избори
Загриженост за состојбата со медиумите
Нарушени правата на новинарите
Америка е горда на пријателството со Македонија
Гас што ја заспа Македонија



Mirko, 05.07.2012 08:26:21
Se mi se cini kako Ciletovi pari od Tajvan. Smeki.
Vesna, 05.07.2012 14:17:37
Daj boze da gresam, ama ovie kako trgnale za edno dve nedeli da ja cekame majka mu i tatko mu da dojdat i da ja vidat Makedonija. Kako doagaat na den dva ostanuvaat cela nedela, taman ednonedelen odmor besplaten. Poubavo zdravje

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Ведро

Вторник
Ведро
Макс: 41°C, Мин: 19°C

Среда
Ведро
Макс: 38°C, Мин: 18°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Исинбаева остана без златен медал
Фаворитката за златниот медал во скок со стап во женска конкуренција Русинката Елена Исинбаева неуспеа да го одбрани прв...
Преглед на освојувачи на медали – Лондон 2012 – 10.ден
По десеттиот натпреварувачки ден 70. држави имаат освоено медали...
(ФОТО) Болт е најбрзиот човек на планетата
Јамајканецот повторно со злато и олимписки рекорд на 100 метри...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |