Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Писма Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Онлајн вести
На прво место
28.06.2011, 17:37

Топ 9 македонски милионери

Овие луѓе или се директори на најголеми фирми или поседуваат најголем број акции

Соња Маџовска
Маја Томиќ

Кој се вбројува меѓу најголемите македонски милионери? Колку тежат и каде ги чуваат парите? Најбогатите најчесто одбиваат да зборуваат за своите милиони. Сопствениците во компаниите не сакаат јавно да коментираат за своите милионски заработувачки, за разлика од светските богаташи, кои се тркаат да излезат што погоре на ранг-листите на „Форбс“.

Листата што ја направи „Утрински весник“ вбројува само девет македонски милионери, за кои можевме да најдеме податоци. Најбогатите бизнисмени можеби не се на неа, како што се Ристо Гуштеров, Зоран Зелениковски, Трифун Костовски, бидејќи за нив тешко може да се соберат податоци со оглед на тоа што дел од капиталот им е надвор од земјава.



Минчо Јорданов

Најбогат човек во Македонија моментално е Минчо Јорданов, убедени се познавачите на состојбите на нашиот пазар на капитал. Според официјалните податоци, познато е дека неговата самостојна бизнис-кариера започнала во 1992 година кога бил ангажиран во фирмата „Дуферко“ С.А. од Лугано, компанија од челичниот сектор. Од 1994 година, Јорданов е член на Бордот на директор и одговорен за земјите на поранешниот Советски Сојуз, а од 1997 година е претседател на Управниот одбор на „Макстил“ АД Скопје и член на Бордот на „Дуферко“.

Тој поседува и дел од капиталот на градежната компанија „Бетон“, во која „Репро уан лимитед“ има 23,22 отсто од акциите. Според Централниот депозитар, Јорданов преку своето капитално учество во „Макстил“, „Репро уан лимитед“ или лично е сопственик и на дел од капиталот од други фирми. Јорданов е сопственик на 21,3 од акциите и во РЖ „Интер трансшпед“, „Макстил“, пак, поседува 21,37 отсто од акциите на РЖ „Економика“, додека „Репро уан лимитед“ поседува 80,96 во РЖ КПОР. Неговото семејство се јавува и како сопственик на клиниката „Ремедика“ и на дневниот весник „Нова Македонија“. Јорданов неодамна ја отвори и винарниицата „Стоби“ во која инвестираше 20 милиони евра.


Штерјо Наков

Втор на листата е бизнисменот Штерјо Наков. Тој и неговото семејство поседуваат шпедитерска компанија, брокерска куќа, винарска визба и повеќе хотели.

Во шпедицијата „Фершпед“ доминантни акционери се синовите, Драган Наков има 11,83 отсто од обичните акции, а неговиот брат Сашо Наков има 11,04 отсто од обичните акции на „Фершпед“.

Со вкрстување на податоците од Македонската берза и од Централниот депозитра, моменталната вредност на акциите на Накови се проценува на 3,5 милиони евра.

Ова е само дел од она што ги прави Накови едни од побогатите луѓе во Македонија. „Фершпед“ поседува и брокерска куќа - „Фершпед брокер“, како и 96,69 отсто од винарската визба „Сковин“. Компанијата е доминантен сопственик и на хотелите „Александар палас“, „Фершпед Маврово“ и на охридските „Метропол“ и „Белви“. На лично име, или преку капитално учество на „Фершпед“ и фирмите во кои компанијата е мнозински сопственик, Штерјо Наков поседува капитал уште во најмалку десетина компании. Неофицијално, Наков има капитал и во Солунското пристаниште и во дел од пристаништето во Драч.

Кочо Анѓушев

Кочо Анѓушев е еден од основачите на „Брако“ од Велес и има богато професионалното искуство во повеќе области.

Во 2003 година го основа друштвото за вработување на инвалидни лица за производство, трговија и услуги „Фероинвест“ ДОО експорт-импорт - Велес. Тоа е дел од конзорциумот што доби концесија за изградба на 21 мала хидроелектрана во Македонија. Во истата година „Фероинвест“ станува сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“. Исто така, во 2003 година Анѓушев го основа прет��тавништвото на швајцарската групација ЕФТ, а подоцна и фирмата „ЕФТ Македонија“, добива лиценца за трговија со електрична енергија. Како резултат на добиениот грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година е основана фирмата „Брако веигхпак“, чиј управител е Анѓушев. Фирмата претставува заедничко вложување меѓу „Брако“ и холандска компанија што се занимава со производство на метални делови.


Живко Мукаетов

Главниот менаџер на „Алкалоид“ е трет во списокот на најбогати Македонци. Живко Мукаетов поседува на свое лично име 6,58 отсто од вкупно издадените акции на компанијата. Кога тие ќе се помножат со вкупниот број обични акции и ќе се поделат со 100, а потоа ќе се помножат со просечната цена на една акција на Берзата, која изнесува 4.400 денари, или 71 евро, се добива сума од 6,7 милиони евра. Над 5 отсто во „Алкалоид“ поседува и лицето Биљана Јованова. Нејзините акции моментно на берзата вредат околу 5 милиони евра.



Шефки Идризи

За еден од најбогатите тетовци се смета семејството Идризи. Во 1992 година Шефки Идризи ја отвори фирмата „Ренова“ во село Џепчиште, Тетово, како трговско- услужна фирма. Бизнисот денес го водат браќата Шефки и Ќенан Идризи. „Ренова“ произведува ренофиџ-малтери. Со своите производи направи револуција на домашниот пазар, а се' поголемата побарувачка придонесе да никне и првиот производствен капацитет на готовите малтери. Во 1999 година „Ренова“ почнува да ја гради втората фабрика во „Гуреза–Косово“ со двапати поголем капацитет.

Во 2002 година фирмата го купи најголемиот рудник во регионот за бел вар „Нењ Лепенци“ во Качаник – Косово, а во 2004 година и рудникот и фабриката за производство на кварц и перлит во Битола. Во истата година „Ренова“ ја купува и најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа и на крзно, како и 10 хектари земјиште во Албанија за третата фабрика за ренофиџ. Фирмата е генерален претставник на боите на „Карбон“ од Загреб.


Сашо Давитковски

Сашо Давитковски е првиот човек на „Скопски пазар“, но, всушност, овој синџир маркети е во рацете на семејството Давитковски. Тоа поседува најголем број акции во СП. На свое име Тодорка Давитковска има 13,12 отсто од вкупниот број обични акции, а синовите Сашо и Тошо имаат по 8,68 отсто, односно 6,56 проценти, според последните податоци на ЦДХВ. Заедно Давитковски поседуваат 28,36 отсто од акциите на компанијата, вредни, според актуелната просечна цена на Берзата, речиси 2 милиона евра.

Душко Туџаров

Групацијата „Реплек“ АД Скопје содржи повеќе фирми-ќерки во својата структура: „Реплек“ - веледрогерија, „Реплек-фарм“ фабрика за лекови и хемиски производи и „Реплек“ и „Хубо интернационал“ и ресторанот „Ден и ноќ“. Според податоците од Централниот депозитар, во „Реплек“ најголем акционер е компанијата „Хенделс“ со 20,24 отсто, но веднаш потоа следуваат Славица Туџарова-Трајковска со 11,57 отсто од акциите и Иван Туџаров со 11,32 отсто. Компанијата „Реплек“ поседува 9,95 отсто од акциите. Акциите на Туџарови вредат 4 милиони евра.

Кристина Тодоровиќ

Кристина Тодоровиќ е генералниот директор на синџирот „Тинекс“ и новиот синџир дрогерии „Космо“. „Тинекс“ маркети има 40-ина во 10 града во земјава. Кристина Тодоровиќ буквално ги држи сите конци во свои раце во однос на работењето на маркетите откако нејзиниот татко Владимир Тодоровиќ стана градоначалник на Општина Центар. „Тинекс“ е 100 проценти негова сопственост. „Тинекс“ годишно има обрт од околу 80 милиони евра, а дел од него се наменува за развој и проширување на бизнисот.

Благој Механџиски

Благој Механџиски е основач на „Зегин“, која е првата приватна компанија за продажба и производство на лекови во Македонија, регистрирана во 1989 година. Тој е сопственик на „Зегин фарм“ или мрежата на преку 70 аптеки во земјава, потоа на „Зегин медика“ – поликлиника за здравствена нега, како и „Зегин шпедиција“. Се' до 2006 година компанијата опстојува со 100 отсто учество од основачот, додека во 2006 година во компанијата влегува странски капитал со 50 отсто учество на странските партнери. Странскиот партнер е „Мајлстон“ од Исланд. Од 2007 година е сопственик на винарницата „Лозар“.


Статијата е прочитана 14406 пати.


Испрати коментар



Трет мандат за Груевски, прв од Иванов



Da ne e tazno ke bese mnogu smesno!, 29.06.2011 00:45:57
Listata ne e realna. Prvo kako moze da se privatizira 953 Milijardi Dollari za samo 571 milion Dollari, a da nema milijarderi? Toa sto e grabez e druga rabota, no koi se kriteriumite za biznismenite? Kategoriite mora da gi izmesate kako karti: prvo poranesni direktori segasni biznizmeni vo ISTIOT biznis, pa novokomponirani biznismeni koi prvo se zanimavale so bela tehnika pa so nafteni derivati a na kraj so Univerziteti ...Da ne e tazno ke bese mnogu smesno!
Goce, 29.06.2011 01:10:59
Greska imate kaj prof.Koco, daleku e toj od top 10. Vi falat Sveto, Trifun, Sanardziovci, Gicev i sekako Smilenski. Sto mislevte vo zatvor e pa nema pari? A da se prasavte kako toa nikoj ne go bara vo zatvorot?
Ljubotan-Trade Name, 29.06.2011 01:19:25
Lopov do Lopov.Kriminalec do Krimonalec,Silezija do Silezija,Prevarant do Ptrevarant,Manipulant do Manipulant,Bezdusnik do Bezdusnik,Podmituvac do Podmituvac,Bezmilostiv do Bezmilostiv,Krvopija do Krvopija,Oportunist do Oportunist,Prevarant do Prevarant.Ama,i Tije ja Imaat vo race I nivnata Drzava Republika Makedonija,so Blagoslov od Vlasta na Republika Makedonija! A ,Kolku e bogat Sv. Stefan Izgrevski?
Kratovo, 29.06.2011 05:03:23
Ejjjj, kade Vi e DZINGO ? Toj so negovite milijarde komotno se naogja vo top3 vo MKD
BgMak, 29.06.2011 06:35:15
Минчо Јорданов, Штерјо Наков, Кочо Анѓушев, Живко Мукаетов, Душко Туџаров, Благој Механџиски >>>> какви убави Македонски имиња ... За жал се поретко се среќаваат на сметка на Зоран, Оливер, Ивица, Јохан, Силвестар, Љубиша, Благоја и вие кажете кажете какви уште...
Tina, 29.06.2011 06:57:03
Taa e privilegija. Da se pocituva. A bez ljuge nema da uspeat. Sepak kao takvi, duznos e da se vrnat tie profiti nazad do lugeto, od koi tie postanale. Ne e kriminal da se bide milioner, ama e kriminal da ne se upotrebuvat parite za dobro na site, od koi tie pari dojdele. Da bides milioner, ne znaci da imas golema kuka, i da si narcist po karakter. Zivot e kako edno psihicko trkalo. Ke odis vo toj zivot so idea, a kako ja koristis taa ideja i snaga za dobro, e tvoj licen podvig. Site sme vo kajce na zivotot, i plovime vo uspeh ili ne, se dodeka ke go zavrsime toj pat, na trkaloto. Jas veruvam da site vie milioneri go znajat toj pat na trkaloto na zivotot. A koga si vo kajce, da ne gi zabravis veslata.
Polin, 29.06.2011 09:12:10
Ona sto e najcudno e toa sto najmalku polovinata od citiranite bogatasi se i psihopati. Izgleda deka voi drzaviceto najjaki se psihopatite. Ludo neli.
aleksandar, 29.06.2011 09:22:03
poveketo se tranzicioni oligarsi
pogled, 29.06.2011 09:45:12
kade e Ramkovski koe obvimet za zatajuvanje danok od 9000000 a kolku li zema togas ne vi se relani brojkite
Itar Pejo, 29.06.2011 10:04:16
а кај се Мијалков, Камчев, Калеников, Самакоски, Митрев......
Prilepcanec, 29.06.2011 10:06:37
A kaj e nasiot Samakovski??? Oti nikoj ne pisi za nego i za negovite milioni???
Mirko i Slavko, 29.06.2011 10:15:19
Ste go zaboravile gazdata na Makedonija,ili za nego e zabraneto da se pisavu. Toj si ima i negov licen glaven grad. Inaku na listava osven Albanecot, drugite sve se bivsi komunisticki udbaski direktori na celo so gazdata, koj najverojatno dal zabrana da se pisuva za nego.
krexixx, 29.06.2011 10:20:48
E braca makedonci pre beja turski agi a sega imame makedonski agi a da nameso efendiji i kadiji imame stefani sto ke bide koga ne bide poveke sto da selapne kaj ke zivee obicen covek na vrv igla narode begaj sto pre a da razmnozuvanje te natalitet e toa samo na agi
Mene, 29.06.2011 10:38:58
Na listata nedostasuva samo bracen status :)
trendo, 29.06.2011 10:39:59
Uste ednas se vide deka mediumite pojma nemaat sto pisuvaat,znaci branat edni za da klevetat drugi,zosto ovoj medim ne go pisal i nivniot gazda ,barem na desetoto mesto ako ne povece
Kakva top lista ?, 29.06.2011 10:43:54
Kakva toa Top lista pravite? pa Zingo despotot Kratovski treba da e apsolutno prv na istata, a ste ispusitele i drugi iminja. ( slucajno ili namerno) Samakovski, Kalenikov,Sveto , Mijalokovi i dr.Eve go nema i Velija a samo za zatajuvanje na porez mu baraat 10 miliona evra?! Sega koj gresi tuka?
brmbrm, 29.06.2011 10:57:36
Ne razbiram, za Angusev prvpat slusam, a ispusteni se Sveto Pivara, Trifun Kometal, Dzingo Sileks, Zoran Azmanov, Zoran Zaev (i Zaev i Azmanov se po poteklo od Murtino i se multi milioneri), Cifliganec, nekolkuminata od Makpetrol...
aleksandar negotino, 29.06.2011 11:09:14
pojma nemate
маре, 29.06.2011 11:20:03
Кај е Ѕинго- силекс, силекс неметали,добра вода, ладна вода,силекс банка,телевизија....Кај е Стојменов- телевизија,консултантско биро,печатница,менувачница......Кај е Бојо Андрески,браварот од металски завод,заставникот од јна, кој се врати од Русија како богаташ со европскиот универзитет,телевизијата,печатница Н.Македонија,весникот Вечер.....Каде се Калиникови со Авто салоните,кај е газдата на Порше,Тојота,Шкода....Кај е Цветко Кузмановски ,Чифлиганец и многу други што се занимаваат со градежништво.....Каде е Угриновски и Јовица и Емил,газдите на Неуромедика,каде е Орце Камчев со Систина ????? Само во мојата населба можам да набројам повеќе од овие 9 личности.....
Jovan, 29.06.2011 11:40:09
Site tie bogaststva se ukradeni od kapitalot stvaran za vreme na bivsa Jugoslavija. Vo Mk ima samo piperkii domati, a lugeto gi biva samo za lagi, kradenje, svirki pesi i tapani. A da ne mozebi tie suludi bogatasi sakaat da vlezat vo evropa kade ima silni zakoni i kompetentni biznismeni. Ajde breeee.Fuujjjj.
hristo, 29.06.2011 12:41:49
ova e listata na milioneri (so mnogu propusti) koja dava rabota i gi hrani semejstvata vo mkd. toa e ok. no, kolku danok platile tie lani. od tuka ke se vidi realnata sila... na kompaniite
Pavel Satev, 29.06.2011 12:47:33
Ovie se milionerite vo Makedonija, a koga ke pisuvate za miljarderite na pr. Zingo, toj covek vredi kolku site ovie pogore navedeni zaedno
Трпе, 29.06.2011 13:19:53
Сигурно ја имам пропуштено топ листата на милијардери во РМ.Иако од овие некои се милијардери а зошто се наоѓат на ова топ листа не ми е јасно.Каде се наоѓа Зинго,Фамилијата,Стојменов,Љубчо,Амди и уште стотици други.
Stevche Stojanov, dipl. politikolog, 29.06.2011 13:58:19
Listata e nerealna! Kade se Fijat Canoski, Risto Gushterov, Trifun Kostovski i mnogu drugi pobogati od ovaa desetorka?
Tode, 29.06.2011 16:34:10
Drugi magnati ispusteni vo listata: 1.Risto Gusterov 2. Dzingo 3.Velija Ramkovski 4. Boris Stojmenov 5.Trifun Kostovski 6. Ljubco Georgievski 7. Branko Crvenkovski 8. Hari Kostov 9. Haralampie HadziRistevski 10. Orce Kamcev i mnoooooooooogu drugi
vane frankfurt, 29.06.2011 17:02:41
epa ima pobogat covek so zivee u frankfurt Vanco Vodenski toj e miljoner najbogat
28.06.2011, 17:54

Насловна

29.03.2010, 15:02

21.09.2010, 14:57







„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

    


Site Meter


Време
Скопје, -1°C

Магла

Среда
Сончево
Макс: 7°C, Мин: -3°C

Четврток
Ведро
Макс: 7°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Фељтон
Јованка Броз – ТИТОВА СОВЛАДЕТЕЛКА (42)
Титовата шлаканица ја открива тајната.„Утрински весник“ специјално за своите читатели во целост ги објавува сите 50 продолженија на фељтонот „Јованка Броз-Титова совладетелка“
(ФОТО) Светот ја пречека Новата 2013
Милиони луѓе се собраа за пречекот на Новата година 2013 на плоштадите ширум светот...
Времеплов на оптимистот
Кога луѓето се навистина оспособени, тие ќе почнат да ја користат дигиталната технологија за да воведат промени во свое ...
Ексклузивно - Готвам, значи постојам и сум сакана
Хрватката Ана Угарковиќ, авторка на готвачкото ТВ-шоу „Кај Ана“, е естет со префинет вкус за храна...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Писма | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Онлајн вести |