Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Втора страница На прво место Политика Македонија Економија Хроника Едиторијал Мислења Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Што прават денеска Стил
Македонија
24.09.2010, 16:04

Отворен првиот Саем на жената

„Медиа Принт Македонија“ нуди интересни наслови на едициите „Руски класици“, „Избор од Петре М. Андреевски“ и „Бисери на светската книжевност“

Козметика, модерни парчиња облека и модни додатоци, коктел-бар за освежување, женска литература, руски класици, понуди за патувања и забава, совети за управување со финансиите, практични совети за убавина, шминка, накит и дружење, имаше вчера на „Скопски саем“ во „Метрополис арената“ на првиот Саем на жената. Годинава прв пат жената доби и свој саем и тој ќе биде отворен до 26 септември од 10 до 19 часот.

Многубројните изложувачи нудат разни перформанси, предавања, информативни работилници. Во „Метрополис арена“ има и интерактивни штандови, на кои посетителите можат да научат нешто повеќе за финансиите и за кредитирањето, за здравјето и убавината на жената. А во својство на истакнување на женската убавина, таму се и многуте стилисти, фризери, изложувачи...

На Саемот е присутна и медиумската куќа „Медиа Принт Македонија“, која на посетителите за нивните домашни библиотеки им нуди интересни наслови на едициите на „Руски класици“, кои претходно се продаваа со дневните весници „Утрински весник“, „Вест“ и „Дневник“. Вљубениците во убавата книга и овој пат на Саемот на жената ќе можат да си купат книги, како што се „Избор“ од Петре М. Андреевски и „Бисери на светската книжевност“. Ќе можат да ги набават и пропуштените неделни изданија на магазинот „Теа модерна“, „Теа кујна“, „Тин шема“ и „24 часа здравје“, како и ЦД и ДВД-изданијата.

Едицијата „Руски класици“, само во текот на деновите на Саемот има саемски попуст од 20 отсто. По Саемот, „Руските класици“ ќе се продаваат по цена од 249 денари.

На „Скопски саем“ во малиот театар на готвењето се претстави и пејачката Андријана Алачки, која го промовираше својот готвач со традиционални македонски јадења. Македонските врвни коктел-мајстори се задолжени за освежување, а за добра забава има и мејковер-сцена.


Статијата е прочитана 1920 пати.

Испрати коментар



И во Австралија раскажуваат за пропаднатиот пат Битола - Ресен

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 20°C

Ведро

Среда
Ведро
Макс: 26°C, Мин: 10°C

Четврток
Сончево
Макс: 28°C, Мин: 9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Втора страница | На прво место | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Едиторијал | Мислења | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Што прават денеска | Стил |