07.04.2010, 17:10 Што прават денеска
Бодан Арсовски
музичар „Леб и сол“
Вечерва во „Колосеум“ ќе направиме концертно клупско доживување во вистински дух на „Леб и сол“ за скопската публика. Од 14 до 17 часот ќе имаме тонска проба во клубот, а од 21 часот ја очекуваме публиката за да почнеме уште едно дружење во живо со музиката на „Леб и сол“.
Катерина Илиевска
актерка
Завршија напорните проби за јубилејот на Театарот на деца и младинци, па сега денот може порелаксирано да си го организирам. Претпладнево немам проба, па може да завршам некои други обврски. Вечер, од 19 часот, ја играм „Малата сирена“ од репертоарот на театарот, па продолжувам со забава со друштвото.
Тодор Чаловски
писател
Денеска се чувствувам особено среќен и исполнет со чудно вдахновение во пресрет на вечерашниот „Литературен портрет“, во чии рамки ќе бидат претставени два избора од моето творештво: едниот - поетски, а другиот есеистичко-критички. Верувам дека и двата избора се потврда на м��ето долгогодишно учество во тековите на македонската литература. |