18.09.2009, 17:40 Нема напредок кон ЕУ без решение за името
Иванов и Брисел како расипан телефон
Од нашиот дописник Слободанка Јовановска
Брисел - Шведскиот премиер Фредерик Рајнфелд му реплицираше на македонскиот претседател Ѓорге Иванов од самитот на ЕУ, индиректно порачувајќи дека, со препорака или не, во октомври земјата може да направи чекор напред во преговорите само ако го реши проблемот со името. „Треба да има придвижување во билатералните преговори за спорот околу името за да се оди натаму во процесот со преговорите“, беше категоричен Рајнфелд, па илузија е по ова да очекуваме дека може да биде заобиколена Грција и со препораката да добиеме и датум.
Тврдите изјави на Иванов и на министерот Антонио Милошоски, во време кога се пишува оцената на ЕК, меѓу другото, и за добрососедските односи, звучат дегутантно за функционерите во Брисел, каде што не очекуваат долевање масло на огнот, туку приземјување околу спорот. Бидејќи перцепцијата е дека со конците раководи премиерот Никола Груевски, од ЕУ му порачуваат дека во овој поглед Владата не е конзистентна последните месеци и не влече потези со кои ќе ги потврди приоритетите за ЕУ, па и НАТО. Се' зависи од тоа какво место сака Груевски во историјата, на првото седиште или на споредното, велат извори од Брисел, за кои нема дилема дека евроинтеграцијата на земјата сега е во наши раце. Во ЕУ се плашат дека владејачката гарнитура во Македонија ќе се задоволи со добивањето на визниот режим и ќе крене раце од работењето на преговори, бидејќи вториот приоритет е врзан со сериозни политички отстапки.
Дефокусирањето на вниманието од евроинтеграцијата на евентуалните избори е втора причина за збунетост во ЕУ, од каде што потсетуваат дека не се исполнети барањата ни околу веќе одржаните, па ќе бидат дискутабилни и следните што се навестуваат кај нас. ЕК се' уште не гледа дека се санкционирани тие што ги предизвикаа инцидентите и другите нарушувања на изборниот процес, а не гледа ни системски одговор на вознемирувањата и притисоците на гласачите, како и логика во избирачкиот процес. Иако јавно не сакаат да коментираат, бидејќи не сакаат да се мешаат во внатрешните политички процеси, сепак, извори од ЕУ оценуваат дека таквиот потег би бил само губење непотребно време и одложување на проблемите место да се решаваат. Владата и политичката елита во земјата треба да покажат повеќе од посветеност за реформи и за консензус само последните месеци, порачуваат кратко дипломатски извори во ЕУ, според кои клучниот збор за тоа е континуитет.
Тоа дека на Македонија не и' требаат нови избори и дека таквиот потег нема да биде сфатен во ЕУ, оцени вчера и европарламентарецот Јелко Кацин, кој беше зачуден од фактот дека толку избори можат да се одржат во олку краток рок.
„Македонија во овој момент е стабилна држава и не гледам потреба од скорешни предвремени избори. Обратно, стабилна држава треба да покаже следните месеци дека го заслужува укинување на визите и во договор со соседна Грција бара решение кое ќе ги одблокира преговорите за влез во ЕУ. Разбирам дека Македонија како суверена држава може секогаш да го реши тоа самата. Но, владината коалиција сега е стабилна, ВМРО има убедливо мнозинство и мислам дека никој во Европа не би разбрал зошто се потребни предвремени избори“, оцени Кацин. Се' на се', оваа изјава го потврдува тоа што се гледа во Брисел, односно дека сериозно се зацврстува мислењето оти во однос на спорот околу името сме несериозни, па блокадата на датумот веројатно ќе треба да не' освести. (С.Ј.) |
|
Статијата е прочитана 3114 пати.
|
Испрати коментар
|
|
??, 19.09.2009 00:19:54 | Не разбирам зошто Брисел би го окривувал Груевски за било што?
Колку јас знам, тој јасно и гласно има кажано што мисли за “спорот“ (поточно-уцената на Грција) во Изборната програма.
Таке е, или не?
Ако е така, тогаш што го окривуваат него, нека ги окриват оние што го гласале (но не смеат, не би било демократски, нели?).
Што се однесува до мене, ЕУ е далеку од демократска и правна држава. (барем по прашања што мене ме тангираат)
Нека го остават Груевски на мир,
ЈАС НЕ ДОЗВОЛУВАМ ВЛЕЗ ВО ЕУ ДОКОЛКУ НЕ НЕ ПРИЗНАВААТ КАКО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА !
|
| Bern-CH, 19.09.2009 00:23:22 | Evropa ocigledno ne znae so kakvi lugje si ima rabota. Na Balkanot se povazni licnite, otkolku nacionalnite interesi, Grujo ako treba i Bonaparta ke go napravi makedonec, za da ja dobie vlasta. Balkancite isto ne racionalni kako germanskite pleminja, nie ke prezalime edna krava, za da mu umrat dve na komsijata. Vazno e da ne popustis, dali imas pravo, toa e druga rabota. |
| Ljubotan, 19.09.2009 04:03:31 | Eeeee, da e samo imeto? Jazikot [Bugarija i Albanija],Istorijata-Bugarija ,verskata sloboda- Mitropolitot Jovan Vraniskoski,Grcite samo ja otvorija Pandorinata Kutija! Makedonija ce se najde vo neizbezniot; Marfi Law! |
| bitolcanec, 19.09.2009 06:33:47 | Jas mislam deka dokolku i ovaj pat ne dobieme datum za pregovori deka toa namesto da ne osvesti ke pridizvika obraten efekt ili potocno kazano revolt megu site krugovi od opstestvoto osobeno kaj intelegencijata,posto pravime se sto e barano,a od druga strana postojano go vnesvat problemot so imeto kako pricina za nivno odlozvane!Toa poveke nema da pominva! |
| Kolo Diamantot, 19.09.2009 06:51:22 | Neni treba EU a od pregovorite nese otkazuvame. Vo NATO sekako vleguvame zosto pritiska Amerika. |
| KOLE MANGOV, 19.09.2009 07:06:00 | Grcija sprema drzavata Republika Makedonija goprimeuva vo vrska so imeto nasilstvoto shto go primenuvashe i go primenuva sprema nas Makedoncite od Egejska Makedonija.Vlasata i politicharite treba da go svatata ida i go kazat na EU,koja grcija ja instrumentalizira zaprimena na nasilstvoto. |
| Toni, 19.09.2009 08:45:41 | Samo smireno,neka pomini ovaa rabota so vizna liberizacia.Pa posle da se preispita dali sme spremni da si ko smenime imeto za clenstvo vo edna organizacia.Jas licno sum zadovolen samo so vizniot rezim. |
| Horhe Paljurski, 19.09.2009 09:05:19 | Pa na sekoj koj i malku e upaten vo rabotite , jasno mu e deka ovaa nomenklatura na apsolutisticka vlast ,samo verbalno glumi deka e za vlez vo EU i Nato, a se pravi da do toa ne dojde. Setete se deka pred samitot vo Bukurest pocna da gi prekrstuva aerodoromite i patistata iako site nasi prijateli ne sovetuvaa deka togas ne e momentoi. Eve sega neposredno pred donesuvanje na odlukata za otpocnuvanje pregovori. Horhe Paljurski i Antonio Milosevski davaat nepotrebno izjavi so cel da isprovociraat veto od Grcija.Zarem mislite deka toa e slucajno?Grujo i kompanija saka tokmu vakva banana drzava , so zabluden, zaplasen i polupismen narod vo koja zaedno so " familijata" ce si vladee kako srednovekoven pasa , ce raspisuva izbori sekoja nedela i ce se reklamirat preku mediumite kako Coca Cola.Navistina Duce , Saparmurat i Gebels mozat samo da im "nosat voda" No vinata ne e vo niv. Vinata e vo ovaj apaticen ,zabluden i zaplasen narod , vo obezglavenat i potkupena inteligencija .MANU i sl. |
| Hari, 19.09.2009 10:43:21 | Do Bitolcanecot. Dali voopsto si se zaprasal sto napravi ovaa Vlada ovie tri godini za vlez vo NATO? Ako ne ti e jas eve sto napravi: krade tugja istorija-fali da ja posirat tezata deka i Isus bil makedonec, partizirano sudstvo, partizirana prekubrojna DPMNE administracija, (pasosite gi sredi SDSM), brkanje od rabota na neistomislenici, bombardiranje od strana na Latas, Milenko i Mirka na koi i Gebels moze da im pozavidi, kriminal vo site ministerstva, nitu edna investicija, Swedmilk zad koi stoi licno Grujo, opustoseno zdravstvo koe i za vreme na Dimov bese podobro,i mnogu drugi kriminalni dejanija!! Evropa ne e slepa. |
| ФЕЛИКС, 19.09.2009 12:15:28 | Од сигурни извори се дознава да најважниот услов за ЕУ ќе биде покрај името и да се конструира мотор на вода,едино се плашам загрижените плавци ќе реагираат да не се троши пијаќа вода.Се плашам утре ако се најде решение за името ќе не тераат да го препливаме Атлантикот,кој преплива примен е во ЕУ.Уште колку бенчмаркови ќе гледаме и при тоа да ги исполнуваме,еден бог знае.Почнувам да верувам да нешто нее во ред со менталниот склоп на ЕУ членките,кој стигна го кажа мислењето,чие мислење почесто се конфротира меѓусебно,систем топло-ладно. |
| ЕУ-Монитор, 19.09.2009 14:56:03 | Сегашната влада глуми преговори и сака да ги изигра Грците со донесување на решение зад нивниот грб. Тоа ЕУ нема никогаш да го дозволи! Ако Македонија не е способна за консензус тогаш таа не заслужува да влезе во ЕУ. Европската заедница нема намера со Македонија да прими еден нов член кој подоцна со отворени проблеми со своите соседи може доведе до блокирање на заедничките одлуки. Европа функционира на основа на консензус. Тоа треба да го сфатат сите во РМ. |
| MKD_ka, 19.09.2009 16:18:09 | Па нека речат јасно и гласно *испотепајте се сите до еден, па ќе ве примиме во ЕУ и НАТО*.... мислам која е логиката на промена на име и идентитет за влез во групација на земји која веќе од старт се изјаснила дека не не смета за живи... НАРОДЕ, СВЕСТИ СЕ... И РАЗБУДИ СЕ ОД ВЕКОВНИОТ ЗИМСКИ СОН!!! |
| Vane, 19.09.2009 21:38:50 | So skrsen r'bet ... NIKADE ! Toa ednostavno nema smisla. Voopsto ne gi razbiram lugjeto sto velat deka imaat razbiranje za grchkata pozicija. Za toa kako ce gi narekuvale lugjeto od grckata provincija makedonija. Pa ce gi narekuvate makedonci od grcka makedonija. Nemojte da mi kazuvate deka TOA bil problemot. Problemot e sto grcite sakaat da ne nema. Epa gospoda, nemoze toa taka. Pa nalet neka e i Nato i Eu. Ako takvi organizacii sakkat da ne oblezlicat, togas nemame mnogu izbor, osven da odbivame se dodeka tie samite ne go promenst stavot. |
| Mene do Vas, 19.09.2009 22:54:11 | EU i pomaga vo perenjeto na krvavite race na Grcija terorizirajki Makedonci. EU znae mnogu dobro koja e vistinata ama kako noj ja butka glavata vo pesok. Pred se povazno e Makedoncite vo Grcija, Bugarija i Albanija samite da si go dignat glasot i da zboruvaat glasno i jasno za nivnata sostojba vo porobenite delovi. Barem denes e mnogu polesno da se shirat informaciite. Pa cel svet go gleda terorov i gleda koja dvolicna uloga igra EU vo svetskite zbidnuvanja. Za edni majka za drugi macea. Dvoen moral na visoko nivo. Dali e toa nesto novo? |
| Makedon, 20.09.2009 00:30:11 | Vreme e da se izleze od diskursot na EU. Vreme e da da se kaze NE na imperijalizmot na EU stvoren kako rezultat na grckiot etnocentricen fasizam! Ako EU bara kompromis togas eve im eden predlog od mene za zamena na naseto ustavno ime: "Makedonska Republika". |
| Aleksandar, 20.09.2009 03:43:10 | koj saka vo eu bujrum neka si zeme bg pasos.
a na mene, koj nemam namera da se prodadam zaradi nekoja si unija,ostavete me na raat da disham i da si baram chareto! |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 14°C
Делумно облачно
|
Недела
Облачно
Макс: 26°C, Мин: 11°C
|
Понеделник
Локални грмотевици
Макс: 26°C, Мин: 10°C
|
|
|
|
|
Фељтон Јованка Броз - Титова Совладетелка (25)Сомневање во лојалноста на Јованка. Специјално за своите читатели „Утрински весник“ и „Медија принт Македонија“ ги откупија правата на објавување извадоци од книгата „Јованка Броз - Титова совладетелка“ |
|