Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Скопје

Џафери: Рамковниот договор ја постигна целта



11.08.2011, 14.40

Охридскиот Рамковен договор ја постигна целта, го врати мирот, отрвара можност сите да учествуваат во креирањето на политичкиот и општествениот живот, а во Уставот има амандмани со кои не се дозволува да се дискриминираат етничките заедници, оцени вицепремиерот задолжен за негово спроведување Муса Џафери.

Тој по потпишувањето меморандум со амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон за поддршка за спроведување на Рамковниот договор, одговарајќи на новинарски прашања, нагласи дека 10 години по неговото потпишување состојбата е многу подобрена состојба и има предуслови за, како што рече, да се оди со подобра динамика напред.

- Задоволен сум од тоа како се отвараа перспективите од целиот политички процес кој е сложен не е едноставен и не може лесно да се мери дали беше оптимално развиен или успешен досега, додаде Џафери.

Во врска со Конференција која по повод 10-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор утре и задутре ќе се одржи во Охрид Џафери рече дека се поканети се претставници на институци и НА политичките партии, кои, според него, ќе ги претставуваат учесниците во креирањето и потпишувањето на договорот во 2001 година.

- Не би сакал да прејудицирам дали сите ќе дојдат или не, рече вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

На новинарско прашање зошто албанските претставници од власта и по десет години не одат на одбележувањата на настаните на Карпалак и Љуботен за време нан конфликотот од 2001, тој рече дека тие рани не е толку лесно да се залечат, но смета оти претставниците на политички партии и на институции сега имаат поголема храброст да се соочат со тие случувања.

- Мислам дека од двете страни има храброст да се даде почит на тие историски моменти. Во таква ситуација, сите сме свесни дека од оваа гледна точка имаме поинакво мислење, но тоа не може да се поправи. Историјата не можеме да ја поправиме, можеме да ја порпавиме само иднината и да извклечеме позитивни пораки во пресрет на 10-годишнината од потпишувањето на тој мировен договор, додаде Џафери по потпишувањето на меморандумот.

Документот предвидува британска помош за спроведување на Охридскиот Рамковен, за развивање на капацитетот на преведувачите по албански јазик, на државни службеници, собранските служби, судовите и локалната самоуправа, вработените според програмата за правична застапеност. Проектот ќе се реализира во наредните две години, со британска помош вредна 30.000 фунти.

Џафери нагласи дека реформите во јавната администрација продолжуваат да бидат приоритет на Владата.




#
Статијата е прочитана 481 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
„Космос“ го активира опозицискиот фронт
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
Има ли лидери?
Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
Нашата публика знае да почувствува искреност
Утната математика
Караѓорѓевиќ ги бараат имотите во Македонија
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Експрес-лонец
Што се чека од Груевски и од Ахмети
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
Една деценија од Љуботенски Бачила
Штрајк во шпанската Примера!
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
Стил
Струмичанец се обидел да силува германска сликарка
Онлајн вести

"""