Бар Рефаели
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Израелската супермоделка Бар Рефаели лесно го преболела раскинувањето со повеќегодишното момче Леонардо ди Каприо и изгледа подобро отсекогаш. Покрај тоа што ќе се најде на насловната страница на новото издание на британскиот магазин „Џи Кју“, преубавата Бар направила провокативен сет фотографии за новата линија костими за капење од брендот „аква бендита“.
Шарените модели одлично и' прилегаат на оваа манекенка со изразито женствени атрибути додека позира за камерите со заводлива насмевка на усните со боја на лилихип. Инаку, Бар моментално ужива во волшепствата на летото со новото момче Дејвид Фишер, кој ја одвел на романтично крстосување со јахта по должината на италијанскиот брег. Вљубениот пар последен пат е забележан на капење на Сардинија во местото Порто Черво.
За тоа како се забавува, Бар Рефаели редовно ги известува своите следбеници на „Твитер“ со кои го споделува и она што го прават мал број манекенки - тајната на витата линија. Имено, манекенката напишала дека редовно се почестува со сочни шницли, а истото тоа им го препорачува на другите, што значи дека не станува збор за никаква диета. |