|
|
|
|
|
|
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Маја Томиќ
Следува нов ценовен шок за граѓаните. Од септември ќе поскапи лебот. Мелничарите најавуваат дека зголемувањето на цената ќе биде од 15 до 20 отсто. За колку ќе биде повисока цената на векна леб прецизно ќе се знае во септември. Тие велат дека биле принудени на ваква мерка, поради тоа што за приближно толкав процент скокнала и цената на пченица што ја увезуваат од Србија.
„Зголемени ни се сите трошоците, а најмногу цената на примарната суровина, пченицата. Од Србија ја купував за 14,5 денари за килограм, а сега таа чини 16,5 денари“ , вели сопственик на мелница, кој објаснува дека домашното производство на пченица е од 50 до 70 отсто помало од вкупните потреби и затоа мора да се увезуваат значителни количества. „Ние произведуваме околу 150.000 тони пченица годишно, од која 40-50 отсто е добиточна храна, а другото е наменето за прехрана на населението, што е премалку за покривање на потребите“, додава тој.
Мелничарите веќе подолго време се ориентирани кон увозот на пченица, најмногу од соседна Србија, не само поради недоволните количества на домашниот род, туку и затоа што не можат да се усогласат со земјоделците околу висината на откупните цени. Годинава земјоделците бараа откупната цена на пченицата да не биде пониска од 15 денари за килограм, а мелничарите и трговците да им ги исплатат парите најдоцна до почетокот на новата сеидба. Овие, пак, не прифаќаа цена повисока од 13 денари за килограм и не склучија договори за откуп со земјоделците. За потсетување, Владата на почетокот од годинава интервенираше за да го спречи растот на цените на лебот и на другите производи од брашно, кои се случија два пати во период од два месеца поради недостигот од пченица на домашниот пазар и скапата увозна суровина. Така, Владата им даде на мелничарите пченица од стоковните резерви по цена од 16 денари за килограм, во ситуација кога увозната пченица чинеше 20 денари. Сепак, иако мелничарите добија од државата 40.000 тони по пониска цена, не падна и просечната цена на лебот од 20 денари.
Како и да е, граѓаните есенва ќе го извлечат подебелиот крај и заедно со сите други поскапувања, ќе плаќаат и поскап леб. Дека трошоците за живеење се зголемени во однос на лани, покажаа и најновите статистички податоци за јули, кога бил измерен пораст на трошоците за живеење, односно инфлација од 3,8 отсто, во споредба со истиот месец лани.
Притоа, за една година најмногу поскапеле маслото за јадење - 33 отсто, шеќерот - 13.6, лебот - 11.5, струјата - 5,4, транспортот - 3,7, сирењето и јајцата - 5,3 и месото - 3,2 отсто. Единствено поевтини се овошјето и зеленчукот.
Банкарите, стопанствениците и експертите уште во јуни посочуваа дека инфлацијата ќе расте затоа што ќе се зголемуваат цените на струјата и на храната. Тоа го покажа анкетата на Народна банка, при што како најважни фактори што би влијаеле за повисоки инфлациски бранови биле наведени: глобалната економска состојба, очекувањата за натамошен раст на светските цени на енергенсите, растот на цената на храната на светските берзи и очекувањата за ново зголемување на цената на електричната енергија. |
#
|
Статијата е прочитана 1676 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: trpe od gradsko |
Датум: 11.08.2011 00:31:41 |
|
Glasvte za DPMNe dobivte poskapuvanje...a za spomenicite ni dinar nema da fali ama se ke posakapi drugo (hrana, nafta i sl..)... a vie uzivajte so gladni stomaci pred natrupanite spomenici...ako vi e ubavo uzivajte...glasvate dobivte i pka ke ve lazat so svetska kriza...ama za Gruveski, spomenicite i DPMNE dali e kriza...??? |
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 11.08.2011 01:08:24 |
|
Во РМ има или нема криза.?Дали и таа е зафатена од рецесијата.?Дали ке не одмине или ке не поплави кризата?Дали ке ќариме или ке се изгубиме во кризата?Дали овие одговори ги имаче во манифестот или секогаш во предизборните кампањи се лаже,па ако треба тоа нека биде наречено и програма.Не бре,програмата е само една книга од хартија кја трпи се.Нека ни е честита старо новата в��ада.Барем таа си разбира од економија во моментот цената на металите расте,затоа парите ги улагаме во месинг. |
|
|
|
|
|
|
Од: neopredelena |
Датум: 11.08.2011 01:29:39 |
|
I ova ne go pisuvase vo MANIFESTOT. Familijata zaboravila da vi kaze. Pak site da glasate za niv! |
|
|
|
|
|
|
Од: aleks |
Датум: 11.08.2011 02:01:35 |
|
ovie moze da uvezuvaat od srbija po 15 denari a ne im se dava za domasnata 15 denari. |
|
|
|
|
|
|
Од: afganistan |
Датум: 11.08.2011 02:25:31 |
|
abe ne gledam komentari od podrzuvacite na vlasta ili niv ekonomijata ne gi interesira si gi imaat svoite spomenici |
|
|
|
|
|
|
Од: cereal killer |
Датум: 11.08.2011 08:07:28 |
|
Kako sega uvoz na pcenica,koga neli ovogodisniot rod e dovolen za pokrivanje na potrebite na Makedonija?
Kakva globalna kriza, neli sme daleku od nea?
I zosto zemja cij edinstven pristoen stopanski potencijal e agrarot da dozvoli da bide zrtva na berzantski spekulanti? Dobredojdovte vo neo-liberalniot pekol |
|
|
|
|
|
|
Од: cobe |
Датум: 11.08.2011 08:56:01 |
|
Pa lugje......Prerodbata prodolzuva, nadgradena i prosirena............... |
|
|
|
|
|
|
Од: Tina |
Датум: 11.08.2011 09:00:31 |
|
Ke sukime banjci, i pak ke jadime brasno, koje ne se vika leb, ama e po vkusno i plno so sto nesto. |
|
|
|
|
|
|
Од: Potroshuvach |
Датум: 11.08.2011 09:21:19 |
|
Abe kakvi 15-20 % kachi ako kachuvash najmalku 100 po sto |
|
|
|
|
|
|
Од: Пинг |
Датум: 11.08.2011 10:45:57 |
|
Поминаа изборите или уште подобро предизборието. Нема веќе ветувања. Пари требаат, пари. Полека, полека, крчмарот доаѓа да ја наплати сметката. Да не мислите дека братијата ќе плаќа од сопствен џеп?. Најслатко е да се трошат туѓи пари, секогаш нешто останува и за тебе лично. Горивата, греењето, струјата.....Од сите овие поскапувања и од оние што ќе дојдат се полни касата. Требаат пари, те за ова, па и за ОНА. Поздрав до сите Ваши и наши. Пишувајте кирилица. |
|
|
|
|
|
|
Од: zapad |
Датум: 11.08.2011 10:48:01 |
|
na zapad vikat lebot i meso ce poeftini 20% zatoasto rodot na zitarici e visok ovaa godina cenata padja na svetska berza....no i lani koga ripna otkupna cena i togas viaa realno poskapell lebot 5 denari na zapad... |
|
|
|
|
|
|
Од: забеган. |
Датум: 11.08.2011 10:54:44 |
|
Уште ова ако се случи е грујо и тајфата нека си соберат ПАРТАЛИТЕ и сиктер да ги нема и од Македонија.Нека пушти слободен увоз на пченица............А тие земјоделци што се прават нека произведуват по 5 тона по хектар а не по 500 килограми.Па ај ќе ги покираме со астрономски цени. |
|
|
|
|
|
|
Од: maki |
Датум: 11.08.2011 11:07:28 |
|
Ime se cudam na Anglicanite, mnogu osetliv narod, samo tuku se bunat, se nesto ne im cini. Nikako da se ugledaat na Makedoncite kako problemite gi resavaat po miren pat.
Na primer, na poskapuvanjata seuste ne reagiraat zatoa sto znaat deka korenjata i trevata se uste besplatni i nema mesto za panika. |
|
|
|
|
|
|
Од: Jован АН |
Датум: 11.08.2011 11:29:05 |
|
Во една народна приказна се прикажува за нероден Петко.Над местото каде што родителите мислеле да ја стават лулашката на нероден Петко некој ставил тесла.Родителите почнале да плачат зашто теслата можела да падне на (неродениот) Петко кога тој ќе спие во лулашката.Така и Маја,а и трпе од градско и трпе од бихаќка веќе почнаа да плачат на “нероден Петко“. |
|
|
|
|
|
|
Од: Луда Мара :Þ |
Датум: 11.08.2011 11:48:53 |
|
Што?!Зарем светската криза не си замина од Македонија?Па нели така говореше нашиот Шеwиф пред изборите?Па,нели ќе имавме пораст на платите„за цели“35%,ако не и повеќе?Та нели индустриското производство скокна,благодарение на пастировата генијалност за цели 33,ако не и 40%?!Да не се збунил човекот?Да не мислел на оние 33%сиромаштија?!А и што ќе ни е леб!Мора ли да го јадеме?!Тој и онака дебелее,а „нашата“блада најубаво се грижи за нашето здравје,особено за нашата вита става!Нема веќе дебели и широки задници!Их,што убави ќе сме си ние Македонките!Ќе станеме земја на мисици!Нема ниту алкохол,по 9ч.!Всушност има,ама резервиран е за малолетници!Нам постарите ни штети!Па така е тоа кога си имаме блада што е најубава на светот!Отсега-натаму,ќе мора да носам сликичка со Шеwифот во џебот,или барем книшка,онаа со сликичка на л’вче!За да знам кој ме разубавува,се грижи и кој постојано мисли на мене!Гревчиња!Гледате ли какви маки им задаваме!?Од постојани грижи и секирации,дури и ноќе не спијат! |
|
|
|
|
|
|
Од: dejan |
Датум: 11.08.2011 12:33:16 |
|
na narednite izbori pak glasajte za dpmne |
|
|
|
|
|
|
Од: toni |
Датум: 11.08.2011 15:17:29 |
|
si go glasavte vmro,eve vi go sega!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: zik |
Датум: 11.08.2011 15:44:36 |
|
ke poskapuva ,bidejki makedonskiot mozok e
evtin |
|
|
|
|
|
|
Од: koco amsterdam |
Датум: 11.08.2011 17:36:57 |
|
Za sekoja sitnica plukate po vladata. Pa dobro be luge ostavete ja vladata, pa oni samo rabotatat i rabotat, po 28 casa na den , pa oni ne znaat sto se slucuva, ne se oni krivi, svetska kriza e sekade pa i kaj nas.
Toa se ipak uceni luge (skoro site se so fakultet ili za brzo vreme ke go zavrsat), oni gledaat dolgorocno, za dobroto na narodot. Pa za 70-80 god. nema da bide se taka crno blagodarejki na denesnava vlada. Zivi bili pa videli.
|
|
|
|
|
|
|
|
|