Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
11.08.2011, 20:56
Мажот, кој денеска отвори оган врз естонското Министерство за одбрана, се самоуби, соопшти портпаролот на талинската полиција.
Двајцата заложници, кои биле земени од напаѓачот, не се повредени, пренесоа руските агенции.
Во естонските медиуми се уште има противречни информации за денешниот настан во центарот на Талин. Претходно беше соопштено дека вооружениот маж бил приведен од припадници на специјалните единици, кои упаднале во зградата на министерството.
Напаѓачот е идентификуван како Карен Драмбјан и по професија бил адвокат. Тој е роден во Ерменија во 1954 година, а добил естонско државјанство во 1990 година. Драмбјан беше член на Партија на обединетата левица, која не е застапена во Парламентот.
Мотивите за нападот во Министерство за одбрана се уште не се познати.
|