Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
11.08.2011, 13:35
Скопјанката Јана Киш (21) е девојката која вчера се удави во водите на Индискиот Океан.
Министерството за надворешни работи го потврди идентитетот на Македонката, која била идентификувана преку лични документи.
Киш, која студирала на Институт за технологија при Универзитетот „Манипал“ се удавила заедно со нејзиниот 18-годишен колега Абиџит Синг од индискиот град Чандигар, кој заедно со македонската студентка биле дел од програмата за размена на студенти.
Според индиските медиуми, студентите со уште тројца колеги дошле на плажата Кауп. Сите петмина влегле во океанот, но тројца од нив се вратиле заради брановите кои се појавиле, додека Абиџит и Јана продолжиле да пливаат.
Локалното население ги предупредиле студентите да не влегуваат во водата поради високата плима, но тие сепак не ги послушале.
Спасувачки екипи се обиделе да им помогнат, но се било безуспешно. По неколку часа океанот го исфрлил телото на Киш, а нуркачите и понатаму трагаат по телото на нејзиниот колега.
Од МНР велат дека нејзиното семејство е известено на трагичниот настан. Телото на девојката е дадено на обдукција, а по завршување на сите технички документи истото ќе им биде предадено на семејството.
|