Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Бунтот и грабежите се шират низ Британија

Во Лондон беше мирно, но затоа се беснееше во Манчестер, Ливерпул и Бирмингем

ЛОНДОН - Групи млади луѓе се судрија со полицијата во англиските градови и во помали места во текот на ноќта, но во Лондон, каде што се распоредени илјадници дополнителни полициски сили, главно, беше мирно по три турбулентни ноќи во кои млади луѓе практично без контрола беснееја во делови од главниот град. Манчестер и Ливерпул на северозапад и Бирмингем во централна Англија беа најмногу погодени од насилството во текот на ноќта, кое започна во северен Лондон во саботата, по протестот за полициското убиство на осомничено лице два дена претходно.

Во Бирмингем, полицијата започна истрага за убиство, бидејќи тројца муслимани загинаа кога беа прегазени од автомобил во тамошните безредија. Пријател на загинатите изјави за Радио Би-Би-Си дека тие биле дел од групата британски Азијци што ја заштитувале нивната област од ограбувачи по рамазанските молитви во џамија. „Автомобилот возеше кон нив, тоа беше ладнокрвно убиство“, рече пријателот.

Состојбата во Лондон беше, главно, мирна, а околу 16.000 полицајци - десет илјади повеќе отколку во понеделникот - се распоредени на улиците како израз на сила во квартовите каде што банди млади луѓе со качулки на главите ограбуваа продавници и палеа автомобили и згради претходните три ноќи. Стивен Кавана, заменик-помошник комесар на лондонската Метрополитен полициј��, јави дека полицајците ќе бидат повторно распоредени и оваа ноќ.

Премиерот Дејвид Камерон, кој го прекина семејниот одмор во Италија за да се справи со кризата, требаше да претседава со вториот состанок на владиниот Комитет за кризи ЦОБРА и го свика парламентот, што ретко се случува да расправа за насилството.

Ограбувањето му покажа на светот грда слика на Лондон помалку од една година пред да биде домаќин на Олимписките игри во 2012 година, настан за кој официјални лица се надеваат дека ќе го прикаже градот во позитивна светлина. Во вторникот се оствари посетата на Меѓународниот олимписки комитет „како што беше планирано“, а организаторите од Лондон изјавија дека насилството нема да ги попречи подготовките за олимпијадата. Хаосот во Лондон и стравувањето од натамошни безредија доведоа до откажување на пријателскиот фудбалски натпревар Англија - Холандија и одложување на три клупски натпревари.

Додека силното полициско присуство во Лондон ги спречи сите освен неколку инциденти во главниот град, грабежи и насилство се случуваа во градовите и во помалите места во северниот и во западниот дел на Англија. Групи млади луѓе со качулки на главите се судрија со полицијата во Манчестер кршеа излози и ограбуваа продавници и запалија продавница за облека. Во Салфорд, учесниците во безредијата фрлаа цигли врз полицијата и палеа згради. Притоа беше нападнат камерман на Би-Би-Си. На телевизиските снимки беше прикажано како горат продавници и автомобили, а густ црн чад се издигнуваше над улиците.

„Овие луѓе немаат против што да протестираат - нема логика за неправда или каква било причина што доведе до тоа. Јасно и едноставно, тие се акти на криминално однесување, најголеми што сум ги видел“, рече Гери Шуен помошник на началникот на полицијата.

Во квартот Токстет во Ливерпул учесниците во нередите нападнаа две противпожарни возила и автомобилот на еден пожарникар, јави полицијата. Претходно околу 200 млади луѓе што фрлаа молотови коктели уништија и ограбија продавници, предизвикувајќи „безредие и штета“. Полицијата јави дека уапсила 113 луѓе во Манчестер и во Салфорд, а 50 во Ливерпул. Во Глочестер, западна Англија, осум противпожарни екипи се бореа со пожарот во голема напуштена зграда, беа запалени автомобили, а младите луѓе ја напаѓаа полицијата со камења и шишиња. Запалени автомобили и ограбени продавници имаше и во Вест Бромвич и Волверхемптон во централна Англија. Во Нотингем, банда млади луѓе запали полициска станица. Исто така, имаше нереди во Бирмингем и Лестер во Мидлендс и во Милтон Кејнс, северно од Лондон.

Во Лондон, железничкиот превоз во вторникот сообраќаше порано, продавниците беа затворени, а многу сопственици на продавници ги заштитуваа излозите. Бандите ограбуваа продавници, носеа облека, обувки и електронска техника, палеа автомобили, продавници и куќи, предизвикувајќи штета од десетици милиони фунти и, исто така, ја исмеваа полицијата. Премиерот Дејвид Камерон изјави за новинарите: „Јасно и едноставно, ова е криминал и мора да биде спречен. Луѓето не треба да се сомневаат дека ќе направиме се' што е потребно за да го вратиме редот на улиците во Британија“, изјави тој по првиот состанок на ЦОБРА во вторникот. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 921 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 11.08.2011 01:06:03
"Овие луѓе немаат против што да протестираат - нема логика за неправда или каква било причина што доведе до тоа. Јасно и едноставно, тие се акти на криминално однесување, најголеми што сум ги видел“ Na vakov nacin pocnaa da protestiraat i buntovnicite vo Libija pa otidovte da gi potpomognete.Im dadovte oruzje, ja bombardirate Libijskata vlada ,a legalnite vojno-policiski i bezbednosni sili koj se obidoa da vovedat red, gi proglasivte za "legitimna cel" za bombardiranje. Sega mecana Bozana zaigra i kaj vas i normalno deka sega nesto ne vi e logicno.
Од: Trajan
Датум: 11.08.2011 07:08:58
A da se primeni postapkata kako za Libija?Mislam da im se pomogne na demostrantite so bombardiranje na vladinite sili.
Од: DALI NEMAAT PRICINI?
Датум: 11.08.2011 08:51:54
A dali navistina ovie ludje nemaat pricini da ni logika da protestiraat? Sto mislat onie od vladeeckiot establisment i onie spoulaveni kapitalisticki bogatasi i oligarsi , koi zbesnuvaat od bogastvo?. Do koga mislite deka narodot moze da ve trpi?. Ajde viknete si go Fukojama da vi napoise uste edno delo za liberalniot kapitalizam kako najidealen sitem niz istoirijata na opstestvoto. Ako ja sledite istorijata niz poslednive dva veka ce svatite deka ce se kumulira besot i nezadovolstvotoi kaj eksploatiranite i siromasnite i ponovo ciklicno ce dojdat do golemi revolucionerni potresi.
Од: TRAJANKA
Датум: 11.08.2011 10:05:22
Ovie mladi luge koi se bez rabota i odat da se potpisuvat sekoja nedela za socijalna pomos , meguvremeno samo Polaci rabotat i imat pari da kupuvat po prodavnicite , ovie mladi luge se Britanci i ne mozat da se zaposlat od dojdencite , Zatvor ne e resenie , koga ke izlezat ke bidat polosi !!! Domasnite Gragani treba da imat prioritet za rabota , ne da ziveat vo Velika Britania a da se custvuvat kao da se vo Polska !!!
Од: bravo mladi britanci
Датум: 11.08.2011 11:23:26
poveke od 100% e tochen komentarot na : Dali nemaat prichini. Samo treba novinarite da go prashaat Britanskiot premier i drugite politichari kakvi se nivnite primanja i standart na zivot vo sporedma so tie shto protestiraat sigurno nema da im bide lesno da dadat dobar i tochen odgovor.
Од: Jasme
Датум: 11.08.2011 13:27:58
Меѓу тие млади британски луѓе има и деца под 14 годишна возраст. Беснеат во 2 часот сабајле, кршат, палат и крадат а нивните родители не знаат ни каде се или пак ги засега. Но ако полицијата ги приведе ќе се јават веднаш тие родителите дека малолетни се децата и ќе тужат после за модринки или претрпен страв. Абе ајде! Какви родители - такви деца- таков народ.
Од: tina
Датум: 11.08.2011 14:24:11
Ovie se chisti kriminalci... tie ne kradat hrana tuku Pioneer elektronika. Treba da se kaznat najlosho zatoa shto se najlosh primer za choveshtina. I od slikite shto gi gledam ovie buntovi se vo navistina losho sosedstvo... izgleda se se otpadnici od Britanskoto opshtestvo i doselenici shto ne znaat da se snajdat, neobrazovani itn. Toa sekogash go imalo i ke go ima vo sekoe opshtestvo, taka da ne e da i se sudi na cela Britanija zaradi nezadovolstvoto na malkumina.

Најди! во Утрински
Насловна
„Космос“ го активира опозицискиот фронт
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
Има ли лидери?
Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
Нашата публика знае да почувствува искреност
Утната математика
Караѓорѓевиќ ги бараат имотите во Македонија
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Експрес-лонец
Џафери - Рамковниот договор ја постигна целта
Што се чека од Груевски и од Ахмети
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
Една деценија од Љуботенски Бачила
Штрајк во шпанската Примера!
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
Стил
Струмичанец се обидел да силува германска сликарка
Онлајн вести

"""