Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери

Речиси еден месец по смртта на Лусијан Фројд, делото „Надзорничката спие“ го купи Роман Абрамовиќ за 23.728.000 евра

Името на познатиот светски сликар Лусијан Фројд, кој почина во јули, деновиве повторно и' го сврте вниманието на јавноста со висината на сумата за која рускиот милијардер Роман Абрамовиќ го купи неговото дело „Надозрничката спие“ за 23.728.000 евра. Оваа информација само ја продолжи создадената слика во изминатите години за стариот мајстор на платното, кој почина на 89-годишна возраст и се сметаше за еден од најпочитуваните и најскапи уметници на Велика Британија. Делата на Лусијан Фројд со години достигнуваа висока цена за продажба, особено по 2008 година кога негова слика беше продадена за рекордни 33,6 милиони долари, а Фројд своето место во пантеонот на уметниците на доцниот 20 век го зазеде со виталноста на актовите, со интензивноста на насликаните мртви природи и со портретите на членовите на своето семејство и на пријателите.

Овој сликар, кој ја стекна светската слава со препознатливите силни и единствени актови, внук на таткото на психоанализата, Сигмунд Фројд, роден во Берлин, дошол во Велика Британија на 10-годишна возраст со своето емигрантско семејство. Британско државјанство добил во 1939 година, а во деновите по неговата смрт, медиумите забележаа дека сликите на Фројд создавани во раниот период на неговото творештво извршиле редефинирање на брита��ската уметност. Неговите подоцнежни дела се споредуваат со делата на фигуративната уметност од кој било период.

Сликите од раниот период на Фројд често се поврзуваат со надреализам и отсликуваат луѓе, растенија и животни во невообичаени позиции едни покрај други. Тие вообичаено биле направени со тенки слоеви на боја. Од 1950-тите години, Лусијан Фројд почнал да работи портрети, најчесто актови, со речиси целосно исклучување на се' друго. На неговите портрети често е прикажан само моделот, понекогаш испружен на подот или на кревет или алтернативно позициониран со нешто друго, како во „Девојка со бело куче“ (1951/52) и во сликата „Гол маж со стаорец“ (1977/78), а следувале и „Момче и дамка“ (1980/81), „Илај и Дејвид“ (2005/06) и „Двоен портрет“ (1985/86). Имал посебна страст кон коњите, уживал во јавањето во училиштето во Дартингтон, каде што понекогаш спиел во шталите. Меѓу портретите се и портрети на коњи: „Сивиот Гелдинг“ (2003), „Шарена кобила“ (2004), и „Кобила јаде сено“ (2006).

Фројд често сликал луѓе од својот живот; пријатели, семејство, колеги-сликари, љубовници, деца. Велел дека тоа прашање е автобиографско, поврзано со надежта и сеќавањето, и сензуалноста и инволвираноста. Во биографијата стои запишан и податокот дека во 1970-тите години посветил 4.000 часа на серија слики на својата мајка за што историчарот на уметноста Лоренс Гауинг запишал дека поминале повеќе од 300 години откако некој сликар така директно и визуелно го прикажал односот со својата мајка. И дека тоа го правел Рембрант.

„Јас сликам луѓе“, велел Фројд, „не поради тоа како изгледаат - не е точно и покрај тоа како изгледаат, туку како се случуваат“.

Токму враќањето на портретот на местото кое и го заслужува во светската уметност е фактот што го потенцираат многумина како најголема Фројдова заслуга, потенцирајќи ги, по безброј пати, познатите информации дека токму нему му позираа манекенката Кејт Мос и кралицата Елизабета Втора. Меѓу имињата на познатите што се најдоа на неговите платна се и филозофот Френсис Бекон и дизајнерката Ли Бауерс.

Остана да се прераскажува дека моделката Џери Хол била разочарна од соработката со Фројд кому му било важно нејзиното присуство додека ја сликал. Тој не сакал да и' го заврши портретот на кој го дои синот Габриел, бидејќи поради болест, таа го одложила доаѓањето на завршницата на сликата. Поради тоа, главата на сликата и' ја заменил со лицето на својот помошник Дејвид Довсон.

Британија го награди Лусијан Фројд сликарот со орден од Редот на заслуги, едно од најпрестижните признанија што ги доделува кралицата за најголеми достигнувања од областа на уметноста, образованието, книжевноста и науката.

Неговите дела станаа популарни на крајот на 80-тите години на минатиот век, а во јавноста често беше опишуван како бескомпромисен, дрзок, женомразец, зависен од љубовници и интерпретирање на човечкото тело. На свои 22 години, Фројд во Лондон ја имаше својата прва самостојна изложба. Во овој град кратко студирал на Централната школа за уметност, а многу поголем успех остварил на студиите по сликарство во школата „Чедрик Морис Ист Англијан“ во Дедхам.

Во 1950-тите заедно со колеги и пријатели ја основа познатата Лондонска школа, која ги собрала уметниците што не ја напуштиле фигурацијата. На 33 години го претставувал Британскиот павилјон на Венециското биенале, на кое бил прогласен за еден од најголемите сликари на фигурацијата во модерната уметност. Во 1988 година бил номиниран за наградата „Тарнер“, а оттогаш започнал да расне интересот за неговото севкупно творештво, но и цената на неговите дела. (К.Б.)


#
Статијата е прочитана 1590 пати.

Испрати коментар

Од: Tina
Датум: 11.08.2011 08:53:03
Site artisti ke kazat da golo zensko telo e za da se gleda vo nijnite sliki i da se buglat kao remek delo. Na mene se toa mi lici na koristenje na tie cicki kao perversija na umot, na slikarot. Ete so Pikaso i negovata zena so 6 cicki. I jas treba toa da go gledam kao art? Begajte. A toj sto ja kupi slikata za tie golemi pari, tolku da i da na zema mu sto mu dava da gi gleda nejnite cicki sekoj den. Budali luge oste gi ima. I tie se bas mazite koji gi ocenuvat cickite na drugi zeni po vredni. Budali!,,,

Најди! во Утрински
Насловна
„Космос“ го активира опозицискиот фронт
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Има ли лидери?
Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
Нашата публика знае да почувствува искреност
Утната математика
Караѓорѓевиќ ги бараат имотите во Македонија
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Експрес-лонец
Џафери - Рамковниот договор ја постигна целта
Што се чека од Груевски и од Ахмети
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
Една деценија од Љуботенски Бачила
Штрајк во шпанската Примера!
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
Стил
Струмичанец се обидел да силува германска сликарка
Онлајн вести

"""