Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Поглед

Утната математика

Јасмина Јовановска

Фондот за здравствено осигурување по се' изгледа е скаран со математиката. Како финансиер, заглави во калкулациите со пререгистрацијата на невработените иако со пресметките што секојдневно ги прави треба да му одат како песна.

Математиките на Фондот велат дека дневно ќе може да опслужуваат по 1.100 невработени, а практиката покажува дека не може да се пријават, односно да опслужи ниту едвај 700. Процените се дадени врз база на тоа дека се потребни четири минути за еден вработен да ги поднесе документите. Се разбира, ако нема никаков застој и шалтерските работници не одат ни на пауза за лични потреби.

Како, тогаш, до први септември ќе стасаат да се пријават 48.000 невработени колку што останаа за пререгистрација? Особено ако се знае дека до крајот на месецот има уште 21 дена со се викендите. Колку и да се трудат од Фондот да ја завршат работата, нема да успеат тоа да го сторат за 21 ден колку што им преостануваат до крајниот рок. Или, ќе мораат повторно да си го продолжат работното време.

Сега откако се виде дека не се подготвени добро, од Фондот се бранат дека невработените чекале „пет до дванесет“. Тогаш, зошто не дадоа повеќе пати огласи во јавноста? Ако можат да се расфрлаат со пари за меѓународни конкурси, така можеше Фондот да даде повеќе пари за реклами за невработените.

Колкава била потребата од поттикнување на невработените покажува и фактот што откако Фондот се закани дека ќе ги остави без сини картони, сите потрчаа и се создаде метеж. Да видиме сега каква формула ќе смислат да ја завршат обврската во предвидениот рок!


#
Статијата е прочитана 1991 пати.

Испрати коментар

Од: bezanec
Датум: 11.08.2011 14:00:27
ВМРО-ДПМНЕ е склон само да прави циркус за да го одвлече народот,заспан, од економската криза и криминалот на тајфата груевски.Расчепкајте си ги ушите потриете ги очите ,за да слушнете и видете што се ве лажат а светот се движи напред а Македонија назад во камено време.

Најди! во Утрински
Насловна
„Космос“ го активира опозицискиот фронт
Лебот во септември поскапува за 15-20 отсто
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
Има ли лидери?
Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
Нашата публика знае да почувствува искреност
Караѓорѓевиќ ги бараат имотите во Македонија
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Експрес-лонец
Џафери - Рамковниот договор ја постигна целта
Што се чека од Груевски и од Ахмети
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
Една деценија од Љуботенски Бачила
Штрајк во шпанската Примера!
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
Стил
Струмичанец се обидел да силува германска сликарка
Онлајн вести

"""