Монтреал
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
11.08.2011, 14:23
Хрватскиот тенисер Иван Додиг го приреди најголемото изненадување досега сезонава со елиминацијата на Рафаел Надал во второто коло на Мастерсот во Монтреал.
По првиот сет ништо не укажуваше на тоа дека Додиг може да приреди сензаија. Шпанецот со убедливи 6:1 го доби сеотт и делуваше максимално сигурно.
Сепак, Хрватот не се откажа и со феноменална игра во следните два сета и со вкупно отсервирани 19 ас-сервиси сосема заслужено стигна до пресврт и најголемата победа во својата кариера.
Во тај-брејкот на решавачкиот трети сет Додиг на 5:5 сервираше ас, а потоа го доби мечот со одлична бекхенд дијагонала. Со тоа, со два тај-брејка во два сета го елиминираше Надал, кој се надеваше дека во Монтреал ќе почне неговиот обид за враќање на врвот на светскиот тенис.
Останати резултати од 2. коло:
Новак Ѓоковиќ – Николај Давиденко 7:5, 6:1 Роже Федерер (3) – Васек Поспишил 7:5, 6:3 Жо Вилфред Цонга – Бернард Томиќ 6:3, 7:6 (1) Николас Алмагро (8) – Сергиј Стаковски 6:2, 7:6 (5) Станислас Вавринка – Мајкл Расел 6:3, 6:2 Томаш Бердик (7) – Олександр Долгополов 4:6, 6:2, 6:3 Иво Карловиќ – Филип Пецнер 6:7 (0). 7:6 (2), 7:6 (6).
|