Незадоволство
Штрајк во шпанската Примера!
11.08.2011, 14:14
Асоцијацијата на шпанските фудбалери соопшти дека натпреварите од првата и втората шпанската лига ќе бидат одложени се додека не се потпише нов колективен договор.
Шпанските фудбалери го следат примерот на своите колеги од НБА кошаркарската лига кои веќе се во штрајк и италијанската Серија А каде почетокот на првенството е под знак прашање.
„Нема да се игра фудбал се додека не се потпише нов колективен договор. Не бараме повеќе пари, туку само сакаме да се почитуваат договорите. Ни требаат гаранции за долговите од минатото, сегашноста и иднината. Сакаме сите фудбалери да бидат почитувани подеднакво, без разлика на тоа во кој тим играат“, соопшти претставникот на фудбалерите, Луис Рубиалес.
Фудбалерите бараат гарантиран фонд за плати во случај кога клубовите ќе банкротираат. Фудбалските клубови Леванте и Херкулес веќе неколку години имаат проблем со исплаќање на средства на своите фудбалери и членови на стручниот штаб, а со сличен проблем од неодамна е и Сарагоса, како и повеќе клубови од втората лига.
|