Број 3653  четврток, 11 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter

Мислења

Што се чека од Груевски и од Ахмети

Махи Несими

Време е во агендата на власта да се стави само една единствена точка: решавање на проблемот со името

Откако беа распишани последните парламентарни избори, кај сериозните политички аналитичари се наметна дилемата кои теми ќе преовладуваат на изборната кампања. Во потрагата по клучни теми несомнено е дека евроинтеграциите и членството во НАТО го заземаа првото место во ранг-листата. Сосема оправдано и очекувано. Но, сепак, тоа не се случи токму така. Оваа проблематика беше третирана како обична тема, без подлабока анализа за потребата од евроинтеграција, соодветен третман за промените што ќе настапат со започнувањето на преговорите, за нашата подготвеност за еден таков крупен чекор. Со еден збор, евроинтеграциите се спомнуваа само како нешто што посакуваме да се случи.

Таквиот однос на политичките субјекти кон оваа клучна стратегиска определба на граѓаните на Македонија, беше од познатата причина дека исполнувањето на таа желба нема да се случи без наоѓање решение на проблемот со името на државата. И без оглед колку се говореше за овој круцијален проблем, сите политички субјекти што настапуваа на изборите изјавуваа дека тоа им е напишано во политичките програми и ќе настојуваат да го исполнат. Имаше и такви што храбро изјавуваа дека проблемот ќе го решат во многу краток временски период. Главната опозициона партија се помири со потребата од одржување на референдум.

Албанските политички партии постојано изјавуваат дека тоа им е приоритет број еден. Со еден збор, сите посакуваат земјата да стане членка на НАТО и да почне преговори со ЕУ. А тоа сите значи и власта и опозицијата и народот. Во оваа земја досега се нема појавено никаква политичка групација, без оглед на нејзината моќ, која изразува несогласување со стратегиската определба. Нема ниту невладина организација што се спротивставува. Значи, станува збор за плебисцитарна желба и на граѓаните и на политичарите и на сите политички партии. Од независноста досега се нема појавено поколективно барање. Изборите се одржуваат со цел граѓаните да се изјаснат за понудите на политичките партии, а победник станува партијата чија програма ја прифаќаат мнозинството граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ по трет пат ги доби изборите. Истото тоа се однесува и на нејзиниот коалиционен партнер ДУИ, кој, откако е формирана како партија редовно ги добива изборите во албанскиот електорат.

Во оваа пригода мора да се нагласи дека евроинтеграциските процеси датираат од осамостојувањето на земјата и не претставуваат некоја новоизградена стратегија. На оваа тема и со ветување дека ќе се направи се' за да се исполни желбата на граѓаните се добиени сите избори. Но, нема резултати. Оттука се поставува прашањето: кога ќе се реализира плебисцитарната желба на граѓаните? Одговорот веќе е познат за секого во оваа земја, како и на сите оние однадвор што расправаат на оваа тема. Треба да се најде заеднички јазик со Грција, со што ќе се реши спорот и земјата ќе стане тоа што сите го посакуваат.

Тргнувајќи од правилата за однесување во демократски општества, работите се сосема јасни. Носителите на власта се должни да ги исполнуваат желбите на избирачите. За жал, коалиционите партнери на нашата власт досега не успеаја да ја исполнат оваа желба. Власта се гордее со добивањето позитивно мислење за напредокот на земјата, но се' завршува на тоа. Медиумите секојдневно ни лиферуваат изјави на европски политичари или дипломати што со видна куртоазија ни делат пофалби што не произведуваат никаков ефект за нас. Во состав на сите изјави, некогаш во крајно извиена форма, некогаш многу јасно, ни се укажува на неопходноста од потребата за решавање на спорот со името. Меѓутоа, се добива впечаток дека нашите политичари, пред се', оние од власта, се однесуваат сосема рамнодушно и воопшто не се вознемируваат за сигналите што Европа ни ги испраќа секој ден. Напротив, не се ретки случаите кога одредени медиуми нашироко им ги отвораат микрофоните на сите оние што индиректно сугерираат дека ние треба да чекаме, да не попуштиме затоа што Грција е на тешки маки и ќе мора да потклекне. Таквите сугестии и совети, за жал, се крајно несериозни, штетни и поразителни за државата.

Македонија, како земја во центарот на Балканот, е класичен претставник на менталитетот на овој полуостров. Како основен белег на тој менталитет е односот на помоќниот кон послабиот, девалвирањето и омаловажувањето на непослушните, како и замолчувањето на оние што гласно и размислуваат и зборуваат за состојбите со кои не се согласуваат. Таквиот пристап е крајно погубен за сите, пред се', за самата власт, бидејќи во таква ситуација власта доброволно се откажува од помошта што и' се нуди. Таа се затвора во себе и станува заробеник на сопственото задоволство и потреба.

Самозадоволството на власта е најстрашно што може да и' се случи на една земја. За да се оневозможи тој процес потребно е носителите на власта да се преокупираат со нивото на задоволството на граѓаните. Како власта, така и сите политички партии се свесни дека задоволството на граѓаните воопшто не кореспондира со нивните очекувања. Сите се свесни дека без вклучување на земјата во евроатлантските структури не може да се очекува подобрување на вкупните состојби. Сите очекуваат власта поактивно и похрабро да се зафати со решавање на проблемот без кој нема евроатлантски интеграции. Владата и коалиционите партнери имаат обврска да ја исполнат плебисцитарната определба на граѓаните. Имаат одговорност кон нив.

Во овој поглед мора да се истакне дека од таа одговорност не може да се амнестира ниту еден политички субјект носител на власта. Од таа одговорност не може да се амнестираат ниту ДУИ ниту помалите политички партии, кои редовно се прилепуваат кон победничките партии како приврзоци. И нивното членство бара НАТО и ЕУ.

Севкупните состојби, и во земјава и во регионот, неминовно бараат активирање на сите механизми и на целокупниот расположлив потенцијал за решавање на проблемот со јужниот сосед и отворањето на перспективата на земјата. Во спротивно, што било да се изгради, било со што да се фали, власта, ќе нема со што да го покрие штетата што произлегува од бавното реагирање, од двоумењето, од избегнување на соочување со реалноста. Време е во агендата на власта да се стави само една единствена точка: решавање на проблемот со името. И повторно истата точка и само таа. Во спротивно, отворено ќе се поставува прашањето: дали власта сака евроинтеграции или не? Дали власта е подготвена и способна да го исполни барањето на граѓаните или не е?

Ќе биде од исклучителна важност и многу значајно ако ова прашање се поставува тивко и лежерно, на некоја чајанка на Груевски и Ахмети. Барем самите меѓу себе нека бидат искрени и чисти во сопствените преокупации. Народот веќе не треба да се праша, тој им даде благослов за се'. Ред е ветеното да се исполни. Отчет, од двајцата, се бара и по ова прашање.

(Авторот е публицист)


#
Статијата е прочитана 1708 пати.

Испрати коментар

Од: Milosov Marjan
Датум: 11.08.2011 00:57:18
Bravo
Од: jovan
Датум: 11.08.2011 00:58:18
Dodeka nie go resime "problemot" so imeto, taa Evropa ke se raspadne. Spored toa, nema potreba da brzame. Mozebi poradi ova nekoj ke bide nesreken sto nema na kogo da mu pripagaat, no ne ima i takvi koj se svoj na svoeto i se srekni sto na nikogo ne mu pripagaat. Svetot e pred golemi promeni.Ne sum prorok za da znam kakvi promeni ke ima, no opasno e sega da se brza nekade.Pogotovo ne tamu kaj sto ima mnogu cad i ogin.Neka se sredat prvo oni.Barem da vlezeme vo sredeno drustvo,a ne propalo kako nas.
Од: dedo dimo
Датум: 11.08.2011 05:42:46
I shto da se predlaga od premierot i od rugite licnosti vo drzavata bez Referendum na siot Makedonski narod bez razlika od koe malcinstvo se i kade se po svetot ne smee nishto da se menuva .Se vrshat pritisoci od site strani na Makedoncite .Me interesira A shto ke bide posle ako mnozinstvoto narodot se izjasni deka ne sakaat nikakvi promeni na IMETO.Po moe mislenje mozda samo 25 -30 % procenti od narodot mozda ke glasa za promena.a drugite 70 ne, shtoe logichno.
Од: Lazo Stefanov
Датум: 11.08.2011 05:58:41
Otsekogas vlasta na ovie prostori, najmnogu od se, saka da ima neprijatel, vnatresen ili nadvoresen. I se taka ni minuvaat godinite. Tie ostanuvaat na vlast, a narodot osiromasuva. Pa, izglega, vlasta toa go saka najmnogu.Podolg period na vlast, poveke javni nabavki, poveke korupcija. Toa ke go nema, ili ke go ima pomalku, ako sme vo Nato i EU. Togas e jasno deka vlasta ne go saka toa.Resenieto e kaj narodot, ama podocna ke go izkaze.Politicarite ke gi procitaat tie poraki i togas ke trgneme silno kon NATO i EU. Problem e narodot, a ne politicarite.Rabotite ke se razbistrat, ama mnogu podocna.
Од: Трпе
Датум: 11.08.2011 08:15:35
Сите сериски филмови во второто продолжение се досани а во третото се за никаде.Режисерот и сценаристот своите способности ги покажуват во првиот дел.За членка во НАТО треба да бидеме во тоа друштво земајки го предвид опкружувањето ,како волците чекат да не распарчат.Во ЕУ мошеби и не мора ако овие кои не водат не работат само за личен интерес.Тие треба да работат на економијата на зголемување на стандардот и обезбедување на квалитетен живот.А веќе видено нив за ова не ги бидува.Наместо вишокот на пари за заштита да ги претварат во злато,тие ги претварат во бронза.Еве го најголемото промашување а не сакат да признат и затоа им одговара диктатура.Нам ни требате како гласачко тело и точка,затоа мора да молчите.Овца си е овца ш��о разбира,дај и трева и слободно молзи ја и стрижи ја а јагнињата испрати им ги во џејнем.
Од: Tina
Датум: 11.08.2011 08:54:52
belki, um vo glava?
Од: razocaran od gluposti
Датум: 11.08.2011 13:51:29
nema sto da resavame, imeto na Makedonija odamna e reseno od nasiot narod to es predci, na kogo ne mu odgovara, neka si gi leci frustraciite na nekoe drugo mesto, jas ne gledam problem vo imeto, mene iminjata na drugite ne me interesiraat, sekoj moze da se narekuva kako saka, mozebi i nas ne ni odgovaraat necii iminja pa nikoj ne ne prasuva, ostavete ne sami da odlucime za toa, na kogo ne mu odgovara Makedonija metla odovde, svetot e golem, ete mu ja Aljaska da se oladat od temperaturata sto e sozdadena so naseto ime, dosadno e vece ...
Од: Проценител
Датум: 11.08.2011 14:28:16
Дедо Димо,баш тебе ќе те прашаме!
Од: guner ismail
Датум: 11.08.2011 15:00:34
Toa sto na site ni e jasno! A toa e deka DODEKA MAKEDNIJA E NADVOR OD NATO, Kosovo da si "pise krst" na toa sto mu e ambicija, i toa jasno i nedvosmisleno deklarirana nezavisna drzava, bidejki SEKOJ DEN nad glava kje mu visi MECH! Ideite za podelbi i sl. se idei chie rodno mesto MAKEDONSKITE POLITICHARI (znachi i Ahmeti i Gruevski) treba da gi znaat. No, bidejki ne gi znaat, odnosno NE SKAAT da gi znaat, tie teraat NEKOJA DRUGA POLITIKA I dvajcata! Spored toa Ahmeti, ako nejke Gruevski da poveli da OBJAVI, sto TOCHNO SODRZI KOALICIONIOT DOGOVOR. Dodeka ne doznaeme, DOTOGAS, DUI ( i koj se vekje vnatre ne znam) kje bide samo SOUCHESNIK na DPMNE vo planovi za koi ne sum siguren deka ima kredit kaj birachite, a sto e uste povazno, GENERIRA TOTALITARNA VLAST na koja, eden Enver Hodja da e ziv, bi i pozavidel! Da bides SOUCHESNIK ne sum siguren deka e prijatna rabota, so polno razbiranje deka, mozebi, na OVAA STRANA objektivno i NEMA SO KOGO DA bide SOJUZNIK. Neka go bara, dur e vreme!
Од: od pra pra dedovci i babi- skopjanec
Датум: 11.08.2011 15:51:02
gospodine jovan , koga ke se raspadne evropa da ti e jasno deka i ti ke nemas sto da jades vise, toa neka ti e jasno drugar jovannnnn.
Од: do Mahi
Датум: 11.08.2011 18:37:57
Da gi ispolni baranjata na gragjanite?Pa baranjata na gragjanite e odbrana na imeto,a ne promena.Ti Mahi ova ne go znaese?

Најди! во Утрински
Насловна
„Космос“ го активира опозицискиот фронт
Ле��от во септември поскапува за 15-20 отсто
Жестоко меѓу Фијат Цаноски и градоначалникот на Гази Баба
Бунтот и грабежите се шират низ Британија
Фројд замина, а сликите привлекуваат милионери
Има ли лидери?
Се самоуби човекот кој отвори оган врз естонското МО
Нашата публика знае да почувствува искреност
Утната математика
Караѓорѓевиќ ги бараат имотите во Македонија
Супермоделката ужива по раскинувањето на врската
Експрес-лонец
Џафери - Рамковниот договор ја постигна целта
Додиг со 19 асови го елиминира Надал
Една деценија од Љуботенски Бачила
Штрајк во шпанската Примера!
Со играта од Словенија нема што да бараме во Литванија
Македонска студентка се удави во Индискиот Океан
Стил
Струмичанец се обидел да силува германска сликарка
Онлајн вести

"""