Мамеле дека се жртви на нацизмот и добиле 42 млн. долари
Њујорк - Околу 5.500 лица во САД, преку измама, добиле вкупно 42,5 милиони долари, кои им се исплатени од Германија, откако излагале дека се жртви на холокаустот, пренесоа светските агенции. За овој случај е почната истрага, соопшти федералното обвинителство на Њујорк. За ова дело се поведени обвиненија против 17 лица, повеќето од руско потекло.
Шестмина од обвинетите работеле во организацијата „Клејмс конференс“ с�� седиште во Њујорк, која им помага на жртвите на нацизмот од времето на Втората светска војна.
Шесттемина требало да ги разгледуваат и да ги одобруваат легитимните барања за обесштетување на жртвите на нацизмот. Место тоа, тие на над 5.500 неправилни барања им одобриле исплата и во замена за тоа за себе задржале дел од сумите за отштета.
На овој начин 4.957 лица добиле еднократно по 3.600 долари во периодот меѓу 2000 и 2009 година или вкупно 18 милиони долари, како што тврделе затоа што биле принудени да ја напуштат својата татковина од нацистите.
Во соопштението на Обвинителството се посочува дека голем број од луѓето, кои добиле неправилни отштети, се родени по Втората светска војна, а дури еден од нив не е ниту Евреин. (МИА) |