Политичари добиваат писма со ножеви
НИКОЗИЈА - Писма со закани и ножеви се испратени до неколку политичари од кипарските Грци, вклучително и кипарскиот претседател Деметрис Кристофијас, објавија вчера извори од безбедносните служби и медиумите. Изворите наведоа дека неколку лица примиле идентични писма во октомври со кујнски нож во секој од пликата. Заканите изгледа се фокусирани на несогласувањата што се однесуваат на разговорите за обединување на Кипар. (Ројтерс)
|