Сингапур приземји три „ербаси А380“
Сингапурскиот авиопревозник приземји три авиони „ербас А380“, откако направените тестови открија проблеми со моторите на „Ролс-Ројс“, кои се наоѓаат во нив, само една недела по инцидентот со истиот авион на „Квантас“, чиј мотор експлодира веднаш по полетувањето. Контролата откри дамки од масло во три мотори на три авиони „А-380“, соопшти „Сингапур ерл��јнс“, истакнувајќи дека авионите од Мелбурн, Сиднеј и од Лондон ќе бидат вратени во Сингапур каде што ќе бидат опремени со нови мотори. (МИА) |