ЕК го третира Косово како територија под ОН
Приштина - Европската комисија во извештајот за напредокот на балканските држави изрази сериозна загриженост за ситуацијата на Косово, третирајќи го како територија под јурисдикција на Обединетите нации, објави приштинскиот весник „Коха диторе“. Комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, за време на претставувањето на податоците од извештајот за напредокот за оваа години изјави дека Европската комисија е подготвена да почне разговор за визна либерализација за граѓаните на Косово, но тоа го услови со реинтеграција на повратниците. (МИА) |