Број 3429  четврток, 11 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Свет

Британски принц прв пат во ирска амбасада

Лондон - Британскиот престолонаследник, принцот Чарлс, ја посети амбасадата на Република Ирска во Лондон каде што присуствуваше на приемот посветен на најистакнатите Ирци што живеат и работат во Велика Британија. Ова е прв пат еден член на британското кралско семејство да ја посети ирската амбасада.

Посетата на принцот Чарлс доаѓа во време на се' позасилените најави дека британската кралица Елизабета ќе ја посети Ирска идната година, што би бил прв случај монархот на Велика Британија да го посети Даблин, по стекнувањето на ирската независност во почетокот на дваесеттите години на 20 век. Дедото на Елизабета, кралот Џорџ Петти, е последниот британски суверен што бил крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска.

Можноста кралицата Елизабета да направи таквото „историско патување“ преку Ирското Море во соседна Ирска е повеќепати разгледувано, по потпишувањето на спогодбата од Стормонт и воспоставувањето на мировниот процес во Северна Ирска, но беше оставена настрана од безбедносни причини и во очекување да се зацврсти процесот на помирување во покраината.

Лидерите на главните политички партии во Даблин, како и угледни Ирци во Лондон сметаат дека веќе е време за посета на британската кралица. Претседателката на Ирска, Мери Мек Алис, која беше во приватна посета на Лондон минатата година и се сретна со кралицата, ја најави можноста тоа да се случи набрзо. (МИА)


#
Статијата е прочитана 446 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Обама
Шарон е уште во кома, неговата политика живее
Жестоки кавги пред самитот на Г-20
„Слаткиот живот“ се скисели
Херман ван РомпуЈ бара помош за Западен Балкан
Сингапур приземји три „ербаси А380“
Уапсени крадците на бугарското злато
Нови напади на христијаните во Ирак
Мамеле дека се жртви на нацизмот и добиле 42 млн. долари
ЕК го третира Косово како територија под ОН
Пензиските реформи станаа закон
Политичари добиваат писма со ножеви
Нема решение за Западна Сахара
Али Агџа го обвини Ватикан за атентатот






Croatian citizens sceptical of EU membership, poll reveals.
Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'