Херман ван РомпуЈ бара помош за Западен Балкан
Берлин - Претседателот на Европската унија, Херман ван Ромпуј, ги повика земјите од ЕУ да го завршат обединувањето на Европа и да ги примат во членство државите од Западен Балкан.
Ван Ромпуј во вторникот вечерта во Берлин, во говорот пред европски и германски политичари, упати апел до проевропските влади на земјите од Западен Балкан да не го губат ентузијазмот, а од населението побара да не ја губи надежта. Тој напомна дека вл��гување во ЕУ на земјите од Западен Балкан ќе значи крај на војните во долгата историја на Европа. (МИА) |