Уапсени крадците на бугарското злато
СофиЈа - Бугарската полиција уапси шест лица за кои постои сомневање дека кон средината на октомври од царинското складиште на софискиот аеродром украле 340 килограми злато, соопшти бугарскиот министер за внатрешни работи, Цветан Цветанов.
Меѓу уапсените се и долгогодишниот цариник Ѓорѓи Генерал, кој работел на царина во Горубљан во близина на Софија до 2009 година и Румен Божинов, поранешен заменик-директор на бугарската царина.
Цветанов изјави дека при претресот кај уапсените е пронајдено големо количество златен накит чие потекло ќе биде дополнително утврдено. Групата е уапсена за време на ноќта во рамките на полициската акција „Комбинатори“. (МИА) |