Пензиските реформи станаа закон
ПАРИЗ - Реформите во францускиот пензиски систем со кои се зголеми возраста за заминување во пензија се потпишани од претседателот Никола Саркози и со тоа стапија во сила, по неколкумесечни протести, оставајќи го слободен да се фокусира на последната фаза од неговиот мандат и на изборите во 2012 година. Законот со кој постепено ќе се зголеми минималната возраст за пензионирање и крајната возраст за пензионирање за уште две години, на 62 односно на 67 години, беше објавен во изданието од 10 ноември на Службен весник на Франција. (Ројтерс)
|