Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мислења

Излези и бори се!

Ивор Мицковски

Секој самосвесен човек во оваа земја доколку погледне длабоко во себе, ќе пронајде причина за бес, револт, причина за протест

Постои еден мал парадокс во однесувањето на Груевски во последно време. Човекот ги избегнува медиумите, тој ги критикувал и порано, но сега, едноставно, бега од нив. И што прави, се мобилизира и тргнува во нова авантура. Надвор, на терен. Груевски сам го крши виртуелниот свет на Груевски? Господарот на медиумите, човекот што живееше од рејтинг и за рејтинг, тој што ја поистовети политиката со маркетинг, реши да излезе на улица и да се соочи со реалноста. Реалноста беше сурова. Излезе со својот народ, со своите војници и доживеа дебакл, кој не само што го потврди крајот на една љубов туку и покажа сериозни организациски пропусти кај власта. Сега левицата, наследникот на масовните партии има шанса да му покаже на Груевски како се организира сериозен митинг и повеќе од тоа, еден сенароден протест. Левицата е таа што ќе го освојува медиумскиот простор, меѓу другото, затоа што за неа, за разлика од власта, тишината е последно нешто што и' треба. Но, вревата, понудата и акцијата на левицата нема да тргнува од екраните, напротив, таму ќе завршува.

Груевски следеше логика на комуникација - манипулаторска и популистичка, комуникација од дистанца преку ТВ-екраните. Тоа што тој и неговите го заборавија е дека кога комуникацијата ја диктира политиката, тогаш е тешко да се контролира таа. Дури и за оној што реално ја контролира. Зошто? Затоа што постојано и' се заканува и е во контрадикција со „демократијата на јавното“, едноставно, недостасува довербата.

Се' додека Груевски ја градеше својата лична приказна на успешен технократ, на економски преродбеник, на човек што прави, потпомогнат од залезот на иде��логиите и на масовните партии, неговата приказна изгледаше веројатна. Кога сите танкери му потонаа, кога остана само прост популист и политичар што јава на емоции, започна неговата демистификација. Сега тој ништо не работи, само зборува. На митингот - дебакл, покрај тоа што говореше во стилот на Кастро, најмалку 70 минути, забележливо беше како се пени и буквално се дере. Посилен сигнал дека самиот чувствува како неговата порака не допира и не е разбирлива, не постои. Најголемиот проблем на приказните создадени на ТВ-екраните е кога тие ќе бидат затемнети од некоја реална приказна. А такви во нашата земја ги има премногу. Сиромаштија, пропадната економија, здравство пред колапс, никакво образование, опозиција во подем, би можел да набројувам до утре. Кога реалноста ќе нагризе, нема приказна што држи, тогаш и најграндиозните лаги пукаат пред најбаналните вистини. Тогаш директната врска меѓу лидерот и неговите избирачи - гледачи се комплицира. Тогаш, конечно, реалноста победува пред нарацијата. Тука завршува виртуелниот спектакл. Добра ноќ, таго.

Сега кога го санкциониравме крајот на виртуелното, време е да кажеме како го замислуваме реалното или новата реалност, која Македонија и секоја индивидуа може да ја живее. Или барем како се стигнува до тоа. Отсекогаш сум бил ориентиран да верувам дека секоја промена, голема идеја или акција тргнува од индивидуата и треба да биде насочена речиси ексклузивно кон неа. Дури потоа доаѓа колективната свест, акцијата се претопува во култура, културата станува вредност или политика за повторно да се врати кај индивидуата како еден заокружен мисловен и реален процес. По тој круг, по тој истрчан маратон, напредокот е за сите, прогресот е сеопшт, добиваме побогато општество, подобра држава, пофункционален систем. За да ја направиме таа револуција, потребно е секој од нас да се преиспита, да погледне во себе, да си постави јасна цел и да тргне кон нешто ново.

Најстрашното нешто во едно општество е да се биде изолиран, да се биде обележан, да се носи некаков наметнат и понижувачки жиг. Оваа влада подели премногу такви жигови, направи премногу поделби, го навреди достоинството на премногу луѓе и на премногу категории. За сите нас е тешко сами да го подигнеме гласот, да излеземе од редот и да бидеме жртви на едно малцинство, кое се замислува мнозинство и кое се чувствува навредено затоа што има поинаква идеја од нас за тоа што е чесно и правилно. Денес треба да ни биде јасно, нема потреба да се затвораме во мали и импотентни групи и таму да го бараме сличниот. Здравите и вистинските луѓе на оваа земја се побројни, подобри, имаат повеќе причини и поголеми цели од оние што до вчера не' делеа. Не' делеа наспроти нашата волја, но не сфатија дека со таа поделба само тие се губитници и самите се изолираат од реалното општество. Затоа не постои подобар начин новото да почне со уривање на старото, а притоа сосема легитимно да се очекува од новото да понуди идеи, решенија, нови политики и визија за едно подобро општество.

Многумина политичари го повикувале народот на акција повикувајќи се на многу различни каузи, на различни виши цели, далечни од неговата секојдневна егзистенција. Овој пат, повикот што доаѓа од опозицијата го толкувам како повик кон индивидуата, затоа што секој човек е виша цел. Затоа што не сме народ се' додека секој посебен човек не се пронајде повторно, не се подигне со тоа што ќе го подигне својот глас, не излезе од општата резигнираност. Се' дотогаш не постои ништо поголемо или повозвишено што би можеле претходно да го направиме. Актуелната власт цело време ни зборува дека сме народ со исправена глава, со исправен грб и како тие не менувале кога вистината е дека само дополнително ги инхибираат народот и индивидуата. Јас сум сигурен дека секој самосвесен човек во оваа земја доколку погледне длабоко во себе, не мора да гледа околу себе, ќе пронајде причина за бес, револт, причина за протест.

И повторно ќе звучи како акцентот да е на паролите и на слоганите, кои ве повикуваат на акција, како што се правдата, слободата, подобрата иднина и слично. Мојот став е дека тие пароли се добри за мобилизација, за повик на протест, но, воедно, мислам дека нема поголема мотивација од тоа секој човек да го стави прстот на чело и да направи интроспекција.

Дури кога ќе се соочиме со себе, следува борбата со другиот. Многу е полесно да бидеме искрени со луѓето што ни се блиски, што ги гледаме секој ден, на кои им веруваме, но со кои заедно го споделуваме општеството базирано на стравот. Многу е пот��шко да сфатиме дека нашите лични чувства, нашите желби и стравови ги споделуваат многу други луѓе. Тоа се случува доколку сите тие луѓе ги видиме на исто место, со иста енергија, волја и надеж. Борбата со стравот само така се извојува, сите заедно и секој од нас поединечно.

Тоа што не смееме да го потцениме е силата на тој што треба да му се спротивставиме. Не смееме да ја потцениме реторзијата и притисоците, кои врз многумина ќе натежнат. Сите ние сме само месо. И токму затоа што стравот може да подели, ние ќе го искористиме за да не обедини. Нема да се водиме само од личниот пример и храброст, бидејќи храброста сама по себе нема никаква морална вредноста, таа не е доблест. Потребна е морална храброст и е потребна опозиција што се води според некакви вредности. Во спротивно, опозицијата е само празна черупка. И верувајте, ниедна опозиција, ниеден протест, ниедна состојба не треба да зависи од доблеста на оној што не' повикува. Секогаш тоа што ја определува оправданоста на протест е веродостојноста на една фактичка состојба, состојба, која навистина е неправедна и непотребна. Но, токму затоа и затоа што тој што ве повикува, ве повикува прво да се преиспитате самите себе, јас верувам дека огромно мнозинство од нашиот народ ќе ја најде причината, неопходноста зошто мора да се побуни, зошто мора да преземе акција и да протестира.

Демократијата, нашата состојба, претпоставуваат одредена граница, одредено ниво на толеранција. Таа граница одамна е помината.

(Авторот е политички аналитичар)


#
Статијата е прочитана 1807 пати.

Испрати коментар

Од: Dejan
Датум: 21.06.2010 00:18:01
Se izvinuvam , ne uspeav da docitam do karaj.Samo edno ne vi e jasno. Ocrnuvajte go kolku sto sakate Gruevski, ama narodot pak ke go glasa. Zosto? Ne deka e tolku dobar ili ne daj boze sovrsen, tuku zatoa sto alternativata e za nikade.Horor.Taka da dzabe progandava.
Од: jovan
Датум: 21.06.2010 00:28:48
Naprotiv.Gruevski mnogu dobro znae koga treba a koga netreba da se pojavi vo mediumite.Sega netreba, bidejki ja napravi onaa glupost so proslavata na VMRO koja licese na paradite od Severna Koreja.Normalno sega ceka ovoj zaglupaven narod malku da zaboravi na toa, i... ete ti go na TV so vetuvanja za nekoj novi dostignuvanja i podvizi sto ke se slucat 2012,2014,2020, ili vo najdobar slucaj slednoto leto,dodeka istiot toj zaglupaven narod ke se voodusevuva.Fintata mu e mnogu ednostavna(Todor Zivkov i Bugarite ja upotrebuvaa vo 70setite godini)Ako napravis glupost,molci dodeka ne se zaboravi, potoa udri propaganda i lagi.Neznam kako toa ne ste go primetile do sega.Grujo pokraj toa sto uci od Zingo, uci i od Bugarskata skola.(uostalom Zingo e sega vo biznis so Bugarskata Mafija).
Од: Bobi 77
Датум: 21.06.2010 00:40:40
Klasicen primer na tekst ,od covek koj se prestavuva vo vesnikov kako politicki analiticar , a po iznesenite tezi i komentari se dobiva vpecatok deka e clen na partija (koj ima golem procent na doverba kaj narodot duri nekoi 12%) i e glaven organizator na nekakov si miting.
Од: Tome Stojanovski,dipl.el.ing.62god.tel.20 41 586
Датум: 21.06.2010 02:01:52
Ah, G(r)ujo,Grrujo,guja te kasnala, da ne bese Ti znaes li kolku skoluvani luge bez rabota ke ostanea ,kolumni ne ke pisuvaa,imeto po vesnici ne ke im izleguvase.Ti neranimajko,sto plati kacuvase, subvencii delis,spomenici pravis ,lazen rejting zidas!,.Ime ne davas, so EUropa ne zamajuvas, vo crnila ne zavivas.Begaj Grujo ,guja te kasnala, od taa vlast strasna,prepusti ne na drugite oti tie dobro gi znaeme,so Tebe na arno ne ke e!!!!
Од: Карокан-гамбит
Датум: 21.06.2010 03:04:50
Текстот и воопшто не ��ораше да се чита.Тие за кои синтагмата=Знаењето е сила,знаењето е моќ= не е само декларативна тоа и и самите го знаат. На другите,како некој си Дејан и некој си Боби 77,на кои истата синтагма им е во повеќекратни наводници,џабе им е објаснување. Кај нив таа синтагма е само декларативна и декоративна. Уште да ја посадат во саксија и полеат со вода,како украс на нивната и така розово- цветна околина!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: Boge
Датум: 21.06.2010 03:36:14
Nisto ne mi e cudno da procitam eden vakov teks od Mickoski i toa posle govorot na Grueski . Ama vakvi tekstovi citavne i pred govorot na Grueki ,znaci nebil kriv govorot nego analiticarot si pisuval po staro scenarijo so godini.A za sobirot na opozicijatace se soberat 2 do 3 iljadi ce go slusnet Branko kade im obeca novo 15 septemvri ili ete neka bidi i dekemvri i pak ce reci netreba novi izbori posto samiot e PREPLASEN od novi izbori zatoa sto ce treba definitivno da pocnit da si e koristit PENZIJATA .Vreme e SDSM da si izberit nov lider dosta e od Branko koj se igrat so negovoto clenstvo ako nesakat eden den da najdit ova partija kako ona na Tito,Andov,ili nedaj boze kako AMDI BAJRAM.
Од: Santo
Датум: 21.06.2010 06:18:52
Ubavo ste analizirale i ,,samobendisanosta,, na vlasta i pricinite za revolt kaj narodot,no zaboravate da kazete deka narodot da se organizira da ja rusi taa ,,tazna,, realnost treba da gleda nekoe ,,svetlo vo tunelot,, nekoja ,,nova nadez,,.Zasega takva ,,nadez,,narodot ne prepoznava vo opozicijata. i zatoa takviot rejting na opozizijata.Tie cekaat da vlasta ,,epten,, mu zdosadi na narodot pa da stignat na vlat,bez idei bez alternativi.Zatoa iako vlasta e ,,azdisana,, i neznae sto pravi uste dolgo dolgo ke vladee,zosto narodot nema izbor.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.06.2010 06:22:37
Добра анализа,непристрасна и очекувана.Еден митинг имавме кој ,,крахирал,, според аналитичарот а сега друг во кој види чудо ќе прозборела тормозената индивидуа ама преку својот својот посредник лидерот на опозицијата, и највероватно и плус индивидуи кој се надеваат дека тој ќе им го реши проблемот.Тоа што митингот е ист како предходниот не го засега аналитичарот и затоа несакајќи прокламира,,со митинзи во нови порази,,
Од: Makedonec od R:Makedonija
Датум: 21.06.2010 08:47:09
Vo eden govor toj rece " ..Ne znam kako da i objasnam na opozicijata......" Kako nemu treba da mu se objasni deka vo RM ne zivee samo Nikola Gruevski i negovite VMROvci deka tuka ima i narod "Kakov takov" koj e isplasen nezaposlen razocaran i rasejan so nikakva svetla tocka vo idninata - Ne zatoa deka toj narod"Kakov takov" ne znaee ili ne razbira tuku nema koj da go vodi napred . Tocno e toa deka vo MAK denes nema nekoja si golem izbor na politicari no tie se "Kakvi takvi". Prasanjeto ke bide mnogu brzu odgovoreno ako se pogleda vo brojot na iselenici od MAK vo poslednive 20 tina godini . Da se bide Gorge Bush vo Makedonija e mnogu lesno ali bidi toa vo USA !!!! Makedonec e toj sto gi znae site dupki i ulici komsiite od sprotiva tradiciite sto se prenesuvale od generacija na generacija pokraj dolinata na rekaata Varda tie sto gi ostavija svoite najbliski vo NOB i vo vojnite pred toa tie se tie koi se ziteli na ovaa zemja?!
Од: Do Bobi
Датум: 21.06.2010 09:04:04
Bidejki ne dade nitu eden argument dali se sto e izlozeno vo tekstot e vistina, odgovori ti na koja partija i pripagjas i kolku te placaat??? Tvojata partija tone i i nema spas, narodot dva pati se izlaza no tret pat sigurno ne. Duri i Branko e poslastica vo odnos na ovaa kataklizma.
Од: Modesti
Датум: 21.06.2010 09:11:40
Почитувани, не е коректно ниту професионално да не напишете дека авторот е аналитичар на СДСМ. Утрински се гордее со својата опозициска провиниенција која ја „чита“ како доказ за критичноста која му е својствена на професионалното и одговорното новинарство. За жал немате причина да се гордеете..Ваквите навидум ситни пропусти (фактот што Ивор Мицковски работи во аналитичкиот центар на СДСМ не го прават политички аналитичар туку аналитичар на СДСМ) се многу повеќе причина да ве доживуваат како пристрасни и политички обоени, отколку сериозната и аргументирана критика која се базира на аргументи.
Од: tatoo
Датум: 21.06.2010 09:28:18
Г-да. Не судите пребрзо, туку прочитајте го внимателно текстот. Ако сеуште не сте погледнале во себа и околу себе, тогаш за вас нема надеж. Единствената надеж Ви е изгубена. Само едно не ми е јасно. Со што овој премиер ве залуди толку за да не можете да ја согледате (искрено) моменталната (Ваша) состојба и состојбата на земјата во која живееме.
Од: hbobi
Датум: 21.06.2010 09:50:30
ti, gjoamiti analiza pravis ?!?!
Од: забеган.
Датум: 21.06.2010 10:36:31
Господине-ИГОР текстот тие супер но кој да излезе и да се бори??.Да беше во некоја нормална ДРЖАВА ваква состојбата одамна тие што ја водат ќе беа избркани од Државата.Првин опозициата неје асолна да го крене Народот да се брани,од арач,казни,немаштија,глад.А некојси си играт со споменици со антики и да не редам доволно е.
Од: ivona
Датум: 21.06.2010 10:39:42
narode ne se oteretuvajte so grujo i negovata familija, sigurni se deka 2012ke bide potop i sto moze da se izuziva do dogas uzivvaj i teraj za sebe ne se za narodot,bukvalno takva e nivnata politika od pocetok do denes ama za vakov narod malku e komu mu veruvaat.
Од: Праведна надница за праведен работен ден
Датум: 21.06.2010 11:55:20
Време е да се размислува за новата агенда.Како и да е, се задоволија апетитите соодветно пропорционално на сите категории гласачи,од страна на сите категории изгласани..На наредни избори тие категории ќе стартуваат со иста почетна позиција.Сега повеќе поднаучени,поискусни,кои ќе бараат повеќе,а овие другиве кои не ќе даваат ни помалку.Значи,пубертетското во политиката,па и тинејџерството завршува.Време е во зрелото доба и зрело да се однесуваме.Само тоа е лекот.Другото само по себе ќе си дојде.Значи,време е за адиос,на сатарите цаки,и примена на реал-комуникацијата по сите основи.Зашто,блиску е денот кога рајата ќе го повика на Енгелс.Тогаш збунет,народот,да не даде се за џабе.Одсем,ако не се чека тој ден!?Каква храброст!Каков патриотизам!?
Од: Крт
Датум: 21.06.2010 12:50:37
Сите што не се со ДПМНЕ да ти биле опозиција (според Груевски) ?! Ама немојте, треба ли да бидам член на некоја партија па да имам правилен третман од страна на ДПМНЕ.Најдобро ќе биде да се помине во ИЛЕГАЛА, судејќи според тоа како БОБИ 77 заговара стап за неистомислениците.Нека не заборава-истиот има ДВА КРАЈА.
Од: alek
Датум: 21.06.2010 13:25:58
donekade e tocno deka vlasta napravi greski,no najiskreno receno koja e alternativata za ovaa situacija???dali anemicnata partija SDSM koja e poveke od zanikade i koja se dodeka e branko na vlast tamu ,nema da mrdne ni santimetar..ili onie liberaldemokrati so onoj filizofot zernovski kojsto koga govori cinis ima 200.000 glasaci pozadi nego...kutriot zar ne gleda deka se nekolkumina utopisti so onoj manasievski...zatoa makedonski narode sega zasega vmro-dpmne e cvrsto na vlast sakale ili ne zatoa sto nema koj da se sportivstavi!
Од: Борче
Датум: 21.06.2010 13:47:41
Другар новинар извини ама појма немаш! Незнам како ти даваат волкав простор во Весник што секој ден го читам! Па не е само да напишеш нешто па и критика! 1.Груевски не е во залез.Во подем е за жал! 2.На кој треба да се спротиставиме??! На народот,на името Македонија??!!

Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка