Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

За „Јужен поток“ малку ќе почекаме

Првиот човек на „Гаспром“, Милер, рече дека за два-три месеци ќе биде позната судбината за можно учество на Македонија

Нина Нинеска-Фиданоска


Шансите за влез на Македонија во трансевропскиот гасовод „Јужен поток“, сепак, малку ќе почекаат, и тоа барем неколку месеци. Ако во петокот македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, со голема доза на оптимизам од Санкт Петербург соопшти дека Русија се согласила да ја вклучи Македонија во овој проект, ваквите надежи вчера прилично се разводенија. Конкретно, првиот човек на руски „Гаспром“, Алексеј Милер, потенцираше дека дури за неколку месеци ќе биде позната судбината за евентуалното учество на Македонија во гасоводот.

Поточно, претседателот на Управниот совет на рускиот гигант „Гаспром“, Милер, како што пренесе нашата агенција Е-репортер, на прес-конференција соопштил дека треба да биде направена техничка и економска анализа на можноста за вклучување на територијата на Македонија во гасоводот. „За таа анализа ќе бидат потребни меѓу два и три месеци, и во случај на позитивно решение, може да дојде до меѓувладин договор за вклучување на Скопје“, изјавил Милер.

Претходно, во петокот, македонскиот претседател Иванов по средбата со својот руски колега Дмитриј Медведев, соопшти дека „Гаспром“ се согласила да ја вклучи Македонија во проектот за „Јужен поток“. „Наши експерти имаа анализи дека Македонија останува изолирана од гасоводите ’Набуко‘ и ’Јужен поток‘, но оваа најава отвора можност за добивање евтини енергенси, а ќе значи енергетска стабилност на земјата“, изјави Иванов.

Министерот за финансии, Зоран Ставрески, нагласи дека со изградбата на коридор од „Јужен поток“ кон Македонија, земјата влегува на меѓународната мапа на енергетски транспортни коридори. Според него, „Гаспром“ наскоро треба да испрати експертски тим што ќе ги определи перформансите на гасификацијата, со што ќе се овозможи македонското стопанство да добива евтин гас. Експертскиот тим ќе го утврди и правецот на кракот од „Јужен поток“ низ Македонија, по што би следувало потпишување на меѓувладин договор за реализација на тој проект.

Се планира „Јужен поток“ да се реализира со учество на „Гаспром“, и тоа 50 отсто, италијанската корпорација ЕНИ да учествува со 40 проценти и 10 отсто да биде учеството на францускиот енергетски гигант ЕДФ. Околу 900 километри од гасоводот треба да минува по дното на Црното Море до Бугарија. Цевководот треба да доставува годишно 63 милијарди кубни метри гас за Европа. Договори за учество во проектот потпишале Австрија, Бугарија, Унгарија, Грција, Словенија и Хрватска, а интерес пројавува и Романија.

Инаку, по долги години јалови преговори, натегања и одолжувања, завчера, конечно, во Санкт Петербург беше потпишан Договорот за намирување на рускиот клириншки долг кон Македонија. Македонскиот вицепремиер и министер за финансии, Зоран Ставрески, и рускиот заменик-министер за финансии, Дмитриј Панкин, во саботата ги ставија своите потписи на оваа спогодба. Со договорот, кој го регулира намирувањето на долгот на некогашниот Советскиот Сојуз кон поранешна Југославија, Македонија добива 60 милиони американски долари, што ќе бидат искористени за реализација на проектот за гасификација на земјата.

Македонската страна побрза да го оквалификува овој потег како историски, а Русите изразија големо задоволство од парафирањето на Договорот, дополнувајќи дека сега се создавале услови за уште поголема соработка меѓу Македонија и Русија.

Ставрески е сигурен дека она што ќе го добиеме од Русија заедно со околу 15 до 16 милиони долари, кои планира да ги финансира нашата Влада, ќе бидат доволни за успешно да стартува проектот за гасификација на Македонија, кој вкупно се проценува на 300 милиони евра. Останува да се види дали во наредниот период работите навистина ќе се помрднат од мртва точка.

„Со потпишувањето на овој Договор се затвора едно децениско прашање што ги оптоваруваше односите во економскиот дел и верувам дека сега ќе се унапреди економската и енергетската соработка меѓу двете земји“, изјави Ставрески по церемонијата на потпишување на спогодбата. Според него, Македонија со ова, практично, добила можност за зголемена соработка со Руската Федерација и со еден значаен партнер, како што е „Гаспром“, енергетски гигант во светски размери, кој ќе ни помогнел побрзо да го реализираме проектот за гасификација.

Според пресметките, реализација на вкупниот проект за гасификација на Македонија чини 300 милиони евра, од кои во првата фаза со средствата од клириншкиот долг и од македонската Влада ќе бидат обезбедени вкупно 62 милиона евра.


#
Статијата е прочитана 1738 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 21.06.2010 00:27:05
Кумот Ставре,штом нешто каже,гарант лаже.Ама сега штом ја имаме подршката и од наш Ѓоле,мора нешто да бидне.Па човеков нели е претседник на античка жолта,поточно наречерна антика.Со една чашка антика да му веруваш,ама со една чашка вотка,тешко.
Од: saso
Датум: 21.06.2010 08:20:31
sepak dogovorot se potpisa i g-din Miler ne istakna taka kako novinarot toa go prenel.Na Makedonija i prestoi priklucuvanje vo juzniot potok dokolku svoite obvrski gi ispolni vo narednite 30 dena
Од: Cybersex® во Земјата на Чудата
Датум: 21.06.2010 09:57:15
„Прво скокни,па потоа речи Опа-И-Хаа,Ха,Ха...“,вели народната!Вообичаено е прво успешно да се изнасмееме,па потоа неутешно да плачеме!Остваривме,уште пред да почнеме со остварувањата!Влеговме во Европа,уште одамна,пред да не примат!Во НАТО сме со години!Им помагаме во „ослободувањето“на Авганистан и Ирак!Можеби пред нив дури и во Иран ќе стигнеме!Го изградивме АМБО,Вардар е одамна пловен,дури и плажи изградивме...еден гасовод одамна изградивме,се чека само уште на „Потокот“!Ма,каков поток,за Река се работи!
Од: Mu ja rasipaa radosta
Датум: 21.06.2010 10:05:01
Amante bre braca Rusi nemojte taka. Pa Djole dade izjava deka rabotata e svrsena a i Stvareski go potvrdi toa. Ce mu ja rasipite radosta na Latas . Pa toj vo vecernite vesti na "Sitel" taka bombasto kaza za golemiot uspeh , kako da sme se spustile na mesecinata. A vidite toa bilo samo izjavi.Ce se pravele tehnicki i ekonomski analizi za vkljucuvanje na Makedonija vo proektot" Juzen potok" pa ako se pokazele istite pozitivni ce se potpisuval medjuvladin dogovor. Abe Latase mnogu mi e zal za tebe. Ti ja rasipaa radosta ovie braca Rusi. Abe dete prvo proveri gi informaciite , pa posle skokaj od radost na TV ekranot.
Од: Citatel
Датум: 21.06.2010 10:23:07
Е, на кого сега да му веруваме? Исти вакви изјави даваше и хрватската премиерка Косор: договорено е со Русија јужниот поток да поминува низ Хрватска. А Македонија и Хрватска не се соседни земји. наградно прашање: КОЈ ЛАЖЕ?
Од: vernik
Датум: 21.06.2010 11:30:09
veruvam vo nas gole reka od gas ce donese ima razumen kompromis za se za sekoj slucaj kosmodiskot e tuka

Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка