Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Баросо: Еврото нема да умре

Рим - Еврото нема да умре. Тоа е „една од најсилните валути во светот“, изјави претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо. На прашањето дали е можно заедничката европска валута да не преживее, Баросо одговори дека не се согласува со таквата анализа. „Еврото е една од најсилните валути во светот и втора глобална валута“, додаде Баросо, нагласувајќи дека ако се анализираат основите на европската економија, тогаш „ние имаме пониско ниво на задолженост отколку САД и Јапонија“. Претседателот на ЕК се согласи дека „има проблеми со некои земји од еврозоната, но во интерес на сите земји-членки и на оние земји што се надвор од еврозоната, е еврото да биде силно и надежно“. Баросо ја нагласи „решителноста на европските лидери да направат се' што е можно, со цел да се зачува стабилноста на еврото“, повикувајќи се на одлуката донесена во четвртокот во Брисел, на средбата на високо ниво, да бидат објавени резултатите од „тестирањата за стабилност“ на најголемите европски банки. Баросо изрази силно задоволство од фактот дека Европа е во состојба да донесе мерки не само за зајакнување на Пактот за стабилност туку и за напредок за оздравувањето на буџетот. (МИА)


#
Статијата е прочитана 551 пати.

Испрати коментар

Од: Ekim
Датум: 21.06.2010 03:30:25
Sto, da ne go zamrznete(hibernirate) pred da umre pa potoa da cekate da bide pronajden lek, za vasiot frankestajn, narecen evro. Da be , bas toa. Da, no ,vrednosta na edna valuta neli ne se pokrivala so rgjavo zelezo, tuku so zlato i platina.Ne so pozlateni leguri i kipovi, tuku so cisto zlato. Se na se, rabotava vi e faraonska. Trulez,

Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка