Англиските кловнови од Кејп
Англискиот печат очекувано се нафрли на фудбалската репрезентација која одигра мизерни 0:0 во Кејптаун против Алжир во еден од најслабите натпревари во досегашниот тек на Светското првенство. Најмногу „отровни“ стрели доживеа најголемата ѕвезда, Вејн Руни, кој е оценет како најслаб играч на теренот. Тој, пак, по мечот упати забелешки на англиските фанови кои со свирежи му ја нарушувале концентрацијата.
„Куп ѓубре“, стои во насловот на „Daily Mail“, кој фудбалерите на Фабио Капело ги нарече кловновите од Кејп (Cape Clowns) во игра на зборови со местото на одигрување на мечот.
„Притисокот очигледно го скрши Руни чиј настап на ова Светско првенство бара сериозно истражување“, пишува „Times“ и додава дека лошата партија против САД на стартот на Мундијалот се претвори во очајно издание со Алжирците.
„Благодарност за англиската репрезентација за депресивната, себична, очајна и досадна игра. Ги заслуживте сите грдости и свирежи на навивачите“, пишува „The Sun“, а „Guardian“ тврди дека Англија не успеа да ја победи најслабата репрезентација на шампионатот и дека играта против Алжир беше комична.
„Фабио Капело полека ја достигнува репутацијата на поранешниот селектор Ериксон, а како игра Англија, ќе жалиме дури и за нашиот најлош селектор на сите времиња, Стив Мекларен“, продолжува „Guardian“.
Англија во последниот меч од групата Б мора да ја победи Словенија, единствената опција за Гордиот Албион за пласман во осминафиналето. Притоа британскиот печат е обединет дека Капело мора да ја смени тактиката и Стивен Жерар да добие поофанзивна улога. Некои британски таблоиди утеха најдоа во поразот на Германија од Србија (0:1)
Група А
Табела
1. Уругвај 2 1 1 0 3:0 4
2. Мексико 2 1 1 0 3:1 4
3. Франција 2 0 1 1 0:2 1
4. Ј. Африка 2 0 1 1 1:4 1
Група Б
Табела
1. Аргентина 2 2 0 0 5:1 6
2. Ј. Кореја 2 1 0 1 3:4 3
3. Грција 2 1 0 1 2:3 3
4. Нигерија 2 0 0 2 1:3 0
Група Ц
Табела
1. Словенија 2 1 1 0 3:2 4
2. САД 2 0 2 0 3:3 2
3. Англија 2 0 2 0 1:1 2
4. Алжир 2 0 1 1 0:1 1
Група Д
Табела
1. Гана 2 1 1 0 2:1 4
2. Германија 2 1 0 1 4:1 3
3. Србија 2 1 0 1 1:1 3
4. Австралија 2 0 1 1 1:4 1
Група Е
Табела
1. Холандија 2 2 0 0 3:0 6
2. Јапонија 2 1 0 1 1:1 3
3. Данска 2 1 0 1 2:3 3
4. Камерун 2 0 0 2 1:3 0
Група Ф
Табела
1. Парагвај 2 1 1 0 3:1 4
2. Италија 1 0 1 0 1:1 1
3. Н. Зеланд 1 0 1 0 1:1 1
4. Словачка 2 0 1 1 1:3 1
Група Г
Табела
1. Бразил 1 1 0 0 2:1 3
2. БСК 1 0 1 0 0:0 1
3. Португалија 1 0 1 0 0:0 1
4. С. Кореја 1 0 0 1 1:2 0
Група Х
Табела
1. Чиле 1 1 0 0 1:0 3
2. Швајцарија 1 1 0 0 1:0 3
3. Хондурас 1 0 0 1 0:1 0
4. Шпанија 1 0 0 1 0:1 0 |