Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија

Бескрајните потенцијали на сонцето во функција на националната економија

Иван Бојаџиски

СВЕТИ НИКОЛЕ - Фотоволтаични системи за производство на електрична енергија од потенцијалите на сонцето ќе бидат поставени на зградата на Универзитетот на Меѓународниот славјански институт во Битола.

Договор за соработка на ова поле во Свети Николе потпишаа Филип Харел, претседател на бордот директори на француската компанија „Кобсолеја“, една од најпознатите производители во светот на вакви системи, Јордан Ѓорчев, директор на Меѓународниот славјански институт „Гаврило Романовиќ Державин“ во Свети Николе и Андреас Бом, генерален директор на „Глобал енергетски системи“.

„Се одлучивме првите фотоволтаични системи да ги инсталираме на зградата на нашиот универзитет во Битола, на површина од 116 квадратни метри и во тој процес ќе инвестираме 400.000 евра. Во оваа меѓународна соработка гледаме двојна корист. Имено, покрај производство на електрична енергија од 130.000 киловат-часа на годишно ниво, што е вредност од 50.000 евра, со „Кобсолеја“ воспоставуваме односи и во областа на науката. Имено, нивни експерти имаат одлични деловни односи со повеќето универзитети во Европа, а ние планираме, веќе од идната година, на МСИ да формираме факултет за алтернативна енергија, при што најголемиот дел од професорскиот кадар ќе доаѓа од семејството на „Кобсолеја“, вели Ѓорчев.

Филип Харел во Македонија дошол воден од сознанијата дека Владата се' поголем приоритет давала на искористување на алтернативната, обновлива еколошки чиста енергија.

„Правевме долгорочни анализи за можностите на повеќе европски земји за користење на алтернативните енергетски извори. Македонија, со над 260 сончеви дена е една од најподатливите за користење на енергијата на сонцето за производство на струја. Поради тоа, со задоволство ја прифативме иницијативата на Јордан Ѓорчев да оствариме соработка на двете важни полиња-енергијата и науката“, изјави Филип Харел.

Според првиот човек на „Кобсолеја“ во Европа најдалеку во искористувањето на алтернативните, обновливи енергетски извори најдалеку била отидена Германија.

„Во Франција само два процента од енергетските потреби државата ги обезбедува од сонцето, ветерот, биогасот и термалните води, но во последниве години овој процес силно се стимулира и се добива на интензитет. Сегашните, традиционални енергетски извори не се неисцрпни и како цивилизирани луѓе имаме одговорност пред иднината“, вели Харел, кој објаснува дека нивната компанија на ова поле работела во десетина европски држави.

Фирмата „Глобал енергетски системи“, која во Македонија ја води Андреас Бом, ќе работи на реализацијата на фотоволтаичните системи во Битола. Според Бом, нашата држава ги има сите предуслови за развој на оваа технологија, бидејќи сонце имаме во големи количини, само треба решеност тие бескрајни потенцијали да ги ставиме во функција на општото добро на граѓаните и националната економија.


#
Статијата е прочитана 1669 пати.

Испрати коментар

Од: Radmila
Датум: 21.06.2010 00:14:49
Eve uste eden dokaz deka nasite " ekonomski promotori " se dzabolebojadari.
Од: Od Sveti Nikole
Датум: 21.06.2010 02:27:11
Ovie na univerzitetot so se se zanimavaat samo so nauka i znaenje ne. Od kaliforniski crvi pocnaa, preku noevi, sega lozija, ugostitelstvo, organiziranje na svadbi, krstevski, pa do fotopaneli... Sestrani luge! , samo taka, nikoj ne zema da preispita so se rabote tamu, kako se polagaat ispiti, sto dobivaat studentite... toa tamu e moderna proizvodstvena letna za serisko pecatenje na DIPLOMI, samo si platite i ne mora na predavanja da odite, ke pocekata 4 godini, redovno ke si plakate i ke dobiete HARTIJA na koja pisuva DIPLOMA. Moze i da ne znaete da citate. Sramota!!! Znam deka ke recat deka ne e taka, ali aj neka potvrdat, neka organiziraat natperevar vo ZNAENJE pomegu nivnite ceneti "profesori" i "studenti" i nekoi od drug univerzitet(ne ocekuvam nesto i od tamu no javnosta samo da im go vidi akalot). Sramota i za novinarot koj kako potparol da mu e na Gorcev, a ne go sogleduva intelektualnoto osakatuvanje na tie sto se zapisuvaat tamu.. UBAVA HRANA PRIRPEMAAT VO RESTORANTOT :)

Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка