Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Мотофестивал

Дождот ја намали посетеноста

Мотобратството „Ноќни волци“ викендов го организираше шестиот Меѓународен мотофестивал што се одржа на скопското Кале, каде што под отворено небо се собраа повеќе заштитници на мотокултурата, љубопитни посетители и музички обожаватели.

Музичкиот дел беше резервиран за „Прпл цепелин“, Дани, „Уикеда“, „Брчки“, „Смат“, „Вип“, „Деј оф“ и „Електрични оргазам“. Популарната пејачка Дани и Бугарите „Уикеда“, кои со својот ска-панк манир, иако времето беше дождливо, ја собраа разиграната публика пред бината, приредувајќи им интересно концертно доживување.

Бината беше поткрепена со интересни визуелизации и одлично озвучување, а во просторот на Калето беа ��аспространети голем број штандови со сувенири, ракавици, кожени јакни, алки, марами, различни моторџиски реквизити, но и места каде што присутните можеа да купат пијалак или да пробаат некое парче скара.

Се разбира, насекаде низ фестивалот беа паркирани мотори, чии сопственици се дружеа и се забавуваа пиејќи пиво и слушајќи музика.

Водител беше Игор Џамбазов, а за разлика од минатата години, неколку редовни посетители беа разочарани од посетеноста на фестивалот.

И за крај, да го спомнеме и саботното моторџиско дефиле на „Ноќните волци“, кои возеа од Калето низ скопските улици се' до плоштадот каде што на поставените бисти на Делчев, Груев и на Ченто положија цвеќе. (Б.Ш)


#
Статијата е прочитана 1319 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa ��уристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка