Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Од стручен агол

Франција и Англија го отпеаја своето

Мирослав Ќиро Блажевиќ

Дали е потребно да им го претставуваме Ќиро Блажевиќ, фудбалската тренерска легенда на поранешна Југославија на нашите читатели. Човек што живее за фудбалот и како што самиот вели, ќе умре поради фудбалот. Тешко е дури и самиот Ќиро да се сети во колку клубови бил тренер: Динамо, Хајдук, ПАОК, Нант, Грасхоперс, дури и во Приштина, беше селектор на Швајцарија, Иран, Босна и Херцеговина, со Хрватска која ја водеше на Светското првенство во Франција 1998 година го освои третото место што беше најголем успех на хрватскиот фудбал. Малку требаше во последните квалификации за Светското првенство во Јужна Африка да се пласира и репре��ентацијата на Босна и Херцговина која тој успешно ја водеше се' до оној несреќен пораз од Португалија во Сараево.

„Кога гледам кои репрезентации играат во Јужна Африка, сигурно имаше место и за Босна и Херцеговина, но тоа е сега долга и тажна приказна“, беа првите зборови на популарниот Ќиро кој во моментот е на подготовки во Словенија со својот клуб Шангај од Кина. Синко, постојан збор на Ќиро кога разговара со новинарите, слободно напишете: тоа што фудбалерите на Босна и Херцеговина не играат на Светското првенство, тоа беше предавство за Ќиро и за босанскиот народ. Со ова, слободно напишете, се' сум кажал.

-Тука во Словенија на малите екрани ги следам сите мечеви заедно со моите кинески играчи. Јас уште пред шампионатот за хрватските весници изјавив: Англија, Франција и Шпанија според мене се отпишани за титулата светски првак. Зарем не бев во право. Видовте како играа Французите, очајување и беда, катастрофален фудбал, со некои застарени варијанти. Англичаните ништо подобри иако се' уште имаат шанси да влезат во вториот круг. Зошто се лути Капело на своите играчи, Руни, Лампард и останатите играат на своја рака, никој никого не слуша. Шпанија беше многу „надуена“ пред Светското првенство, сите веќе ги гледаа во финалето. Имаат одлични напаѓачи, но против Швајцарија играа дури со шест играчи за врска. Што сакаше со тоа Дел Боске, но јас сум, сепак, тренер не сакам да ги критикувам колегите.

Мислам дека за титулата ќе се борат Аргентина, Бразил и Холандија. „Лалињата“ заслужуваат еднаш и тие да бидат светски прваци, редно е. Секогаш се при врвот никогаш на тронот. И овој пат имаат добра и дисциплинирана репрезентација.

Имаше неколку изненадувања, малите не ги признаваат големите.

-Ќе има уште, особено во третото коло кога мора да се игра на се' или ништо, кога ќе паднат во вода сите тактики и калкулации на тренерите. Може да се случи да извиси и една Германија, која морам да признаам не е тоа репрезентација која порано водеше главен збор на шампионатите. Да бидам искрен, јас навивам за „нашите“, кога велам нашите мислам на Словенија и Србија. Браво за моите сегашни домаќини во Словенија, но не можам да им простам како го прокоцкаа водството од 2:0 против САД. Дури на крајот можеа и да загубат. Од друга страна, фудбалерите на Србија се доста силни, но непредвидливи. Никогаш не се знае како и кога ќе заиграат. Но јас имам голема доверба во мојот драг пријател селекторот Антиќ. Тој знае да ги мотивира играчите и верувам дека ќе успеат да ја победат Австралија. Ваква шанса Србите не смеат да ја пропуштат за да се најдат во втората рунда.

-Пред некој ден заедно со една група мои фудбалски пријатели во еден разговор неофицијално составивме една репрезентација од поранешните југословенски републики. Замислете го тој состав во кој би играле Олиќ, Модриќ, Срна, Станковиќ, Видиќ, Ивановиќ, Јовановиќ, Џеко, Јоветиќ, Вучиниќ... Ќе се бореше сигурно за титулата. Тоа беше само потсетување на поранешните времиња. Никој не може да не обвини за тоа.

-Знам дека можеби ќе ме прашате кој играч досега оставил најсилен впечаток. Кој, никој некако сите се „удавени“ во тактичките варијанти на тренерите, барем досега не видов фудбалер за кој можам слободно да кажам: тој ќе биде ѕвезда на првенството. А, дали вие видовте? Морам на крајот да кажам жал ми е за Камерун, зарем е можно толку шанси да не реализираат во мечот со Данска. Сами се исфрлија од втората рунда, премногу играа на Ето, тоа беше голема грешка на нивниот стручен штаб и, можеби грешам, но Уругвај и Мексико на нив треба да се внимава, можат пријатно да изненадат. (M.M.)


#
Статијата е прочитана 1168 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на ��копје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка