Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Поглед

Власта глуми опозиција

Гордана Дувњак

Невладините организации неодамна со декларација ја потсетија власта дека е одговорна да го направи решителниот чекор за деблокирање на Македонија на патот кон ЕУ и кон НАТО. Деновиве истото го сторија и опозициските партии, бидејќи сметаат дека премиерот Никола Груевски и владејачката ВМРО-ДПМНЕ со сите оние потези што ги влечат во последно време во континуитет, се' повеќе не' оддалечуваат од оваа цел. Ја испуштивме шансата за добивање датум за преговори со ЕУ во јуни каде што не бевме спомнати ниту со збор. Новата надеж е ноември, на Самитот на НАТО во Лисабон.

Но, кога партиите од власта ќе станат потписници на иста таква деклараци��а, не само што е чудно туку безмалку е комично. Зашто повеќе од јасно е дека од ваквото јавно прокламирање нема никакви ефекти, туку намената е за дневно-политичка употреба. Еве, колку да се каже дека и тие биле за ЕУ и за НАТО. Тамам работа да не е така. Нели двапати добиваат мандат од граѓаните не само за да направат економски просперитет во земјава туку да не одведат таму каде што припаѓаме.

Потписниците на декларацијата констатирале дека е особено важно сите политички партии во своето однесување да го афирмираат духот на заедништво во насока на што поскоро остварување на целта за полноправно членство во ЕУ.

Зборови, зборови, зборови ... Кому власта ќе му врши притисок со ваквите декларации? На самата себе!? Кој и' брани да премине од зборови во дела.

Заборави ли дека пред само неколку дена од говорницата токму Груевски им порача на сите дека ВМРО-ДПМНЕ нема намера да тргува со интересите на сопствениот народ и држава. А, после го убедуваше Филе колку власта била посветена на решавањето на проблемот со името. Прашање е само како. Белки не мисли дека проблемот ќе се реши само со декларации и со големи зборови.
























#
Статијата е прочитана 1920 пати.

Испрати коментар

Од: Mite
Датум: 21.06.2010 00:13:53
Nikoj nema pravo da go unisti identitetot. Isto taka Ustavot Zabranuva zaclenuvanje vo voeni Organizacii. Zosto se molci za ova ??.. Pa i razmenata na teritorii so Kosovo beshe protivUstavna no bidejki EU i USA istrcaa so pozitivna reakcija Opozicijata po naredba od svojot shef ne podnese baranje do Ustavniot Sud. Dosta se lazeme, nie nemame Pari za zaclenuvanje vo Nato. Pa ni gi zemaa i tie 2 avioni. Nemame pari ni za odrzuvanje na EURO Birokratska mashinerija. I ne samo nie, veke ogromen broj clenki na EU se vo teshka kriza. Poradi ova nashata Opozicija go forsira menuvanjeto na imeto za podocna toa da go proglasi za predavstvo i da se vrati na vlast. Ocigledno e deka brzaat, mora da ja urnat vlasta PRED da se raspadne EU, po toa ke izgubi smisol nivnata EU orientacija...
Од: Трпе
Датум: 21.06.2010 00:42:54
Лево десно,никаде мојега стана,еј улицо да не си случајно пијана.Тоа се чекорите на нашата ни илузионистичка а на моменти не е чудно и пијана влада.Таа е навлезена во толкав длабок сон,кога се однесува за интереси на државата што и не е свесна дека се власт.Само кога се однесува за лични интереси ,тие се власт и тоа многу голема власт.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.06.2010 05:56:02
Комика има на сите страни,прво потпишаа декларација опозиционерите за кој разбирливо не се искоментира со ист стил, зошто некој потпишува а никако да предложи решавање на проблемот но само лицемерно куражење друг да решава.Човек има впечаток да тие тука се опозиционери на некоја друга земја.Никако неможе да се види став како да се реши проблемот,туку бедно позиционирање како да се странци и велат,,вие одлучете а ние се сложуваме,,
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 21.06.2010 07:34:33
ДПМНЕ секогаш биле спремни на рушење и популистички настапи, и секогаш се во филмот борба против владетелите.Не можат да сватат дека тие се владетели и треба да градат ( не да крадат).
Од: Itar Pejo
Датум: 21.06.2010 08:07:42
Ovaa vlada pravi reformi: http://www.bbc.co.uk/macedonian/news/story/2010/06/100618_mac_nato.shtml Ovaa vlada go brani imeto http://av.coe.int/Standard/?collectionName=Photos:2213 Sto sakaat povece site ovie kritizeri? Objasnenie za clenovite na VMRO: Ova e ironija. Gornite linkovi pokazuvaat deka vladava ne pravi reformi i deka se gordee so imeto FYROM!
Од: Dara Buba Mara
Датум: 21.06.2010 08:19:25
Vlasta ne glumi opozicija tuku se sprema za opozicija, si gi polni smertkite, ja placka drzavata i si pravi s[pomenici po koi misli ke bide zapametena i crkvi mislejki deka taka ke si gi ispere grevovite.
Од: Анѓелкоски Методија
Датум: 21.06.2010 08:48:43
Се прашувам, што ќе им биде тема на новинарите, кога ЕУ ќе се распадне, а еврото ќе исчезне? Можеби си веруваат дека и оваа „Југославија“ (или „Варшавски пакт“) ќе траат вечно...
Од: b
Датум: 21.06.2010 10:28:41
Следен чекор на власта треба да е нова декларација за подобрување на економијата. Па потоа декларација за запирање на криминалот и декларација за подобрување на судството и здравството во државаава. Прекупотребна е и декларација за запирање на глобалното затоплување како и за заштита на животната средина. И се разбира, уште и некој други декларации, се додека состојбата во Македонија драстично не се подобри, како на економски така и на секој друг план. Само декларации му се мајката. И по некоја лопата!
Од: Naum
Датум: 21.06.2010 11:02:07
Da go Smenime imeto!!! Evo prv i javno kazhuvan DA GO SMENIME!!! Pa koga edna turska imperija ja smena azbukata (od arabska na latinica) za da e poblisku do evropskite tekovi, da go smenime i nie... Pa ne se zhivee vekje vo ovaa zemja, prichini se mnoguu... eeejjj grujo - glavo bukova, imeto ke go zachuvash, no narodot ke go zagubish, ke iscrka od glad....sramota i greota... abe ne sakam da zhiveam vo minatoto, sakam vo idninata... DA GO SMENIME...A tie shto ne se slagaat neka ni isplatat kompenzacija za kochenjeto...
Од: ne e bitno
Датум: 21.06.2010 11:11:09
Pogolema komika od Feliks, Mite..nema :D Pozdrav od EU. Ve cekame :D
Од: т,га за југ
Датум: 21.06.2010 11:14:22
Опозицијата притиска,се ближи времето,позицијата ексивира, ќека да помине.И после сите расправии,по се изгледа дека,сите сме за решение,ама не во наше време.Ако е така најдобро е да си поставиме ВД извршители,од страна,кои не би биле ни патриоти ни предавници.Ги имаме и дома и надвор.Така низ историјата ќе си ја одтргнеме вината.И онака се некако друг ни ја крои капата. Се некако друг ние крив,па вака навистина виновникот време е нешто и тој да сработи.Не само да му пеат песнопојки,за џабе. Иронијата на страна,ама времето одамна поминува.Се лаже некој,ако мисли за сите страдања на граѓаните,заеднички именител да биде овој проблем.Кога и да е граѓанинот ќе ја побара сметката.Така да не е исплатливо да се губи време само заради тоа.
Од: zoki
Датум: 21.06.2010 11:28:10
Imaa programa vo 100 cekori, pa potoa i nadgradena i prosirena, koja Gjujo i partnerite ja potpisaa.Vo niv na prvo mesto e vlez vo EU i NATO.Toa bese pred samo 4 godini.Kako se deklariraa ovie 4 godini, pa sega potpisuvaat deklaracija za Evropska Makedonija..Glumci.
Од: koj e koj
Датум: 21.06.2010 13:09:12
Vlasta netreba da potpisuva nekakva deklaracija, bidejki vo nejzini race e, kako sto veli narodot, i kamenot i cekanot. Taa e dolzna da go sprovedi ona sto e vo interes na Drzavata. Opozicijata e sosema drugo. Taa " go nema ni cekano ni kamenot", pa taa preku deklaracii se obiduva da i ukaze na vlasta sto pravi i sto netreba da pravi. Pri vakva sostojba, potpisuvanjeto na nekakva deklaracija od strana na vlasta, e cizto populisticki potez. Demek, eve nie sme za NATO i EU.Nitu kaj prosecniot gragjanin na RM, toa "ne pali".
Од: Akademik, MANU
Датум: 21.06.2010 14:23:02
Namesto da se glupraat, treba da se primeni Planot B. Imeno, da se pobara Mislenjeto za dopolnitelnite uslovi za clensvoto vo ON od Megunarodniot sud vo Hag. Se drugo e kupuvanje vreme i glupiranje!
Од: Ico Najdovski Perin
Датум: 21.06.2010 14:44:18
Gordana, poentata e odlicna. Vo Makedonija nisto konkretno ne se slucuva za podobar zivot na makedonskiot narod. Sega e vreme za loenje vo matno i uste edno golemo majtapenje so avtoritetot na narodot

Најди! во Утрински
Насловна
Името и власта на поправен во ноември
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
Баросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка