Број 3312  понеделник, 21 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Името и власта на поправен во ноември

Дали Македонија побрзо се движи кон Брисел или кон нови вонредни избори?

Александра М. Митевска


Со Декларација за европска Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, поткрепена од партнерите во нејзината предизборна коалиција, викендов се обиде да го избалансира очекуваниот дебакл во ЕУ. Со тоа земјата заокружи уште една непродуктивна етапа во интеграцискиот процес и се соочи со новиот предизвик - Самитот на НАТО во декември. Во меѓувреме, се очекува да стане појасно дали Македонија побрзо се движи кон Брисел или кон нови вонредни избори?

Опозицискиот лидер Бранко Црвенковски експресно реагираше дека владејачката партија се однесува како опозиција или како невладина организација, потпишувајќи декларации што не значат ништо. Сепак, се наметнува прашањето дали декларација, со која членството на Македонија во ЕУ се наведува како основна стратегиска цел, ќе ја обврзе власта на порационално дејствување во наредните пет месеци, кои се посочуваат како нова надеж за надминување на спорот со името и за деблокирање на евроатлантските перспективи на државата. Или, пак, по Самитот во Португалија, владејачките партии ќе потпишуваат некоја нова декларација за Македонија во Алијансата.

Либералот Стојан Андов се' уште е оптимист дека е можен компромис за името и во преостанатите десетина дена од шпанското претседателство со ЕУ. Според него, има многу индикации што упатуваат на тоа дека се водат тајни преговори за името, како едно и полчасовната средба на премиерот Никола Груевски со еврокомесарот за проширување Штефан Филе, иницијативата на европратеникот Зоран Талер - на Македонија да и' се одреди датум за преговори, без оглед на билатералниот спор со Грција, барањето на шведскиот шеф на дипломатијата Карл Билд - пред крајот на белгиското претседателство ЕУ уште повторно да се осврне на македонското прашање. „Ако не се искористат деновите до крајот на јуни за приближување кон компромис, Македонија потоа ќе се најде во поинаква и многу посложена ситуација. Отстапките што потоа ќе треба да се прават ќе бидат многу поголеми и поболни“, вели Андов. Тој потенцира дека македонските власти мора да сфатат дека без решение за името е невозможно да се издејствува консензус за земјава во ЕУ и во НАТО.

Како што наведува Андов, решавањето на долгогодишниот спор ќе и' го намали рејтингот на власта и на нејзиниот лидер, бидејќи ќе изгубат значење обвинувањата упатени кон опозиционерите дека се предавници. На прв поглед, оценува Андов, тоа претставува опасност за ВМРО-ДПМНЕ, но подолгорочно тоа ќе и' донесе голема корист на партијата, а, пред се', на целата држава.

Генералниот секре��ар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, по средбата со Груевски во Скопје беше дециден: „НАТО секогаш носи одлуки базирани на консензус. Предуслов за прием е решение на спорот“. А1 вчера пренесе изјава во која Расмусен по заминувањето од Македонија коментира дека неговата посета била многу позитивна и продуктивна. „Охрабрен сум дека многу брзо ќе дојде до заемно прифатливо решение за името со Грција и дека до ноемврискиот самит Алијансата ќе добие нова земја-членка“. Генералниот секретар искажал убеденост дека Македонија ќе стане членка на НАТО многу порано од Црна Гора или Босна и Херцеговина, кои, пак, се надеваат на прием во НАТО најдоцна за три години.

Поради нерешениот спор, Македонија во минатата недела не се најде на дневниот ред на состанокот на европските лидери. По прозивката од СДСМ да каже што разговарал со Филе, Груевски викендов информираше дека детално ги разгледале сите постигнувања што досега ги направила Македонија. „Му дадов детални објаснувања за сите завршени работи, но и за реформите што се во тек и за тие што треба да се завршат во иднина. Со рокови и со наши планови како треба да се направи тоа, во делот на судскиот систем, на администрацијата и сите работи што во моментот се значајни за Македонија“.

Во наредниот викенд Груевски ќе треба да се соочи со опозицијата - со социјалдемократите и со нивниот лидер Црвенковски, кого жестоко го напаѓаше во своето обраќање по повод 20-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ на 27 јуни ќе му возврати со протест пред Владата. Опозиционерите, исто така, најавија дека ќе бараат предвремени избори, ако и ноемврискиот самит на НАТО испадне „промашена инвестиција“ за Македонија. Сепак, Црвенковски вели дека моментно е нелогично да се разговара за избори, бидејќи сега сите, а особено власта, треба да се фокусираат на решавање на проблемот со името и како да станеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ. СДСМ нема да поддржи иницијатива за предвремени избори, но само до ноември и самитот на НАТО. „Ако дотогаш нема излез, нема решение за овој проблем, ако оваа власт не успее да ги деблокира евроатлантските интеграции, тогаш е јасно дека на сцената треба да дојде нова политичка структура, која ќе може да го направи тоа“, рече Црвенковски.

Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, вчера оцени дека Груевски постојано манипулира со јавноста дека протестниот митинг има некаква врска со преговорите што тој ги води за надминување на спорот со Грција. „Срамота е човекот што ја има целата власт во државава и има директни средби со грчкиот премиер да ја обвинува опозицијата дека нешто тајно договара. Ако не му се јасни, ќе му ги повториме причините за нашиот протестен митинг: СДСМ сака Македонија да биде победничка! Ако Груевски мисли дека Македонија победува, сигурно мисли за себе и за својата фамилија“, рече Георгиев.

Во политичките кругови Самитот на НАТО на 20 ноември се' повеќе се посочува како последна шанса на подолг рок за поправање на меѓународната позиција на државата. Тој датум се смета и како последен рок за трпеливоста на ДУИ во рамките на владејачката коалиција. Ако и оваа година, во која актуелната власт ќе ја заокружи четвртата година од мандатот, биде промашена за интегрирањето на Македонија во НАТО и во ЕУ, неопходно ќе стане да се испита пулсот на граѓаните - дали сакаат државата и во наредниот период да се движи по ист правец. (A.M.M.)


#
Статијата е прочитана 2619 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 21.06.2010 00:16:02
Власта ќе падне на поправниот испит во ноември, затоа што стана премногу самобендисана, па се обидува своите желби за апсолутно и вечно владеење да ги прикаже како желба на мнозинството за живеење во изолација, а тоа ни оддалеку не е точно. Луѓето се свесни колкава е силата на нивниот глас, па нема да дозволат да бидат изманипулирани повторно од еден потпросечен политичар и натпросечен лажго каков што е Груевски! ( http://otpor.log.ph )
Од: ФЕЛИКС
Датум: 21.06.2010 06:10:40
Инаку декларацијата виножитна е ептен е поткрепена и силно одекна во јавноста.Кога се виде кој потпишува како оној што ќе прави споменик на Тито поголем од Ченто и оној кој со крст во рацете јуришаше на амбасадата на САД ги израдува оние од Брисел а посебно САД.Инаку Сергеј го ,,повикува ѓаволот,,со изборен повик,сиромашкиот по се изгледа не му кажале за анкета на ИРИ каде неговите имаат високи 12% и голема шанса да ги урнисаат по петти пат.
Од: Пак ќе паднат
Датум: 21.06.2010 07:15:44
Одвај чекам да дојде ноември и по пети пат народот да им пружи отпор на лузерите.(ОТПОР!!!)
Од: НИКОЛА
Датум: 21.06.2010 07:44:42
Се додека Бранко обеќа на Грција и на некои држави од ЕУ дека кога ке дојде на влас ке го смени името по желба како сака Грција Грујо не може да го реши проблемот влез во НАТО и ЕУ на Р Македонија со уставното име. Бранко еднаш ја прекрсти во ФИРОМ а сега кој знае како замислува да се вика можеби Бранкостан.
Од: Kalimero
Датум: 21.06.2010 08:06:38
A be od ovie sto baraat predvremeni izbori , i od ovie sto ne davaat mi e preku glava.Nitu tie sto baraat mozat da dobijat, niti tie sto ne davaat se sigurni deka nema da izgubat.A nie (narodov) staveni megu izborot: zmija ili magare?
Од: Hari
Датум: 21.06.2010 09:07:48
Ne mi se veruva deka covekov seuste veruva deka so lopatite i G.Stefan Stefan ce go laze narodot. Sega e vreme dupkite sto gi napravi so lopatite barem da gi popolni so zemja radi bezbednost. Vo takva hipnoza se da voopsto ne mislat deka narodot ne spie.
Од: Nikola-Germanija
Датум: 21.06.2010 09:36:14
Abe sto ste zapnale tolku da tropate na EU-vrata,koga e veke javna tajna,deka EU zasega ne e spremna na prosiruvanje i problemot so GR dobro i doslo?Spored mene postoj opasnost,EU sepak da otvori paralelni pristapni pregovori,so sto GR ke se pretstavuva kako "sirokogradna i dobronamerna" sprema MK,za sto ke i isporaca cena,koja ke bide mnogu pobolna od segasnite "uslovi"(erga omnes) koi vsusnost gi smetam za pocetni pregovaracki pozicii na GR,no togas tie tn. crveni linii ke bidat zacvrsteni-i tuka se soglasuvam so Andov.Problemot lezi vo toa,sto sekoja vlada,bez razlika na politicka provinencija,nema koncept da se spravi so mizerijata -za "kriza" ne stanuva zbor,bidejki predolgo trae (min. 20 god.!)- vo MK i site mislat deka EU ne samo sto ke dava kapital,tuku i ke gi odraboti MKskite domasni zadaci,bez narodot vo MK da mrdne so prst.Za zal,toa postoj samo vo vasite fantazii!Vladata konecno da se fati za rabota i da privlekuva stranski investicii,namali partiskata administracija itn.!
Од: srebre
Датум: 21.06.2010 10:10:56
sum optomist po priroda no grujo ja otepa mojata nadez da staneme del od ev nasite deca da ne mizeruvat kako nie da imat idnina i toa idnina vo maked,ne gledam logika ogromna dupka na plostad za acoto t.e. provokacija kon grci i volja za kompromis nekakoo´edno so drugo ne odi koj budala grk ce prifati grcki spomenici kradenje istorija grujo poleka no sigurno ne oddalecuva od eu si mislam dali toj znaeo zto e eu,nato?ili se pravi na toso da zaplasuva narod da opstane na vlast da se bogati a za narodot go zabole isto kako ucitelotmu ljupceto................
Од: dejan
Датум: 21.06.2010 10:25:33
abe sto se glupirate dodeka e branko na celo na sdsm vmro ce bide na vlast narod ne go saka branka i negovu tajfu
Од: kole
Датум: 21.06.2010 10:26:10
Стоп за лопатарењето на Грујо........ веќе лопатата како алат не сакам да ја фатам оти ми се згрози................
Од: zoki
Датум: 21.06.2010 12:03:38
Me interesira zosto Gjujo go prasuva Branko za nacinot kako ke go resel problemot so imeto.Zosto samo za imeto? Zosto ne go prasa i za nacinot kako da ja resi ekonomijata, zdravstvoto, obrazovanieto, siromastijata, nacinot na sproveduvanje na tenderi,nepotizmot, administracijata i tn. tn.
Од: dedodimo
Датум: 21.06.2010 12:24:00
Koga ne ste pametni , nikoj nemozi da vi pomozi.Vo zapadniot svet ,ako neshto potpishish nema brishenje . E sega ili ke se prekrstite ili nema NATO I EU .Komunistite ve lazea , velea e za privremeno ,za dva tri meseci .Sega kako se pravdaat -imeto da se smeni ?.Taa barga od parlamentot treba chistenje ,e zaglavija drzavata .
Од: Milan
Датум: 21.06.2010 13:53:41
Imeto nemoze nikogas da bide na popraven,neznam koj i sto misli so toa,sepak vo sekoja demokratija sekoja vlada moze da odi koga i da e na ispit,no imeto nikako zatoa sto nekoj ke se izgori baajgi.Bez samopocituvanje nikoj ne ve saka.
Од: avatar
Датум: 21.06.2010 14:28:32
Ima razlika koga se vrsat protesti.Imeno, dali se tie opravdani ili ne.Ovojpat, kako i sekogas Branko gi pavi od nemajkade.Namesto toa, gi povikuvam site seubjekti da se obedinat vo borbata protiv Grcija koja e edinstveniot kocnicar za untegraciite, site koi ne sme partiski opredeleni go znaeme toa.Propagandata koja ja vodi opozicijata, frlajki se na kartata na IMETO, na namernoto predizvikuvanje na nekakva nestabilnost koja e mnogukratno pomala od onaa vo nivno vreme, ne drzi mesto, i e odnapred osudena na propast i nesupeh.Ne velam deka vo zemjava se funkcionira odlicno , no e mnogu podobro od nivnoto vreme.
Од: ace veliki
Датум: 21.06.2010 15:07:10
Integritetot na premierot da pregovara celosno se narusi so izjavata deka dokolku ima referednum za promena na imeto bi se izjasnil so "ne".

Најди! во Утрински
Насловна
Власта глуми опозиција
Тиквешански
Дождот ја намали посетеноста
Излези и бори се!
Фудбалот и Анелка станаa државна афера во Франција
Писмо од босански војник стигна на адреса по 95 години
Источнa туристичка наезда на Скопје
Сидата во Африка
Убавицата за Данска, најголемо разочарување за Ето
За „Јужен поток“ малку ќе почекаме
Кренат во воздух џипот на газдата на пекарницата „Специјал“
Карикатура
Франција и Англија го отпеаја своето
��аросо
Барајќи тоалет, налетал на голиот Џо Кол
Французи ќе инсталираат фотоволтаични системи во Македонија
Англиските кловнови од Кејп
Парагвај лесно со слабата Словачка