Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Диригентот и дилерите свртеле хероин од милионче

Групата на улиците на Виена и на Франкфурт го држела главниот збор за продажба на хероин

Даниела Трпчевска


Триесетина фотографии на мажи и жени на возраст од 18 до 53 години, со детали за нивното апсење, криминалното досие и позицијата што ја имале во организираната шема за продажба на хероин надвор од земјава, се наоѓаат облепени по ѕидовите на Оперативниот штаб на МВР, кој изминативе неколку месеци работел на разоткривање на „Франкфурт мафијата“. На ударно место се наоѓаат фотографиите на неколкуте организатори на криминалната пирамида, која во изминативе години успеала да регрутира цела армија млади луѓе од земјава, кои дилале дрога во европските земји. Меѓу нив и неколку девојки, кои надлежните велат дека биле инволвирани во нелегални активности за перење пари, како и двајца бегалци, по кои се' уште се трага. Досието за „Франкфурт мафијата“ е надополнето со уште 35 лица, кои се уапсени во Германија и во Австрија и за нив веќе се водат постапки во тамошните судови. Речиси сите се македонски државјани, кои во изминатите години шверцувале и препродавале хероин во европските земји. Претпоставките се дека групата од вкупно 65 члена на улиците на Виена и на Франкфурт успеала досега да продаде хероин вреден милиони евра.

„Жителите на Виена и на Франкфурт беа најголеми жртви на криминалот, кој со години неказнето го правеа членовите на „Франкфурт мафија“, изјави вчера директорот на Бирото за јавна безбедност, Љупчо Тодоровски. По прес-конференцијата во Скопје, тој замина во Виена каде што заедно со колегите од Австрија и од Германија вчера попладне ги презентираа резултатите од успешната акција.

За реализација на координираната акција „Диригент“ биле ангажирани 377 полициски службеници од различни полициски единици. Во четири града, односно во Велес, Скопје, Свети Николе и Гевгелија се приведени 29 лица и се извршени 33 претреси во домови и други објекти во земјава. Притоа се пронајдени парични средства во износ од над 50.000 евра, над 157 илјади денари, а биле реализирани и трансфери на 265.000 евра. При претресите се одземени и околу 2 килограма марихуана, 25 пакувања марихуана, гасен пиштол, а одземени се и 14 автомобили.

Македонските оперативци заедно со своите германски и австриски колеги, по повеќемесечно следење на членовите на групата успеале да навлезат во добро разработената шема, која функционирала на многу мистериозен начин.

Центарот на дилерската пирамида бил во Македонија, каде што се наоѓале организаторите. Оттука се регрутирале младите луѓе, кои потоа биле прифаќани од друга група во странство и сместувани по станови. „Групата функционирала различно од албанските и српските наркогрупи. Станува збор за момчиња што работеле многу внимателно, не и влегувале во очи на тамошната полиција, биле таинствени и многу лојални кон наредбодавачите“, вели првиот човек на Бирото за јавна безбедност.

Момчињата добиле прецизни упатства како да ја мешаат дрогата, да ја разделат во грамови и да ја разнесат по сандачиња. Оттаму хероинот бил преземан од други и делен по дилерите. Според сознанијата на полицијата, хероинот бил набавуван од Бугарија ни Холандија и директно бил транспортиран во Виена и Франкфурт.

„Организаторите телефонски од Скопје и Велес ја координирале продажбата на хероин во Франкфурт и Виена преку посредници, кои издавале наредба на дилерите каде што да го продаваат хероинот. Потоа заработените пари ги трансферирале во земјава и ги испраќале на организаторите“, информираше министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Акцијата за разоткривање на групата и натаму продолжува. Полициската операција нарачена „Диригент“ е само продолжение на ланските активности во Виена каде што беше откриена 16 члена криминална група, која продавала над 200 грама хероин дневно. „За само неколку месеци во 2008 година групата успеала да оствари илегален профит во висина од над 1,5 милиони евра. Веднаш потоа акцијата продолжи во Велес, каде што беа приведени 29 лица“, потсети вчера Тодоровски.

Успешната акција вчера ја поздрави и полицискиот аташе од амбасадата на Австрија во земјава, Штефан Турнер, кој најави дека истрагата ќе продолжи со анализирање на запленетата документација и компјутерите пронајдени кај членовите на групата.




#
Статијата е прочитана 1456 пати.

Испрати коментар

Од: Ајван Доктор®
Датум: 24.12.2010 20:13:42
Дали акцијата е предизвикана заради убиството во рибниот ресторан,каде во друштвото на член на мафијата се најдоа и полицаец,но и асистент на „позната адвокатска фирма“?Интересно,нели?На приведените,на повеќето телевизии,лицата им беа прикриени,како на малолетници!Зошто во ниедна друга „антикриминалистичка“акција, „Змиско око“„Метастаза“„Фаланга“,па дури и во најновата во која е уапсен Рамковски,не се сокриени ликовите на приведените?Дали оваа држава ги штити криминалците и нивниот идентитет?!Сè ми се чини дека,некој,некому му ги замрсил конците!

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Скарлет беше грозна со мене
Ахмети ќе лови македонски гласови
Колку УДБ-а беше нашата судба (13)
Каде исчезна рокенролот?
Нема лабаво за пушењето
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Бајати вести за тазе политика
Умот и духот се секси
Што предвидуваа футуролозите за 2010?
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Двајца Македонци уапсени во Риека
Црковниот календар како минско поле
Добар задник - клекнете и станете
Македонските ракометари го победија Египет
Промашена деценија (1)
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
За земјените знаци - практичен подарок
Жив го изедоа Заев
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks