|
|
|
|
|
|
Интервју
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Евроамбасадорот Ерван Фуере
Влегуваме во 2011 со доза несигурност каде оди земјата. Оваа власт, која понекогаш не сака да биде потсетувана на нејзините обврски
Тамара Грнчароска
Бевте амбасадор и во Словенија и во Македонија, две земји што произлегоа од еден ист систем. Од Словенија си заминавте со пофалби, од земјава одите напаѓан. Би ја споредиле ли Вашата работа таму и тука?
Политичкaта ситуација во Словенија беше помалку комплексна и имаше поголем дух на консензус. Словенците разбраа дека за да ја постигнат целта - влез во ЕУ, најдобар начин да го направат тоа беше да работат врз основа на консензус меѓу сите партии. Тоа покажа и многу голем степен на политички дијалог меѓу партиите и лидерите. За жал, тука работите се речиси спротивни. Дијалогот, ако воопшто постои, е многу, многу лимитиран. Многу е разочарувачки да се забележи дека политичките лидери годинава речиси и да не се сретнаа и дека едвај разговараат меѓу себе.
Што се однесува до критиките, морам да кажам дека кога разговарам со луѓето од различни заедници, сите тие се екстремно позитивни во однос на ЕУ. Критиките што ги имаше досега доаѓаат од одредена група, од еден политички круг, и доколку тие ги погледнат активностите и изјавите што ги правиме во изминативе години, ќе видат еден конзистентен пристап од наша страна. Јас го правам тоа во име на ЕУ, а не во мое име.
Имате ли објаснување за тоа што добивате истовремено од македонските политичари пофалби како најголем пријател на земјава, но и напади за својата работа?
Се чувствувам слично како Јоргос Шацимаркакис, како Зоран Талер, кои добија критики од оваа власт, која понекогаш не сака да биде потсетувана на нејзините обврски. Ние и' укажуваме за да и' помогнеме и подобро е место да го убива гласникот, да слуша. Тоа е проблемот, таа не ги слуша своите пријатели. Сум го кажал ова многу пати досега: вистинските пријатели се оние што ви ја кажуваат вистината, а ние токму тоа се обидуваме да го направиме. Се надевам дека Владата на крај ќе сфати дека критиките се за да и' помогнат, да ја охрабрат и дека не треба да зазема таков арогантен став оти треба да биде поподготвена да слуша и да прифати поскромен пристап.
Му простивте ли на Влатко Ѓорчев за навредите што Ви ги упати?
Подготвен сум да простам секому, но верувам дека ако некој навреди некого и покаже многу нехристијанско однесување, таа личност треба да ја согледа навредата што ја прави и треба да се извини. Невообичаено е член на партија која промовира христијански принципи да настапува во таков нехристијански манир. И премиерот во едно интервју вели дека нема да толерира непринципиелно, лично однесување, а ова однесување беше токму такво. Многу е разочарувачко тоа што ниту еден член од Владата не се дистанцираше јавно од она што го кажа Ѓорчев. Но, на нив е да одлучат.
Дали односот на власта спрема Вас го покажува и односот на власта спрема ЕУ или се работи за нешто лично?
Впечатокот што го добиваме некогаш е дека тие забораваат дека јас ја претставувам ЕУ, а не себе си. Многу од амбасадорите ја потсетуваат Владата, исто и комесарот Штефан Филе, дека јас сум тука во име на ЕУ и тоа не е начин како се третира еден дипломат. Тоа го отсликува и фактот дека политиката тука, особено со оваа владејачка партија, е многу персонализирана. Не ми пречи ако луѓето ве критикуваат поради политиката на ЕУ, ако велат дека таа е многу строга во критериумите и слично, но ова се лични навреди и тие покажуваат политика која е на улично ниво и која не е во полза на имиџот на земјава.
Таквата реторика се засили последниве месеци. Зошто се случува тоа?
Тешко е да се каже. Се надевам дека тоа не ја рефлектира промената на односот спрема ЕУ. Понекогаш луѓето од Владата, кои не' критикуваат, ја забораваат големата инвестиција што ја носиме во земјава – годишно околу 100 милиони евра директна финансиска помош. Тоа е огромна инвестиција со пари од европските граѓани за да се помогнат и поддржат реформите.
Поминавте пет години во Ма��едонија. Каде беше земјата тогаш и каде е сега на патот кон ЕУ?
Кога дојдов тука, беше период на многу позитивна атмосфера. Пет дена откако пристигнав, го презентирав мислењето на ЕК за апликацијата за зачленување во Унијата, која беше направена во 2004 година, а кое беше во полза на Македонија. Беше признаен големиот напор направен од Владата да се одговори на сите предизвици што произлегоа од Охридскиот договор и да се продолжи со исполнување на обврските за евроинтегрирање. Имавме чуство дека преговорите ќе почнат следната година или најдоцна во 2007 година. Но, работите се сменија по изборите во 2006 година, се смени атмосферата, почнаа тешкотиите.
По изборите, поминавме многу недели на терен да го убедиме ДУИ да не го бојкотира Собранието и да го прифати предизвикот да биде опозиција, како дел од еден демократски процес. Потрошивме многу време и да го убедиме премиерот да се сретне со сите политички лидери и дека така ќе биде полесно за сите партии да ја прифатат одлуката која тој ќе ја донесе за составот на коалицијата. Беа потребни три месеци тој да прифати да се сретне со лидерот на ДУИ. Се создаде клима на голема тензија. Ние многу работевме на терен и поради тоа, но и поради одлуката на Владата, ДУИ не го бојкотираше Собранието. Имавме проблеми и во 2007 година, но сега барем политичките лидери кога се среќаваат, се среќаваат без присуство на меѓународната заедница, но тажно е што не го прават тоа доволно. Тоа не покажува функционален политички дијалог и не покажува дух на консензус кој може да направи многу промени за земјата.
Жал ми е за граѓаните кои имаат иста приказна секоја вечер на телевизиите – владејачката партија ја навредува главната опозициска партија, а опозициската партија ја навредува владејачката. Тоа е некаков глупав пинг-понг кој е залудно трошење време и енергија и нешто за што граѓаните не ги избрале своите политички лидери.
Јавност�� го смета проблемот со името за единствена пречка за добивање датум за преговори. Дали е тоа така?
Кога ЕК ја даде препораката за почеток на преговорите минатата година, таа истовремено го потсети овдешното раководство дека Советот, колку тоа да не е фер, но е реалност, одлучува за проширувањето со консензус. Тоа значи дека е витално да го решите спорот со името и сега е време да се направи тоа. Нема сомневање дека истиот момент кога ќе се реши тоа, пречката ќе биде тргната и земјата ќе влезе во пристапниот процес.
Но, атмосферата што се создаде тука прави разрешницата да биде уште потешка. Кога говорам за создадената атмосфера, пред се', мислам на концептот на идентитетот. Многу пати изјавив, исто и Метју Нимиц, дека овие преговори не се за идентитетот, кој е нешто свето. Македонците секогаш ќе бидат Македонци, без оглед на името на земјата. Јазикот секогаш ќе биде македонски и тоа никогаш не било прашање. Проблемот е во името на земјата. Но, атмосферата стана многу емотивна околу прашањето за идентитетот, кое е вистинско прашање за луѓето, но не и за преговорите, кои не се водат за тоа, туку за името на земјата.
Сметате дека прашањето на идентитетот е повеќе наметнато прашање во поглед на спорот за името?
Сметам дека се злоупотребува прашањето на идентитетот. ЕУ не е за менување идентитети или слично. Спротивно на тоа, ЕУ е тука да ги зајакне и да ги промовира различните идентитети и културната разновидност која постои во Унијата. Другата страна на паричката е дека луѓето што го злоупотребуваат концептот на идентитетот од чисто политичко-партиски мотиви создаваат лажна атмосфера и ситуација за граѓаните, за кои се подразбира дека ако им кажете дека идентитетот ќе им се менува, ќе реагираат вознемирено. Мора постојано да истакнуваме дека Македонците секогаш ќе бидат Македонци, дека јазикот секогаш ќе биде македонски и погрешно е да се прави обид да се поигрува со емоциите на граѓаните. И во двете земји има влади што имаат апсолутна поддршка и власт, и Груевски е во уникатна позиција да покаже храброст и, конечно, да изнајде решение заедно со премиерот на Грција.
Оваа изјава ќе донесе уште критики на Ваша сметка...
Најверојатно. Но, чувствувам дека постои злоупотреба на ова прашање. Идентитетот не е нешто за што преговарате на лист хартија, туку тоа е нешто што сите го чувствуваат многу силно.
Доколку не се реши името, каде ја гледате земјава за пет години?
ЕУ минатата недела донесе заклучоци со кои ја охрабри Македонија да продолжи со реформите и повтори дека решението за името е клучно. Влегуваме во 2011 година со доза несигурност каде оди земјата. Колку овој период на несигурност трае подолго, толку е поголема опасноста од стагнација, пред се', економска. Странските инвеститори ќе се двоумат да влезат во земја која не знае каква ќе и' биде иднината и кога ќе почнат преговорите за членство. Тие нема да сакаат да дојдат во земја каде што владеењето на правото не им гарантира сигурност, што беше забележано и во последните два извештаја.
Периодот на стагнација ќе влијае многу лошо и на меѓуетничките односи. Затоа ја охрабруваме Владата и сите државни институции да ја искористат можноста на десетгодишнината од Охридскиот договор да истакнат се' што е постигнато и да покажат дека Македонија е способна да биде пример за меѓуетничка соработка. Но,тоа, како и сите чувствителни „цветови“,мора внимателно да се негува, постојано да се охрабрува и да се вложуваат повеќе напори во покажување доверба меѓу етничките заедници.
Пред околу еден месец рековте дека се' уште не сте почнале да ги пакувате куферите. Почнавте ли и што ќе понесете со себе одовде?
Имам ноќна мора од пакување кога ќе ги погледнам сите работи што сум ги насобрал во текот на овие пет години и тоа е најтешкиот дел од една дипломатска мисија. Исто беше кога ја напуштав Јужна Африка, Словенија, и сега Македонија. Со мене ќе понесам убави работи. Тука се книгите на поетите и писателите, особено оние преведени на англиски. Многу ги ценам „Бели мугри“ на Кочо Рацин, потоа Прличев, Матеја Матевски, книгата на Гоце Смилевски „Сестрата на Сигмунд Фројд“ и други. Исто така, ќе понесам и цела колекција на фигури на овци и овчар, што ме потсетуваат на планините кои многу ги сакам.
Но, со мене ќе понесам и спомени, особено за топлината и гостопримливоста на луѓето. Дури и во најотфрлените и најсиромашните заедници луѓето се секогаш гостопримливи. Каде и да отидете, луѓето се мног�� пријателски и полни со разбирање. Тоа е многу убаво чувство, особено кога минувате низ тежок период од политичка страна. Тоа е голема поддршка и покажува колку е голема поддршката за ЕУ. Ќе го понесам и сеќавањето на мојот персонал од каде што ја црпев мојата енергија. Таквиот дух демонстрираше дека ќе продолжиме да и' помагаме на земјава, но на крајот од денот на неа самата е да реши да тргне напред.
Каде по март ќе може да се најде Ерван Фуере - во Ирска, во Љубљана, во Охрид, Скопје или во некоја нова мисија?
Моја нова мисија ќе биде пензионирањето. Тоа ќе биде ново поглавје од мојот живот. Но, сите места што ги споменавте ќе ги посетам, како пензионер, пријател и посетител. Она што сакам да го правам како пензионер ќе биде волонтерска работа за граѓанскиот сектор, со фокус на помирувањето, бидејќи имам искуство со процесот на помирување во Јужна Африка, Северна Ирска и сметам дека тоа е нешто што многу им е потребно на балканските земји. Се надевам дека идната година Охридскиот договор ќе биде можност за помирување меѓу оние што се разидоа со конфликтот во 2001 година. Помирувањето е нешто што ќе овозможи одржлив процес на развој на сите земји што поминале тешки времиња. Она што е тука многу охрабрувачко е дека постои силен дух меѓу луѓето, на посветеност и на желба да се оди напред. И политичарите барем само малку да земат од тој дух, оваа земја би била во сосема друга состојба од сега.
По сите добри и лоши искуства кои ги имавте тука што би му порачале на својот наследник?
Да ги посети сите заедници, за да ја почувствува земјата на терен. Главниот град е неопходен поради институциите што се тука, но за вистински да го почувствувате пулсот на земјата, мора да разговарате со луѓето во нивното опкружување, за да ги разберете подобро нивните економски и социјални проблеми, притисокот со кој се соочуваат. На тој начин е и полесно да им се објасни што може ЕУ да направи и кој е позитивниот импакт што ќе го добие Македонија со зачленувањето во решавањето на овие проблеми.
Другите прашања кои сигурно ќе ги следи е да ги охрабри политичарите да разговараат меѓусебно, да ги слушаат советите однадвор, од пријателите, дури и ако тие се критички и да бидат помалку арогантни, а повеќе отворени, што ќе обезбеди земјата да се придвижи. |
#
|
Статијата е прочитана 2816 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Професорка |
Датум: 24.12.2010 12:31:59 |
|
Г-не Фуере! Од чесните и вистински Македонци имате чиста петка за Вашиот ангажман. Толку многу правевте да и тргне на земјава, но гледате што се случува кога на Власт ќе дојдат ултранационалисти и плус луѓе кои го попречуваат намерно процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО за сопствени интереси. За жал на сите нас. Но, Вие секогаш ќе ни останете во најубави спомени и сте добредојден од обичните луѓе. |
|
|
|
|
|
|
Од: nekoj |
Датум: 24.12.2010 12:33:25 |
|
Gospodine Fuere. Sto pravime so nas maldite koi ne se soglasuvaat so plemesnkoto ureduvanje na nasata zemja? :(( Kako da zemam EU pasos koj nasekade mi go baraat? Sum se rodil vo Evropa, sum zavrsil tehnicki univerzitet, sum rabotel i prerabotel, sum pominal niz lavirint na baranja zatoa sto imam makedonski pasos. Sakam da ziveam evropski! DA gi imam istite prava kako evropjanite, da ziveam kade ke posakam, da se dvizam i patuvam kade sakam i kolku sakam! Fer li e jas da trpam zaradi luda vlast? :(((( Ve molam primete ne vo EU! pa makr i kako FYROM/ PLEASE. |
|
|
|
|
|
|
Од: obicen graganin |
Датум: 24.12.2010 13:04:22 |
|
Gospodine Ambasadore, vo moe ime i vo imeto na mojot cesen narod vi blagodaram za se sto storivte vo promocija na nasata Drzava.Vi se izvinuvam za se sto nekoi nedozreani politicari poradi svojata nesvesnost i neumesnost ve navredija.I vi pozeluvam se najdobro vo zivootot. |
|
|
|
|
|
|
Од: Јован АН |
Датум: 24.12.2010 13:11:17 |
|
Владата не е арогантна туку само го штити името на Македонија и идентитетот на Македонците кои произлегува од името.Кој друг народ во светов се нарекува Македонски,кој друг народ во светов говори македонски јазик па јужниве да се плашат од “забуна“.На амбасадорот му е јасно з о ш т о Грција бара промена на името на Република Македонија и не е фер таа да се подржува од ЕУ,кој пак “се удира во гради“ со човековите права,а ваму бара еден народ да се самоубие за да биде член на нејзиното семејство!?!?! |
|
|
|
|
|
|
Од: Podgor |
Датум: 24.12.2010 13:37:17 |
|
Gospodine Fuere golema blagodarnost za ljubovta sto ja chustvuvate kon Makedonija koja ne se somnevam deka ja imate barem dvapati povece od polovina makedonci
Imam samo edna zamerka ,sto ne uspeavte da gi ubedite vasite shefovi deka ovaa vlast e problemot a ne deka saka da go resai problemot so imeto taa stvara novi problemi kako bi se odolgovlekuval nasiot priem vo evrostrukturite ,no jas znam deka Vas toa vi e sosema jasno |
|
|
|
|
|
|
Од: марија |
Датум: 24.12.2010 13:46:26 |
|
Што да се каже после коментарот на Јован АН?
Тоа е нашата најголема болка - заслепени од глупостите не успеваат да ја видат светлината.... Па човекот нуди решение дури и меѓу зборовите од ова интервју. Ама ние нели мора да слушаме како ќе ни кажат оние што собираат политички поени.
А за евроамбасадорот - се најдобро. Го почитувам начинот на кој ја спроведува политиката на ЕУ!
Верувајте - да беше некој друг немаше да биде волку трпелив на сите вербални испади на нашите сограѓани. Особено што сите до еден се лични напади. Но човекот е полн со дух и со разбирање.
И за крај - тој е богат, а ние бевме сиромашни но сега сме уште посиромашни. Духовно, се разбира. |
|
|
|
|
|
|
Од: zarko |
Датум: 24.12.2010 14:07:32 |
|
da si ziv i zdrav i molim te da ne se vrakjas ovde...nitu resi nesto nitu imase namera da resis sem da sprovedes grcka agenda...zatoa gospodine fueroVSKI Ve molam-idete si...
A ZA evropskata demokratija za koja se zalagate-dajte im nezavisnost na baskija,resete go prasanjeto so severna irska i posle dojdete da ni kazuvate kako da se vikame...i da ...za site koi kje me okarakteriziraat kako desnicar ili nacionalist-ja sum crnogorec |
|
|
|
|
|
|
Од: realist |
Датум: 24.12.2010 14:21:02 |
|
искрено не се слагам со г. Фуере. Во секоја манџа е киселина и се меша во работи кои сигурно не се амбасадорски?! Што се однесува до проблемот со Грција ми изгледа како паднат од марс и како да не е дипломат? Па нека ги процита грчките баранја па ќе види дека главната поента е менување на се што е македонско. Нека не се прави недоветен и нека го погледне само последното барање за етикетите на виното. |
|
|
|
|
|
|
Од: neznam koj e arogaten |
Датум: 24.12.2010 14:45:47 |
|
Gospodine Fuere mene mi se cini deka vasata AROGANCIJA e taa sto ja koci Makedonija....Vie ste diplomat i kako takov treba da se odnesuvate...vie Gospodine Fuere se odnesuvate kako da ste pasha a Makedonija e vas PASALAK....Kako Makedonskata vlada se odnesuva arogantno sto ne prifaka promena na imeto i jazikot ....Kade ste vie kako prestavnik na "demokratska EU" da recete kako moze nekoj da bara promena na imeto...Koj e aroganten koga sred Skopje na site konferencii mojata drzava ja narekuvate VASATA ZEMJA....Gospodine Fuere VASATA ZEMJA ima ime toa e REPUBLIKA MAKEDONIJA....a za hrabrost e hrabrost e koga vie na vaseto galenicte ke mu udrite zauska i ke recete dosto veke.....Vie ste aroganten i odvaj go cekam denot koga ke si zaminete od REPUBLIKA MAKEDONIJA.... |
|
|
|
|
|
|
Од: Македонец |
Датум: 24.12.2010 14:52:28 |
|
Овој со сила се прави глуп или нас сака да не прави глупи?!?!??! БИТНО е името на државата за идентитетот... од него ќе зависи како останатите ќе не именуваат како нација и како ќе ни го именуваат јазикот... кој не знае нека почне да чита странска литература поврзана со овие проблеми... |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 24.12.2010 15:10:14 |
|
Sekoja cest nz naporite da vlezeme vo eu no promena na imeto so geogravska odrednica erga omnes e promena na identgitetot da ne se lazeme.Makedonskiot narod koj e mladaa nacija ne go zasluzuva toa od eu,ne e fer. |
|
|
|
|
|
|
Од: borce |
Датум: 24.12.2010 15:35:52 |
|
E.U. e koci M akedonija odnosno ne i e otvora vratata za vlez baraci nechto chto e ne normalno promena na imeto Makedonija.vlasta drzavata e vodi vo pogrechna nasoka kolku da ima pritisok za promena na imeto trebache vlasta da raboti na toa da stvori podobri uslovi za zivot a ne da toneme vo siromachtija.Zvlaz vo Evropskoto semejstvo nikako ne treba da bide uslov promena na imeto Makedonija.a |
|
|
|
|
|
|
Од: Жарко,Ресен |
Датум: 24.12.2010 15:38:06 |
|
Да се придружам и јас кон честитките.Сметам дека направивте за Македонија колку што можевте.Според мене,вие сте најдоброто нешто кое и се случило на Македонија последниве неколку години.Се трудевте од ова мало парче земја да направите пристојно место за живеење.Оваа држава никогаш не знаела да ја цени добронамерно подадената рака.Од секогаш сме мислеле дека другите доволно не не сакаат.Ви посакувам среќни пензионерски денови и се надевам дека кога ќе заминете од овде со себе ќе понесете барем малку светли моменти и сеќавања од оваа наша,а и ваша Македонија. |
|
|
|
|
|
|
Од: Janakiev Nlkola |
Датум: 24.12.2010 15:53:01 |
|
24/12/2010god Perth
Gospodine Ambasadore vasite izjavi okolu jaziko i
idintiteto se odlicni no za mene kako Makedonec se sumlivi.Ne izlagja 1912god da zastaneme protiv Turcija so mnogu ubavi obekavana so nasite pavoslavni no Ambasadore seto tova bese magla.Jas ti pozeluvam zdravje i dolg zivot.Na redakcijata srekna nova godina i cestit bozic od Kole. |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 24.12.2010 16:08:34 |
|
Eve,barem od dosega objavenite osum komentari,samo dva "suti".Toa e nekade okoli20%!!!
Veruvam deka toj procent e i pomal (dokolku po naredb ne se javat "komentatorite" so po edna prosta recenica).Glavno ,moeto viduvanje e na linija na ostanatite sesty komentari,poradi sto i im se pridruzuvan vo pozdravite do g-dinot Fuere i
ja izrazuvam mojata blagodarnost za negoviot
angazman vo nasata zemja!!! Ostanatite so podrugi razmisluvanja (ako nivnoto verglanje moze da se podmetne pod poimot -razmisluvanje) ne
deka ne mozat da se razubedat,tuku deka ne sakaat da se razubedat.Popusto se viduvanjata na ambasadorot vo vrska so resenieto za imeto na
zemjata,a ne za identitetot i jazikot,tie uporno ce
se drzat za toa sboe "otkritie"!!! Vo obraten slucaj ce bidat razgoleni do gola koza!!! Patem tie "braniteli"
na identitetot i jazikot se na linija na nekoi od svoite mentori cii (glasni ili pritaeni) viduvanja se polosi
od viduvanjata na nasiot protivnik!! Zalno no
vistinito!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Toronto |
Датум: 24.12.2010 17:09:31 |
|
Gospodine Ambasador,zalam no Vladko morase da Vi ja kaze vistinata.Vistinata nekogas boli no sepak e vistina.Nee kasno da se pokaete i mu se izvinite na makedonskiot narod. Naseto ime e Makedonija. Toa treba site da goznaete. |
|
|
|
|
|
|
Од: gunees |
Датум: 24.12.2010 17:27:42 |
|
fakt e deka Fuere voopsto ne bese spremen za vlada koja misli so svoja glava i znae sto saka.
Evropska unija e naviknata samo na poltronstvo od banana drzavickite, koi naizgled ramnopravni, sekogas se dikriminirani i staveni vo podredena uloga.
Iako spakuvano vo oblanda, mototo na fuere i eu e:
site sme isti, ama nie sme malku poisti od vas !
Se nadevam deka na negovo mesto ke dojde ambasador koj podobro ja razbira borbata za osptanok na makedonskata nacija . |
|
|
|
|
|
|
Од: demokratija ?? |
Датум: 24.12.2010 17:29:51 |
|
"neznam koj e aroganten" blagodaram sto mi popolna mislenjeto, sto drugo da kazam . . preku glava veke od oviee 'demek' diplomati -ambasadori . . prvo neka razberat istite sto znaci demokratija a posle ke ne konsultirat i nas!! toa od eu e neviden fasizam!!sramota!!sramotota!sramota!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: Gospod |
Датум: 24.12.2010 20:43:22 |
|
Ma hajde bre diletantu. Ime ne menuvame ni na drzava ni na nacija. Vie ste tie koi kocite razvoj i integracija. Kocnicari! Samo vam da vi e po merak. Se utepavte od pari grabenje. Dosta ni e od vas. |
|
|
|
|
|
|
Од: do sime |
Датум: 24.12.2010 21:32:53 |
|
Makedonskiot narod e postar od skoro site drugi sosedni narodi i zatoa go ima mnogu staroto nacionalno ime Makedonija.A Fuere neka znae deka ne e problem imeto,problem e juzniot sosed sto saka da krade ime i identitet.Juzniot sosed go nametna problemot so identitetot,a ne ovaa vlada,zatoa sto stom bara promena na imeto,bara promena i na identitetot.Tie se povrzani silno.Politicarite od juzniot sosed nekolku pati izjavija deka sakaat da go zemat nasiot makedonski identitet. |
|
|
|
|
|
|
Од: Вила Зора |
Датум: 24.12.2010 22:09:22 |
|
Вистината секогаш боли, најмногу кога туѓата вистина е посилна од „нашата“. На жалост на крајот победува „посилната“ вистина.
Не е важно колку силно го извикуваме сопственото име, светот ќе не цени по нашите постигнувања во науката, економијата, културата, спортот..., а јас имам впечаток дека во последно време само викаме за името.
Младите, посебно оние кои завршиле високо образование и поминувале низ рани лавиринти, треба да се борат, а не да молат, за своите права, посебно со племенските орди на заслепени неандерталци и да изборат и докажат пред европските народи дека и во оваа држава има културен народ.
Г-дин Фуере е редок дипломат кој покажа како културен човек може да се соживее со средината во која е испратен за да ни ги измери и паметот и силата. Тој својата работа успешно ја заврши. Колку измерените големини им се допаѓаат на нашите млади политичари што мислат дека им се „големи“ бројките е друга тема за дискусија.
Добро здравје, долг живот и довидување ! |
|
|
|
|
|
|
Од: Благодарен |
Датум: 24.12.2010 22:15:01 |
|
Голема благодарност за господинот Фуере за се што направи и што се трудеше да направи за нашатаземја.Големо извинување поради навредите што му ги кажаа примитивците.Само луѓе со тотално испран мозок,за кои просто-проширена реченица е генијалност,бранат некој идентитет ,кој самите го немаат! Извини,амбасадоре,но во оваа земја живеат 51% од населението со осмо одделение и помалку.Толку им се паднало,кога се делело! |
|
|
|
|
|
|
Од: ali kadrijovski,minhen |
Датум: 24.12.2010 22:41:13 |
|
e moi makedonci amabasadorot fuere mozebi qe ostanuvase uste nekoja godina na rabota ama vie go ostarevte pred vreme,oti vie ste em qelavi em azgani,oti za vas samo braqata srbi i rusi se idealni i celiot zapad vi e kriv i prosto ste protiv zapadnite vrednosti,a kako na po blag nacin ambasadorot da vi o bjasni deka ste mnogu retka pojava na montaza sto ne moze ni prorok da dojde pa da diagnostira sto ste,koj ste,i sto ponatamu so vakov ismislen narod,drzava nacija,ednostavno so vakva mesavina,a i da vi go najdat lekot,na grujo i semejstvoto bi im go rasipal uzivanjeto,oti vo evropska unija treba po pravila da se terat rabotite a vaka e meden mesec za niv,fuere ako ne uspee da ve stavi na kolosek nema vishe koj drug,da mu izgradite spomenik vo ramkite naskopje 2014,a ne da go navreduvate |
|
|
|
|
|
|
Од: Ангеле Л. Вретоски |
Датум: 25.12.2010 00:12:53 |
|
Евроамбасадорот Ерван Фуере подло лаже кога јавно изјавува "Сметам дека се злоупотребува прашањето на идентитетот. ЕУ не е за менување идентитети или слично. Спротивно на тоа, ЕУ е тука да ги зајакне и да ги промовира различните идентитети и културната разновидност која постои во Унијата." А какви јавни изјави и уцени и тоа во Европскиот Парламент даваат Грчките преставници. Дали на Фуере не му е познато што бараат од Атина ЕРГА ОМНЕС или по наше едно има за целокупна употреба. Грчкиот нео фашизам за уништување на Македонската Нација е финансиран од Европската Заедница. |
|
|
|
|
|
|
Од: Robert UK |
Датум: 25.12.2010 00:28:22 |
|
Pozdrav na site vo MK,Uste ednas za imeto pa pak za imeto ce diskutirame sekoja den i ce se vrtime vo krug,Jas bi predlozil ako treba da napravime golem chekor za da se smeni imeto treba isto taka da se vidi benificijata koja ce se dobie od toa .Pa gospoda i gospodji te drugari i drugarki vo nasata istorija na Balkanot se gleda deka nisto ne e vecno sve se menuva pa i ovaa situacija posle nekolku godini ce se smeni i ce go vratime imeto nazad posto istiot narod sto ce resi da go smeni ce go smeni uste ednas so vrajcanje nazad. Pozdrav do EU Ambasadorot Dobro i Dolgo Izdrza vo MK sigurno mu se svidelo.Pozzz |
|
|
|
|
|
|
Од: од мене |
Датум: 25.12.2010 01:43:54 |
|
Една работа не ми е јасна?Како може некој да критикува некаде на гости и да го кара домаќинот зошто кафето му е ладно,а домаќинот да нема право да му каже дека тука така се пие и стално така си го пијат и никој не се буни.Разбирам критика,ама кој критикува треба да зна е и да слуша и на свија сметка. |
|
|
|
|
|
|
Од: Do nekoj i profesorkata |
Датум: 25.12.2010 01:52:49 |
|
Izgleda deka te učela profesorka kako prvopotpišanata, pa zatoa mislite ti se pomateni. Za žalenje se site učenici koi sedele na nejzinite časovi. A za vaša informacija, Gospodinot Fuere e prijatel na Makedonija, ama faličen. Isto kako SAD i Anglija. Toj, dodeka go izusti imeto Makedonija makite Tantalovi gi preživuva. Za nego taa najčesto e "Ovaa ili vašata zemja". Sega si barem Nekoj, ama koga ke si go prodadeš imeto za da otideš vo Evropa od koja ti garantiram deka za polovina godina ke se razočaraš, ke bideš Nikoj. A profesorkata ke treba da uči nekoj drug jazik na koj ke im predava na idnite žrtvi. |
|
|
|
|
|
|
Од: George |
Датум: 25.12.2010 03:28:02 |
|
Г-н Фуере, страшно, лажно и омаловажувачки. Ја ценам вашата работа и придонес, но во еден дел од интервјуто направивте страшна грешка. Ако идентитетот и јазикот не биле проблем, зошто нашиот јужен и источен сосед, а членки на ЕУ не ги признаат Македонците во своите граници, им ги признаат основните човечки права како Македонци, вклучувајќи ја и употребата на Македонскиот јазик? Воедно тога да го стори и ЕУ. Можеби тогаш може да кажете дека ние, Македонците, немаме проблем со нашето име, туку некој трет и дека нему да му се помогне. Да бидам искрен, заради овој дел од статијата кога јас би бил на ваше место би се засрамил, бидејќи тоа не укажува на почит кон земјата, народот и неговите вредности. |
|
|
|
|
|
|
Од: Problemot e vo Vlasta |
Датум: 25.12.2010 09:56:57 |
|
Cestitki i topli zboroivi za g-dinot Fuere. Vie znaete deka problemot ne e vo ovaj napaten narod. Problemot e vo ovaa destruktivna vladeacka struktura, koja so nevidena arogancija i propaganda , zaradi licni interesi ja nosi Makedonija vo bespatija i propas. Toa go znae i EU . |
|
|
|
|
|
|
Од: yarkon06 |
Датум: 25.12.2010 10:02:58 |
|
A, Tamara Grncaroska da "zakoci" malku i da pisuva SOPIRA, moze li? |
|
|
|
|
|
|
|
|