Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Си велам

Бајати вести за тазе политика

Ерол Ризаов

Големите режисери на аферите се во партиските штабови

Настани што се случувале пред повеќе месеци и години ја потресуваат македонската политичка сцена небаре се денешни. Некои од нив навистина се драматични со сериозни последици. А, други се комични и личат на оној виц кога двајца тепале некој човек. Кога ги прашале зошто го тепаат човекот, рекле - како да не го тепаме кога овој е Турчин. Како тие не' тепале пет века. Па, добро бре луѓе, тоа било одамна и поминало. Да, било одамна, ама ние вчера разбравме одвратиле задоцнетите патриоти. Како се случува бајати вести да станат тазе храна за политичка пресметка. Оваа дисциплина и досега беше присутна во јавноста, но, главно, резервирана за дежурните теми од типот кој ги уби Ченто и Рацин, транзициската приватизација на општествениот имот и историските предавства и кодошења. Сега се случува нешто сосема друго. На колективна софра добиваме стара лута ракија и свежо сезонско мезе од живи луѓе.

Привидно, главна улога во ова рашомонијада играат медиумите иако задоцнетите афери не се плод на нивни истражувања, а уште помалку нивни откритија. Тие само ја преземаат улогата, обично валкана, веќе објавуваните стории и скандали да ги прикажат како нешто многу актуелно, спектакуларно и сензационално. Како божем со козметички третман да направиле голем новинарски подвиг. Големите режисери на аферите, главно, се во партиските штабови. Тие ги подготвуваат сценаријата и по специјална нарачка, вршат избор на медиумот во најповолниот момент за нарачателот.

Како тоа изгледа во практиката: на пример, целата документација како експретседателот на државата, Бранко Црвенковски, потрошил 340.000 евра, по ревизијата, уредно архивирана, стоела и во неговиот кабинет, но речиси две години и во кабинетот на актуелниот претседател Ѓорге Иванов. За во одбран момент да осамне како првокласна афера „Надеж“.

Во мемоарите на првиот претседател Киро Глигоров речиси пред една деценија јавно се објавени неговите сеќавања за присуството на грчкиот разузнувач Грилакис и за неговите релации со тогашниот министер за внатрешни работи, Фрчкоски. Сите детали за оваа своевремено голема афера се објавени во македонските медиуми повеќе пати. Особено беа значајни и интересни кога Љубомир Фрчкоски беше моќен и на власт. Денес во ново пакување ги преобјавува весникот „Бизнис“ како новооткриена сензација и крунско сведоштво како Фрчковски сакал да го продаде името на државата. Оркестрирано сите провладини медиуми ја преобјавуваат цитирајќи го големото откритие на „Бизнис“. Класичен пример на партиска режија со мирис на одличен бизнис за преживување.

Зоран Заев, потпресдател на СДСМ, зборувал со јазик на омраза во Валандово. Македонските журналисти не знаеја ништо за тоа цели два месеца. Денес, по обработката во партиските редакции, тоа е медиумска топ- тема. СДСМ ќе јадел живи луѓе кога ќе дојдел на власт. Ќе кркаат човечко месо ако дотогаш не бидат изедени. Добро е што сите медиуми и политички партии ја осудија оваа шокантна закана. Не е добро што новинарите и оваа сторија ја немаат од прва рака. Зошто два месеца анонимниот сопственик на информацијата ја чувал за себе, може само да се претпоставува. Колку во неа има монтажа, веќе воопшто не е битно. Во кој било контекст да е изговорена таа реченица, останува флека во политичката кариера на харзматичниот Заев, кој со својата појава и карактер е суштинска спротивност на глупоста што ја кажал.

Инспекциите за контрола на финансиското работење на Велија Рамковски имале налог да го направат тоа речиси цели две години, но не можеле да влезат во компаниите. Мижи Асан да ти бајам. Условите за спектакуларна акција се исполниле во моментот кога било неопходно да дојдат триста полицајци од разни родови со полна опрема и до заби вооружени за да се справат со глутницата опасни новинари што ги оневозможувале да си ја работат работата. А, ние, наивни, мислевме дека акцијата стасала како тесто за фурна откако престанала поддршката на А1 на Владата. Ете така се бранат интересите на граѓаните и, се разбира, на актуелната власт. Тоа што веќе со децении е нерегуларен медиумскиот пазар со флагрантно кршење на законите е помалку важно и кого таа здодевна тема интересира.

Пред повеќе од две години, наводно, возачот на МПМ бил фатен на унгарска граница со 750.000 евра во шише. Известувањето, откако добро отспало во Унгарија, стигнало до надлежни служби во Македонија пред повеќе од една година. Потоа негде во надлежни институции стоело со месеци додека не паднало од небото на уредничката маса. Од тој момент веќе никој не е надлежен. Управителите на МПМ тврдат дека ниту едно евро на компанијата не се одлеало на незаконски начин. Полицијата молчи. Ќе молчи и ќе биде ненадлежна, веројатно, дотогаш додека власта има полза од тоа.

Последиците од медиумската војна меѓу изданијата на МПМ и на Велија Рамковски се сосема очигледни: жестока меѓусебна компромитација на најголемите и најсериозни критичари на власта и трагична деградација на новинарите и новинарството. Пакувачите на аферите можат да бидат задоволни.

Во што е главната поента на задоцнетите афери со повратен ефект. Власта, која ги има сите механизми за нивно разрешување, која �� должна да ги спроведува законите засега само гледа сеир и задоволно ги трие рацете. Полицијата, судството, инспекциите ја оставаат арената отворена каде што новинарските гладијатори водат туѓа војна. По се' изгледа дека нема голем политички профит ако сите случаи и шпекулации што во последно време ја потресуваат јавноста се разрешат брзо според нормите на правната држава. Што мислите, кој има најмногу ќар тие да се крчкаат долго на жар. Така се највкусни, но и најотровни.

Владата со својата индиферентност во најмала мера е соучесник ако не и главен производител на аферите.


#
Статијата е прочитана 1421 пати.

Испрати коментар

Од: Стојан
Датум: 24.12.2010 13:22:15
Корумпираната власт си игра со медиумите и сее раздор. Сето тоа ќе го плати народот: со понатамошно осиромашување, со продолжување на неправдата, со разнебитување на Македонија и цементирање на владеењето на оваа ненародна влада.
Од: ivo
Датум: 24.12.2010 13:32:36
Mene nesto od lingvisticki aspekt me interesira : "ORVELO -KAPONIZACIJA " se pisuva odvoeno ili spoeno? Jas mislam deka se pisuva spoeno, samo znam deka lingvistite ne priznavaat deka i vo makedonskiot jazik ima zborovi kovanici!
Од: ?!
Датум: 24.12.2010 13:47:28
Значи,се гледа иако од далеку,проекцијата,врз која се темели стратегијата за селектирање на ресурсите врз кои ќе се темели идната наша заедничка ни држава.Но од близу се гледа истата грешка која без наводници си ја правеле и сеуште ја прават давачите на услугите за другите кои партиципираат во државата.Иако низ сите век и векова и денес се бара заедничко влечење на ралото.За жал само декларативно.Имаше шанса оваа држава во темелите да стави од сечие зрно.,од кое семе ќе никнуваа разни зачини за да биде повкусна за Европа.Но,како иа да е навистина против Божјата волја не се оди.А,тоа за криминалот.Е тоа е четиво за првиот поглед од очите.Борбата против него нека продолжи.
Од: sime
Датум: 24.12.2010 15:27:15
Za nas obicnitee lugje koi pratime sto se zbidnuva vo Makedonija ne ni pomisluvame deka ovie nesta se slucile taka odamno,toa znaci deka se cuvat kako oruzje protiv"neprijatelot"Toa Radomirovic go opisal kako temen vilaet.
Од: press
Датум: 24.12.2010 17:17:34
Vistinata stanuva vistina togas koga ke se pojavi na videlina, i vistinata nikogas ne zastaruva ! Aman be erol be....
Од: љУбИцА
Датум: 24.12.2010 20:48:27
Д а се назначи власта за виновник , за да се оправдаат скандалите и аферите на приватните фирми е вистинска лудост... Секој треба да си одговара за своите (не)дела, без оглед на политичката определба. А што се однесува до задоцнетото пласирање на информациите во јавноста ( изјави , мемоари,продажба на уставното име) ,велите дека :,,задоцнетиот ефект на аферите резултира со триење на рацете кај власта ,,.....Па !!!! ако си ја вршат функцијата ,и криминалците и затајувачите на данок ги ставаат каде што им е местото, тогаш каква ,,болка ,,е триењето на рацете?.
Од: Маркос
Датум: 25.12.2010 00:19:41
. Спектакуларните акции на апсење на познати личности, многуте луѓе ги следат со восхит, со „браво„ за власта, па дури и со насладување. И, ако се покаже дека тоа било без основа, ништо не им пречи пак да се восхитуваат во следна прилика. Во исто време, тие не се прашуваат зошто се некои моќни луѓе недопирливи иако се со години во скуоб со законот. Можеби не им текнува дека во „нови демократии„ (каква е и македонската), за соодветни акции на органите на гонење мора да има ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА кај извршната власт.. Таа пак „предметите„ ги активира спрема свои потреби, би рекол како сега во случај „Рамковски„.За жал, јавно обвинителство кое делува спрема законите и независно од волјата на извршната власт, е просто мислена именка.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Скарлет беше грозна со мене
Ахмети ќе лови македонски гласови
Колку УДБ-а беше нашата судба (13)
Каде исчезна рокенролот?
Нема лабаво за пушењето
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Умот и духот се секси
Што предвидуваа футуролозите за 2010?
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Двајца Македонци уапсени во Риека
Црковниот календар како минско поле
Добар задник - клекнете и станете
Македонските ракометари го победија Египет
Промашена деценија (1)
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
За земјените знаци - практичен подарок
Жив го изедоа Заев
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
Диригентот и дилерите свртеле хероин од милионче
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks