Мајка и ќерка убиени во Куманово
(24.12.2010г.-09:23ч.) Вчера попладне во кумановската населба Ајдучка чешма, 19-годишната Даниела Лазревска и нејзината 42-годишна мајка Сузана се застрелани во семејната куќа.
Според изјави на роднините, двојното убиство го извршил братучедот на Сузана, инаку вујко на девојката со која бил во тајна љубовна врска.
Родителите на Даниела не ја оправдувале врската на вујкото и внуката и се претпоставува дека мотивот за убиството е забранета љубов.
Убиството се случило околу 15 часот, кога 22-годишното момче наминало во куќата на неговите роднини и по претходна расправија со мајката и ќерката извадил пиштол и со неколку куршуми ги застрелал и двете по што се дал во бегство.
За време на убиството присутна била само малолетната сестра на Даниела која била со пречки во развојот и успеала само да каже дека видела како вујкото со куршум ја погодил во чело нејзината мајка.
Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата и трага по извршителот на убиствата. (МИА)
|