Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Едиторијал

Црковниот календар како минско поле

Билјана Јовановска

Дали Христос е роден на 25 декември или на 7 јануари?

Кога ќе го славиме Божик, раѓањето Христово, зависи од тоа дали верски и' припаѓаме на католичката или на православната црква. Но, не само од тоа. Ако сме дел од Македонската, Руската, Српска, Украинската, Ерусалимската или еден мал блок од Грчката црква, тогаш црковното време ќе го мериме според Јулијанскиот календар. Оние што го оспоруваат календарот изработен 46 години пред Христа од александрискиот астроном Созиген, велат дека тој е стар и непрецизен, а стручњаците тврдат дека се разликувал за 11 минути и 14 секунди од вистинската Сончева (тропска) година. Меѓутоа, тоа навидум мало доцнење се зголемува, така што ние сега заостануваме за цели 13 дена.

Реално, на стопанствениците што имаат деловни врски со Европа, ова им создава долготраен неработен вакуум. Сепак, се цени дека нивните штети се помали од оние што би можеле да ни се случат со преминување на Грегоријанскиот календар. На традиционалните верници-практиканти, па и на оние „неконвенционалните“, тоа им пречи. Не се подготвени на никакви поместувања на верските празници за 14 дена наназад, бидејќи се навикнати да го слават Божик на 7 јануари, ��етровден на 12 јули, Св.Илија на 2 август... Неменувањето на црковниот календар, веројатно, е единствената работа за која врвот на Македонската православна црква го слуша гласот на народот. Да немаа цела низа конкретни причини зошто ни не размислуваат за Грегоријанскиот календар, ќе останеа глуви за мислењето на народот. Исто како што се оглушија на се погласните коментари на верниците дека црковните услуги се прескапи за нивниот џеб, дека дел од великодостојниците имаат надмен однос, кои не им прилега на мантиите.

Основна причина зошто кога е црковниот календар остануваме статус кво е фактот дека МПЦ се' уште го нема решено автокефалниот статус, а календарот подразбира можност од раскол. На нашата црква и' е доволно од негирањата од соседите, од обидите да инсталираат т.н. црква, која овде нема поддржувачи и вистински раскол би и' бил невиден луксуз. Кој вели дека конзервативните верници, а не е исклучено и по некој повисоко рангиран духовник, нема да се упатат во некоја од околните цркви? Во една од своите колумни, отворајќи го прашањето на календарот, митрополитот канадски и американски г. Методиј, во негов, препознатлив стил забележа: „Зошто да се разликуваме од другите дури и според календарот? Дали провинцијалскиот дух може да се скрие со униформирање на календарот? Дали миграцијата село - град (во глобалистички рамки) е доволна причина да го менуваме традиционалниот начин на бележење на деновите, и тоа за календар со поголема астрономска непрецизност да усвоиме календар со помала астрономска непрецизност. Една неточност да замениме со друга неточност, само да не' испаднеме ‘сељаци’, или да не се забележи тоа“.

Стравот од раскол буквално им ги тресе коските на владиците и во догледно време тие нема да чепкаат во календарот. Иако некои аналитичари гледаат на промената на црковниот календар како на исчекор кон унијатството, тоа во случајот не е примарната кочница. Понеизвесен е степенот на бранувања што би уследиле внатре, во МПЦ и меѓу верниците. Затоа, македонските владици гледаат на можноста за премин од Јулијанскиот на Грегоријанскиот календар како на опасно минско поле.


#
Статијата е прочитана 1029 пати.

Испрати коментар

Од: Jovan B
Датум: 24.12.2010 13:34:01
Ke go smenime datumot koga toa ke go stori i Srpskata crkva.Spored site megunarodni dogovori ovaa teritorija se uste se vodi kako Srpska, pa jasno e se.
Од: sv diitrija
Датум: 24.12.2010 13:58:03
Me interesira. da e zaprasham Gospogava koj e plaka so vakvi raboti da se zanimava .A kako zemjite shto ne se Kristijani ,Muslimani ili Budisti pravat biznis so Kristijanite so iljadi godini i nema nikakvi problemi i sve odi normalno.Gospogo za vas izgleda e se edno koj sne shto sne i kako ke se vikame .Zaboravate edno ,Site narodii na svetov se tokmu so toa razlicni edni od drugii zatoa i svetot e bogat so razni kulturi veroispovest i svoja istorija vo sprotivno na ovaa planeta bi bil samo eden narod ali Koj narod da bidi,po vashe mislenje ?.Navistina po nekogash chitame glupavi statii napisani od ne odgovorni luge.
Од: Љупчо Толевски
Датум: 24.12.2010 18:24:44
Добар верник е оној верник кој ја почитува Божјата волја а Божјата волја е празниците да се прославуваат според стариот календар. Ние, луѓето, имаме слободна волја и право, самите да одлучуваме дали ќе го прифатиме новиот календар, односно, дали ќе веруваме во Бога или не, но треба да бидеме и свесни за последиците од таа одлука што ќе ја донесеме по нас слободен избор.
Од: Komentator
Датум: 24.12.2010 18:59:29
Do SVETI DIITRIJA....verojatno Dimitrija...ne e logicno histijanin da slavi Bozik na dva termina...Se raboti za "neodgovornosta na" POPOVSKA dogma"........site hristijani osven Rusite Srbite i Makedoncite da i Crnogorcite go slavat na 7...Januari ...Ne polemiziram poveke ..samo edno da kazam kako mozez da bides dobar pravoslaven vernik patem trebe da postis 40 dena prd Bozik a ke se nalapas prasetina za Nova Godina....!! Zatoa daj da spasime sto se moze mladite veke i svakaat deka ovaa zavrzlama ili inaet poveke e od nekoj nerazumen egoizam ili cisto popvski profit...!!! Poveke e od smesno da hristijani slave dva Bozika dva Veligdena i dve Novi godini...zboruvam vo GLOBALA....!!!
Од: Ra
Датум: 25.12.2010 00:17:49
Preskapo e da, edna krstevka sto se slucuva ednas vo zivotot e 2500 denari, a iznajmuvanje samo na prostor vo igroteka e 2500 denari sekoj rodenden, sporedbata e strasna, no kolku da se ima predvid, edna vencavka isto taka ednas vo zivotot (i do tri pati neka e, ako saka nekoj) e 3500 denari (ili 5000) denari, a fustanot na nevestata koj se oblekuva samo toj den e 9500 denari i nagore, muziki, limuzini,itn. 2500 za pogreb e mnogu vo sporedba so 35000 i nagore za AD Butel itn. itn. I vekje nema prostor da se pravi muabet za duhoven zivot koga site lecitirame so cifri, za nas sram!
Од: Venko Gligorov
Датум: 25.12.2010 11:12:56
Raskolot e mozen i bez da se menuva kalendarot - toa moze da bidat mnogu poopasni raskoli. Lugjeto ako ne se zadovolni od uslugite na MPC, a gledame deka ne se, ke si baraat drugi nacini za zadovoluvanje na nivnite spiritualni potrebi. So sila ubavina ne biduva. Sto ke se sluci ako polovina od vernicite preminat vo druga crkva - na primer Katolickata. Ne e grev bidejki i taa e hristijanska. Ili ako pocnat vernicite da si go slavat Bozik togas koga Isus Hristos e navistina roden, a toa e na 25ti Dekemvri. Drzavata Makedonija se odredila za Gregorijanski kalendar. Nasata drzava kazuva deka ima EU i NATO strateski celi. Za da stitime raskol po verska osnova, (mozno e da) se kreira raskol po egzistencijalna i nacionalna osnova. Sto e poopasno?

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Скарлет беше грозна со мене
Ахмети ќе лови македонски гласови
Колку УДБ-а беше нашата судба (13)
Каде исчезна рокенролот?
Нема лабаво за пушењето
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Бајати вести за тазе политика
Умот и духот се секси
Што предвидуваа футуролозите за 2010?
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Двајца Македонци уапсени во Риека
Добар задник - клекнете и станете
Македонските ракометари го победија Египет
Промашена деценија (1)
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
За земјените знаци - практичен подарок
Жив го изедоа Заев
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
Диригентот и дилерите свртеле хероин од милионче
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks