Двајца Македонци уапсени во Риека
(24.12.2010г.-09:27ч.) Полицијата во Хрватска поднесе кривична пријава против двајца Македонци и еден маж со двојно, хрватско и македонско државјанство, поради киднапирање македонски државјанин кој престојувал на подрачјето на Риека.
Во истрагата е утврдено дека македонски Интерпол по еден од уапсените распишал меѓународна потерница.
"Со полициската истрага спречени се и други тешки дела кои би се случиле доколку не беше полициската акција", се вели во соопштение од МВР на Хрватска.
Акцијата почнала во вторникот навечер и биза завршена за околу 15 минути. Имено, осомничените се обиделе да го киднапираат З.Н. кој во момент на нивно апсење, бил во својот автомобил. (МИА)
|