|
|
|
|
|
|
Мислења
Жив го изедоа Заев
Ѓорѓи Спасов
Заев на партиски собир рекол дека кога неговата партија ќе дојде на власт, ќе прави нешто што го прави партијата на Груевски од првиот ден на власт
Постои приказна за еден пилот на кого му се расипал авионот над џунглите во Јужна Америка. Тој по паѓањето се разбудил меѓу жителите на некое диво племе. Целиот преплашен, прво што прашал било: Да не сте вие канибалисти? А, неее - му одговориле тие. Имаше само еден таков меѓу нас и пред некој ден го изедовме.
Ете, на ова ми личи јавната полемика со Зоран Заев. Се појави еден таков меѓу нас и ние го изедовме. Несреќната изјава на популарниот градоначалник на Струмица за „јадењето живи луѓе“, деновиве се нуди како клучен доказ дека СДСМ има тајни планови да ја партизира државната администрација и да востанови целосно партиска држава во случај да ја освои власта. Таквата голема опасност е забележана, пред се', од партијата на власт во Македонија и од подолго време заспаните синдикати.
А, Заев, всушност, на партиски собир рекол дека кога неговата партија ќе дојде на власт, ќе прави нешто што го прави партијата на Груевски систематски од првиот ден на освојувањето на власта. Тоа нешто (всушност, партиските вработувања), многумина во Македонија го сфатија како тајна на успехот на партиите и затоа тие се обидуваат меѓу себе да се имитираат. Но, прашање е дали е токму така? И дали овој „канибализам“ на партиите не води директно во насока на губење на власта на следните избори? Зошто?
Познато е дека меѓу членството на сите партии има голем број невработени или лица со невработени сопруги, деца, внуци и пријатели. Сите тие во едно општество, каква што е Македонија, во кое партиите имаат голема политичка моќ во свои раце, стануваат нивни членови - со цел полесно да го решат овој проблем. Кога некој ќе се вработи во Македонија, прво се гледа колку во тоа му помогнала неговата партиска припадност, а ако не е член на некоја партија, тогаш во какви роднински односи е со некој од членовите на партијата.
Меѓу членовите на СДСМ, на пример, постои силно уверување дека ВМРО-ДПМНЕ „води сметка за своите членови и активисти“. На секој состанок во секое село ќе ви наведат колку од младите активисти на ВМРО-ДПМНЕ се вработиле, дека таа партија има воспоставено целосна контрола и хиерархиски е построена - од чистачка до министер и дека нема никаква шанса во нивно време да се вработи некој од СДСМ или партиски неопределен, да добие некој бизнис, тендер или слично. Ваквата „грижа“ за членството што ја прави ВМРО-ДПМНЕ, веројатно и ДИУ кога е на власт (без јавно да кажуваат дека ќе јадат живи луѓе), се наведува како главен адут за успехот на тие партии, за привлекување нови членови, за зачувување на верноста од веќе вработените и за јакнење на солидарноста внатре во партиските структури.
Голем број млади и невработени од СДСМ јавно зборуваат дека тие можат да издржат без работа за време на ВМРО-ДПМНЕ, но не се сигурни и дали со евентуалната победа на СДСМ ќе бидат зголемени нивните шанси за работа во однос дури и на понекомпетентите од нив. Тие ги обвинуваат раководствата на СДСМ за користење на функциите што ги добиваат од партијата само за своја цел и за целосно занемарување на интересот на оние што помогнале со својот активизам партијата да дојде на власт. Е, токму затоа, веројатно, Зоран ��аев сакал да каже дека отсега натаму нема да биде така. Тој сакал да каже дека по евентуална победа на изборите, раководството на СДСМ овој пат ќе ги познава своите членови и симпатизери и ќе се грижи за нив на начин како што го прави тоа ВМРО-ДПМНЕ.
Но, токму тоа го создава проблемот. Во земја во која се регистрирани над 250 илјади невработени (потенцијални гласачи), со вработување по партиски клуч дури и на 10.000 лица создавате револт кај сите други што ќе ја гледаат шансата во опозициската партија и за неа ќе гласаат на следните избори. Ако тоа го правите во услови кога нема реален развој на земјата, тогаш нови партиски вработувања се можни само со проширување на администрацијата и вие реално вршите партизирање на државата и го засегнувате нејзиниот економски и демократски развој. Така, она што навидум изгледа како тајна на успехот на партиите на изборите се претвора во сигурен модел за губење на изборите и за влошување на состојбата во земјата. За жал, партиските вработувања во долг рок не ќе можат да бидат избегнати. Во секоја држава има определен број места што се пополнуваат со луѓе од партијата што победува. Во секоја земја се наградува партискиот активизам, а државите се разликуваат само по бројот на местата во државниот апарат што ги пополнуваат партиите. Во недемократските држави бројот на местата во државниот апарат е поголем. Државите во кои партиите целосно се селат во државниот апарат се нарекуваат уште и партиски држави. А тие што своите партиски кадри ги инсталираат и во судството, полицијата и на сите нивоа на одлучување, инклинираат кон тоталитарни држави.
Смислата на промените по паѓањето на комунизмот во Македонија се состоеше во тоа да постојат повеќе партии што ќе се менуваат на власт и што ќе оспособуваат кадри за вршење на власта, но и воведување таков систем во кој освен определен број политички функции во државата, сите други места ќе се пополнуваат според системот на достапност за најспособните. Затоа се правеа реформи за независно судство, професионална полиција, непартиска, стручно оспособена државна администрација, која ќе биде сервис на граѓаните и која ќе ја обезбедува стабилноста на системот додека се менуваат партиите на власт. Нешто од тоа и се постигна. Приватниот сектор не го интересира партиската припадност, туку способноста. А и во јавниот секој што има некоја одговорност гледа околу себе да собере способни луѓе што можат да му помогнат. Гледано во целина, покрај низа реформи, Македонија останува длабоко во доменот на партиска држава. Полесно се доаѓаше до работа без партиска книшка во комунизмот, одошто денес. Тоа е застрашувачкото.
А без промени на тој план, нема демократија ни развој. Ќе се менуваат партии на власт, но нема да се смени моделот на владеење. А токму за тоа се работи. Како што рекол Мао Це Тунг - Не е важно дали мачката е црна или бела. Важно е дали знае да лови глувци. А кај нас глувците оро играат.
(Авторот е универзитетски професор) |
#
|
Статијата е прочитана 2257 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Трпе |
Датум: 24.12.2010 13:06:55 |
|
Речникот на Заев е супер.Овој речник требаше да се употрбува уште од многу порано.Но не треба да се остане само на речникот тоа треба да се применува и во практика.Па како опстанува ова власт.Првин на својот народ ја цице крвта па ѓи јаде. |
|
|
|
|
|
|
Од: Objektiven |
Датум: 24.12.2010 13:58:11 |
|
Бадијала професоре се трудите да одбраните нешто неодбранливо, гостувајте со такви небулози на СДСМ трибини но не во еден респектабилен дневен весник. А и општопознато е кој прв почна со партизирање на администрацијата и кога (пред 16 год.), но не е во тоа поентата на демократијата!? |
|
|
|
|
|
|
Од: Душко |
Датум: 24.12.2010 14:28:45 |
|
како може да кажете дека се работи за несреќен коментар?! Па човекот да не, не е со сите, па вие вака што му ги исправате грешките? Сега ве прашувам вас и вашиот несреќен, упс пардон, популарен градоначалник, Дали некој од администрацијата која досега беше наполнета од партиски кадри на СДСМ беше избркан од работа?, дали истите луѓе кои се од вашата партија а и од другите досега ги замајувате со договори на привремени вработувања, па сега кога некој им даде решенија тоа на вас не ви одговара, и сега велите НЕСРЕЌНА ИЗЈАВА?!!! Па вие едвај чекате да го направите токму тоа што го кажа овој во Валандово, само се плашам да не почнете да бркате по грешка од своите кои добија решенија за вработување. Ептен сте ГРЕОТА, искрено почнувам да ве жалам. Наместо да извадите некои нови предлог решенија за идните генерации и да и конкурирате на моменталната власт, вие се што научивте е да критикувате. Трагедија |
|
|
|
|
|
|
Од: Do Dusko |
Датум: 24.12.2010 14:42:55 |
|
Gospodine Dusko bi ve prasal dali navistina veruvate vo toa sto go pisuvate. Pa ve molam vo moeto posiroko semejstvo imav pet pod dogovor na delo. Resenija dobija dvajca i toa slucajno prethodno od opstinski komitet im kazaa deka ke bidat primeni. Jas se raduvam za niv no sto da pravat drugive koi ne sakaat da bidat aktivisti. |
|
|
|
|
|
|
Од: vivien |
Датум: 24.12.2010 15:41:25 |
|
Dragi braniteli na Zaev in kompani prasajte gi lugeto sto bea izbrkani od rabota vo 2002 g. koga SDSM dojde na vlast i syo uste se slucuvase so kadrite na VMRO-DPMNE koi bea na rakovodni funkcii..... se sluci ova sto sega go kazuva Zaev, sto znaci toj ne e izvaden od kontekst tuku toa veke go pravea i porano. |
|
|
|
|
|
|
Од: citatel |
Датум: 24.12.2010 15:53:31 |
|
Сите знаеме кој прв направи партизација на државата. Затоа предлагам ревизија на сите вработувања од 2000 година нагоре и нови огласи кои ке бидат јавни и на кои ке се избират најаките и најкомпетентните кадри. Друго чаре нема. |
|
|
|
|
|
|
Од: sime |
Датум: 24.12.2010 16:04:22 |
|
Zatoa od taa gledna tocka socijalizmot ne pravese problemi,bese edna partija megjutoa lugjeto pak zivi se jadea.SAklop na nasiot mentalitet. |
|
|
|
|
|
|
Од: buba |
Датум: 24.12.2010 17:22:36 |
|
Ke se slozev so vas deka toa e nesrekna izjava da ne bese toa praktika na site dosegasni vladi, pa i vasata.Goapodinot Zaev duri posoci i opstini vo koi veke ja sprovele praksata sto ja posoci.
Znaci vistina e toa : tesko na onie koi se partiski neopredeleni. |
|
|
|
|
|
|
Од: Seirdzija |
Датум: 24.12.2010 17:42:56 |
|
Isti vakov komentar kako ovoj na Spasov samo mnogu pokratok, kako ovoj na Spsov isprativ vo provladiniot, a nikakov vesnik Vecer, po povod "slucajot" Zaev. Mislite go objavija ? Ne im odgovara razlicnoto mislenje. I deneska im isprativ po povod slucajor Ramkovski i ne go objavuvaat. I znam zosto- zatoa sto napisav deka vo bliska idnina ce go vidime Latas i mnogu drugi latascinja od vlasta so " lisicinja na racinjata". Samo da ne se zaboravi (po obicaj). |
|
|
|
|
|
|
Од: karokan "gambit" |
Датум: 24.12.2010 17:48:50 |
|
Jas ne se zanimaval so razmisluvanjeto (citaj od zloba kazanoto) na nekojsi Dusko,kako sto toa go pravi,
nekoj Do Dusko.Ednostavno negovoto "verglanje" e obicna ulicarska perverzija,a ne vredi okolu nea da se trosi i gubi vreme!!!
Eve,ja do nego imam konkreten predlog,kakov sto vprocem dadov i na drugi "razmisluvaci" od
istiot kalibar.
Da ja izneseme na masa,"nesrecnata" izjava na Zaev i toa vo tvoja verzija( za koja patem i ne znaeme dali takva e vo originalna verzija) i da receme (od poveceto takvi) pismoto za presmetka
(vo originalna verzija) i da analizirame!!!
Taka na delo ce imame moznosti da sogledame
koe od dvete slucuvanja e i so pogolema negativna konotacija i ponepovolna za ugledot na zemjata!!!
Povli Dusko!!! te cekam!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!! |
|
|
|
|
|
|
Од: nacitan |
Датум: 24.12.2010 19:16:09 |
|
ne e vazno da li mackata e srna ili bela vazno e da lovi toa ne go rece Mao Ce Tung tuku Deng siao Ping koga vie g.Spasov nevte vlast gluvcite se iznaigraa oro |
|
|
|
|
|
|
Од: Zevzekman |
Датум: 24.12.2010 19:31:08 |
|
ako e taka, t.e. VMRO ja partizira administracijata, kako ne uspeal za 4 giodini da go stori toa ??.. tuku Praksa e so promena na vlast da se trgne starata administracija, taka napravija i vo Slovenija vo 2001, se do cistacka.. a kaj nas po sekoj izboriu se MNOZI administracijata a posle se cudime Budjetot bil golem.. |
|
|
|
|
|
|
Од: od zapad |
Датум: 25.12.2010 02:59:31 |
|
Nisto novo ni od profesorite. Napisal nesto sto site go znaat. Zgora na toa se stava vo odbrana na nesto sto treba da se kudi. I sto cekate dragi gragjani od ovie? Izjasi Murto, uzjasi Kurto. I taka li se ke terame. Avganistanci nizaedni. |
|
|
|
|
|
|
Од: баже |
Датум: 25.12.2010 03:02:55 |
|
преку глава ни е веќе на сите од партиски војници,а партиските војници не ги решаваат изборите,туку неопределените.Македонија под итно треба да го намали бројот и платите на администрацијата - не може администрацијата да зема 3 пати поголеми плати од приватниот сектор,кој впрочем ја плаќа таа администрација.Тоа е рецепт за пропаст. |
|
|
|
|
|
|
|
|