Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Женски муабети

Умот и духот се секси

Билјана Ванковска

Професорката сака да патува, знае да се „откачи“ и никогаш не калкулира со својата искреност

Валентина Тодоровска

Ерупција од енергија, хероињата на нашиот текст, професорката Билјана Ванковска, ја прави особено харизматична. Оние што ја познаваат знаат дека е зависна не само од работата и пишувањето, туку и од комуницирањето. Духовита, ��скрена, интересна, за минливоста на времето и годините сака да го цитира афоризмот на Конески - „детето во мене е затворено во кафез од брчки“, ама и Фелини и неговиот почеток без крај во страста кон животот... Во нашите женски муабети, без ракавици, Билјана остава впечаток дека во каква било животна бура нејзината сталоженост и сила можат да бидат сплав со кој ќе отплови понатаму.

Професор, колумнист, блогер, но и пријател, мајка... Како фаќате здив, како се олабавите од секојдневното траење, обврските, брзање...? Вежбање, медитација? Може ли музиката да Ве релаксира?


- Кај зависниците од работа, каква што сум и јас, тешко е да се направи разлика меѓу она што е обврска и она што е задоволство. И слободното време го користам за работи што ги сметам за важни и за кои мислам дека вреди да се ангажирам. И на моите ќерки сум им советувала да одберат професија што ќе ја сакаат и целосно ќе ги исполнува, бидејќи најчесто помалку време минуваме со луѓето што ни се драги отколку со работата. Затоа идеален спој е работа, која се обожава и која може да се врши и во „слободното“ време.

Со кои совети ги растевте ќерките? Како реагирате кога во една од трите ќе препознаете своја особина што Ви донела „проблеми“?

- Всушност, бев она што се нарекува „добро и послушно дете“, што е можеби чудно за некој што е препознатлив по бунтовниот дух. Пораснав меѓу слободоумен татко со глава во облаци од филозофија и поезија и силна мајка, која цврсто газеше на земја и не' воспитуваше и не' дисциплинираше (мене и брат ми). Така, од најрана возраст научив како да останам своја, и покрај надворешните стеги на она „како треба да биде“. Силната мајка беше фактор што и мене ме направи силна, а од татко ми ја наследив емотивноста, либералноста и храброста да не ми е грижа „што ќе речат соседите“. Трите ќерки настојував да ги воспитам во дух на слобода и заемна доверба. Никогаш не сум одела на родителски средби, не сум им попувала ниту сум им ги контролирала домашните задачи. Се покажа дека слободата и довербата обврзуваат, а тие знаеле и знаат дека ми се најважната и најдрагоцената работа на светот и дека сум секогаш тука за нив.

Најстарата ќерка веќе има брачен статус. Како изгледаше соочувањето со фактот дека „детето пораснало“? Како се чувствувавте гледајќи ја голема, среќна и сакана?

- Марина се омажи на 26 години, што значи дека далеку пред тоа веќе знаев дека е самостојна и зрела. Растењето на најмалата ќерка (која е 11 години помлада од најстарата) беше моментот на отрезнување дека веќе немам мали деца. Засега го имам искуството од само една свадба - и морам да признаам дека порано сметав дека оние солзи на свадба се наместени, ама јас се отепав од плачење од среќа, гордост... Најубавото нешто што може да му се случи на родител е да го види лицето на своето дете како блеска од среќа кога зачекорува во самостоен живот.

Можете ли да подвлечете заклучок под графата - мајка? Каква сте на оваа задача - строга и праведна или другарка што знае да сослуша и да разбере?

- Мислам дека сме другарки. Кога беа помали, знаеја и да ме искритикуваат поради презафатеноста, а Ведрана прашуваше „зошто нема нормална мајка како сите други“. Но, набргу сите три заклучуваа дека се гордеат што нивната мајка е поинаква. Мислам дека и без да сакам, им претставував модел. Никогаш не сум им ги наметнувала моите идеали или вредности, но само сум ги поттикнувала да даваат максимум од себе во она што го прават. Интересно, она што за мене можеби било напор и резултат на амбиција, за нив е сега сосема нормално.

За вкусовите и за нивното шаренило секогаш може одново. Мислам дека во Вас има нешто поинакво, карактеристично и особено. Колку е лесно да се пишува, да се констатира за себе?

- Секој човек е микрокосмос, со таа разлика што јас сум толку изложена на јавноста што имам можност да анализирам, ама и да ме анализираат. „Инаквоста“ е претпоставувам во тоа што зборувам без ракавици, отворено, ама без навреди. Некои ми забележуваат дека сум преискрена и преемотивна. Ама јас не гледам зошто тоа би бил грев, особено кога има толку причини за човек да биде немирен, растревожен, лут или тажен?! Јас сум плачка затоа што знам да пролеам солзи и за непознати и далечни луѓе, деца, народи. Но, не сум плачка во смисла на користење на солзите за да си поминам полесно во животот. Напротив, во личниот живот, но и во училница постојано сум ведра. По децата и поблиското семејство, најважни ми пријателите. Во ова модерно време, парадоксално, не успевам да се видам често со оние што ги сакам и оние што ми ја збогатуваат душата и умот, ама затоа компензирам со тоа што со посредство на модерната технологија имам пријатели низ светот. И тука не мислам на „пријатели“, туку на вистински.

Колку сте отворени и приемливи за новите луѓе? Постои ли доза претпазл��вост или лесно читате карактери?

- Не, никогаш не сум била претпазлива во однос на луѓето. Тргнувам од позитивна претпоставка дека се сите добри, им давам да ми се приближат лесно (а на мнозина им е шокантно да видат дека Ванковска била толку „обична“). Но, можеби мојата скорпионска природа ме обдарила со интуитивно оценување на нивните карактери и намери. Мислам дека немам многу разочарувања во животот, а и кога ќе дојдат - тоа го сметам за дел од цената што мора да се плати. Не можам да живеам во параноја и страв дека другите се можеби зли, љубоморни и сл. Подготвена сум за ризици.

Вашата гардероба порачува дека станува збор за жена со стил, а внатрешното задоволство, убаво рефлектирано на надворешноста. Што имате најмногу во орманот? Каде купувате и што?

- Ха ха ха! Вашава констатација ме насмеа искрено, бидејќи јас, дефинитивно, не сум жена што внимава на себе. Ако смеам да бидам искрена (а во ваков „женски разговор“ да не навредам некого), ме заморуваат жени што се опседнати со својата гардероба, козметичари, со стареењето, изгледот воопшто... Јас го сметам тоа за губење време. Се обидувам да изгледам пристојно поради работата што ја вршам (верувам дека слично се однесуваат сите ангажирани во слична професија, од градинка до училиште) и поради изложеноста на медиумите. Но, орманот ми е преполн со стара облека за која чекам да ги облечам повторно - секако, откако ќе загубам некој килограм. А тоа никако не се случува...

Храната како страст и љубов. Сакате ли да готвите и имате ли проблем во „дружењето“ со фрижидерот, да речеме, по 22 часот? Ќе има ли сарми, руска салата и кифлички во вашето новогодишно мени? Има ли врска она - преку желудник до срцето?

- Очигледно, нема криење, љубител сум на убава храна. А и менталитетот ни е таков што е речиси невозможно дружење без трпеза и чашка. А и кога сум исцрпена, немам трпение да размислувам за калориите. Имам среќа што за готвењето секојдневно се грижи мојата мајка. Има такви што ова ми го земаат за „грев“ за да кажат дека не сум доволно успешна жена. Кога бев млада сопруга и мајка, мислев дека морам да бидам успешна во се', ама подоцна сфатив дека морам да направам приоритети. Кога докажав дека можам да бидам совршена, кујната и' ја отстапив на мајка ми. Си имаме договор: таа е маестрална во кујната, а јас на друго поле. Кога сум во можност, отворена сум за предизвици да пробам егзотични кујни: виетнамска, тајландска, пакистанска, мексиканска, африканска...

Луто или благо?

- Ниту луто ниту благо. Најмногу месени работи...

Што ви значат зимските празници? Нова година? Каде ќе ја дочекате 2011? Патем, китите ли елка?

- Имам мешани чувства. Многу ги сакам новогодишните украси и елката, ама ме нервира новогодишната хистерија, особено шопингот како да е крај на светот. Новата година ќе ја дочекам дома. Најголемата умешност на еден човек е да препознае кога е среќен и тоа да ги го каже гласно и што почесто. Отсекогаш сум се радувала на мали работи и никогаш не сум имала некој „голем план“. Работите се одвиваат сами, на најчудесен начин. Како што стареам, се' повеќе ја совладувам оваа мудрост.

Дали човек остарува, се уморува од она што го смета и го очекува од љубовта? Колку зависносноста од оваа некогаш навика може да ги расипе илузиите? Што е за вас љубов кон маж? Всушност - дали сте вљубени?

- Доволно сум зрела за да знам дека постојат различни видови љубов, но сите се подеднакво важни. И за да знам дека во животот се сака повеќе од еднаш кога станува збор за љубов меѓу маж и жена. Би лажела кога би рекла дека не сум била повредена или разочарана, ама многу ми е важно да не си дозволам чувство на одмаздољубивост, омраза или самосожалување. Една арапска поема вели: во љубовната битка губат само оние што се плашат од љубовна болка. Дали сум вљубена? За жал, престара сум за да бидам во таква еуфорична ситуација, но се сеќавам со носталгија на младоста. Сега знам да сакам.

Некаде прочитав дека Мерил Стрип, актерка што старее без помош на пластика, вели дека младоликоста не е единствен човечки капитал. Мозокот не може ниту да се напудри ниту да се оперира. Што велите за минливоста на годините? Ве плаши ли староста?

- Да го цитирам Фелини, нема почеток и крај, само бескрајна страст за животот. Немам време да мислам на староста зошто имам толку многу планови и енергија. Модерното сфаќање на убавината е терор, а комерцијализацијата го засенува она што вистински го краси секое човечко суштество. За себе би го цитирала Коне��ки - детето во мене е затворено во кафез од брчки.

Што влијае најмногу врз самодовербата, или е тоа прашање на фактот колку работиме на себе, колку позитивните луѓе се дел од нашата реалност?

- Победата над сопствените стравови е најважна. Второ, важно е да не настојувате да им се допаднете на сите, туку да бидете она што сте и да ве води судот на оние што ги почитувате. Имав среќа целиот живот да бидам опкружена со луѓе поумни од мене: нивната поддршка е она што ми е највредно и прави да сум уверена дека сум на добар пат. Тие се моето алтер его, мојот коректор.

Ви се допаѓа ли Кундера и она неговото - само една навреда за жена е поголема од онаа дека е секс-објект. А тоа е - дека не е.

- Никогаш сум немала проблем со својата сексуалност, ни себе си не сум се дефинирала само преку неа. Умот и духот се многу секси и, веројатно, затоа сум сакала само умни мажи. Но, во најголемиот дел од мојата професионална дејност сум опкружена со мажи, кои ми прават најголем комплимент кога и не забележуваат дека зборуваат со жена, па без пардон знаеме да се конфронтираме како еднакви.

На ��ажите им е полесно?

- Јас не би се менувала со ниту еден маж, иако има многу повеќе мажи на кои им се воодушевувам отколку на жени. Но, на денешните мажи не им е лесно, во тоа сум сигурна.

Поради постојаниот контакт со младите морам да ве прашам - какви се новите генерации денес?Во што се разликуваат од вашата генерација?

- Можеби веќе звучам како моите родители и сосема е природен тој генерациски јаз, но јас имам големо чувство на емпатија и сочувство за времето во кое живеат денешните млади генерации. Мислам дека ние бевме посреќни, поведри, со повеќе перспективи (иако дел од нив се покажаа како гола илузија). Многу ме боли кога гледам изгубени, пасивни генерации, без амбиции и свест за себе и својата моќ во општеството.

Разговорот го почнавме со методи за релаксирање, а ќе го завршиме со забава. На што вие можете да се откачите? Драги филмови, вашата музика?

- Најважно од се' е што сакам и знам да се откачам. Најчесто во друштво, со музика, која допира до душата. Кога слушам темпераментна музика, не можам да мирувам. Јас постојано работам со музика/слушалки во ушите и така најдобро се концентрирам, а изборот на музиката зависи од расположението, од темата со која се занимавам. Сакам филмови, но имам се' помалку време за нив: научна фантастика кога се релаксирам, а документарци кога сум сериозна. Но, најмногу од се' сакам да читам. Мојот „пуст остров“ го замислувам како ситуација во која сум заклучена во огромна библиотека.

 


#
Статијата е прочитана 4563 пати.

Испрати коментар

Од: Марија
Датум: 24.12.2010 14:00:12
Извонредно интервју со извонредна соговорничка. Шапката долу за новинарката и за професорката.
Од: tatoo
Датум: 24.12.2010 14:28:30
Почитувана г-ѓо Ванковска. Под стегите на оваа власт умот и духот се сексаат во владата.
Од: Komentator
Датум: 24.12.2010 19:07:22
Prekrasna licnost...koja so zadovolstvo ja citam i gledam na TV...Ekvolentna sekogas odgovor razbirlim za siroki masi...harizma koja retko moze na zeni od makedonsko politicko i kulturno mijle da se najde...Seta pocit gospoza profesorke ..samo napred...!!
Од: Marija
Датум: 24.12.2010 20:50:30
Profesorke prv pat ja otkrivate svojata zenska strana.Ubavina.Ubavo mi e sto sum zena poradi zeni kakva sti stevie
Од: Sbep
Датум: 24.12.2010 21:23:07
Професорката доволно е експонирана за многумина да оценат за каква личност и интелектуалец станува збор. Она од Конески што таа ни го пренесе - детето во мене е затворено во кафез од брчки - само прави тие двајцата да пораснат во моите очи! Им се восхитувам на такви...
Од: igor
Датум: 24.12.2010 23:28:32
voshituvacki iskreno i zrelo/mislam mudro mnogu poucno za mladite malku nadez za vistinskite vrednosti
Од: SELJAK
Датум: 25.12.2010 02:02:52
Gospogo profesorke mlogo dobar MUABET so novinarkava.Sve sto rekovte bi sakal da bide i misleneto na mojata supruga koja je isto kako i vie MAJKA NA CETIRI PAMETNI I UBAVI KERKI koi se kitat so UNIVERZITETSKI DIPLOMI so koe retko koja MAJKA bi mozela da se pofali.Neka vije srekna novata 2011godina samo edno razoracuvane ne go spomnavte BADNI VECER i najgolemiot hristijanski praznik RAGANETO NA NASIOT SPASITEL ISUS HRISTOS- BOZIC-Odalecuvaneto od nasiot SPASITEL vodi do SAMOUNISTUVANE i gubene na coveckiot DUH a koga duhovno sme prazni togas dostignuvame do nivo na neluge i necoveci .Srekna nova godina i sreken BOZIK.
Од: Elenka Ilioska
Датум: 25.12.2010 05:12:38
Pocit kon Vasata licnost i delo poveke od profesorke.
Од: Dr.Coci
Датум: 25.12.2010 07:31:02
Marija pogodila tocno, kako nebare so igla da ja doprela vistinata komentirajki za ova intervju. Navistina retko uspesno intervju vo Utrinski.
Од: JANA
Датум: 25.12.2010 08:23:09
Pocituvani, Intervjuto e odlicno,pogotovo sto e napraveno kako spontana konverzacija so edna prekrasna iskrena, prepametna licnost ,Imam samo edna zabeleska:heroinja=heroina na makedonski......

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Скарлет беше грозна со мене
Ахмети ќе лови македонски гласови
Колку УДБ-а беше нашата судба (13)
Каде исчезна рокенролот?
Нема лабаво за пушењето
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Бајати вести за тазе политика
Што предвидуваа футуролозите за 2010?
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Двајца Македонци уапсени во Риека
Црковниот календар како минско поле
Добар задник - клекнете и станете
Македонските ракометари го победија Египет
Промашена деценија (1)
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
За земјените знаци - практичен подарок
Жив го изедоа Заев
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
Диригентот и дилерите свртеле хероин од милионче
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks