За земјените знаци - практичен подарок
Доколку одбирањето подарок не ви е силна страна, консултирајте ја и астрологијата
Подароците што ги разменуваме во новогодишната вечер не мора секогаш да бидат скапоцени, блескави и величествени. Колку и да ви звучи изветвено, секогаш е важно вниманието, сеедно дали е тоа магнет за на фрижидер или чоколадни бомбони. Доколку се наоѓате во кратка врска, но која ветува многу, на девојката не би требало да и' подарувате накит и интимна облека, идеален подарок за неа би било книга, шал, ракавици или ЦД од омилената група. Всушност, тоа се подароци што радуваат, но не обврзуваат, и што е најважно, не праќаат судбоносни пораки. Девојката со која се наоѓате во стабилна врска, веројатно, најмногу би се израдувала на прстен, сеедно каков, зашто е многу поважно прашањето што оди со него. Доколку се' уште не сте подготвени на таков чекор, отпатувајте некаде на два-три дена.
Пријателите во хороскопскиот знак Овен ќе се израдуваат доколку пробаат нешто ново, како што е, на пример, скокање со падобран или возење тркачки автомобил. Би им се допаднал подарок што ќе им помогне да ја подобрат својата работа. Бескрајно енергичниот Овен ќе биде многу среќен со спортска опрема или билет за некој натпревар.
Биковите се големи колекционери. Доколку знаете што собираат, вашиот подарок би требало да се движи во таа насока. Тие штедат и сакаат се' што е врзано за банки, пари и акции.
На Близнаците треба да им подарите нешто што може да им помогне во комуникација или може да им ја предизвика фантазијата. Тие сакаат различни работи и затоа попрво подарете им повеќе мали подароци отколку еден голем. Бидејќи Близнаците летаат од една на друга идеја, можеби ќе им годи јога, во секој случај за нив би било корисно да добијат нешто што ќе им ги фокусира мислите.
Раковите се многу сентиментални и затоа подарете им нешто што има лично значење. На пример, рамка за слики каде што ќе ја ставите омилената фотографија или албум со фотографии што ќе потсетуваат на заеднички моменти. Исто така, можете да ги израдувате со подарок што ќе им овозможи да го подобрат својот дом и што повеќе да уживаат во него.
Лавовите сакаат да ги третираат како да се кралеви и тие сакаат подароци што се екстравагантни, големи и привлекуваат внимание. На пример, големи фирмирани торби или убав накит. Исто така, можете да им подарите некоја нова видеоигра на компјутер или специјален шпил карти, бидејќи Лавовите сакаат да си играат.
За Девиците, колку подарокот е попрактичен, толку подобро. Тие сакаат работи што можат веднаш да се користат, како што е, на пример, роковник или органајзер што би им помогнало полесно да си го организираат животот.
Девиците се многу дисциплинирани знаци и уживаат во работи што долго ќе ги држат во форма.
Терезиите не водат грижа дали подарокот скап, но, секако, треба да одберете нешто што е дизајнирано или убаво. Тие сакаат, на пример, шише добро вино, дански чоколадни бомбони и слично.
Иако не кријат тајни, Скорпиите сакаат да ги откриваат. Сакаат се' што може да ја поттикне нивната детекција, како што е, на пример, лупа или можеби шпионски роман. Доколку сте блиски со Скорпија на интимен начин, тогаш подарете и' сет за масажа или за бањање.
Стрелците сакаат авантури. Затоа ќе се израдуваат на спортска опрема или нешто што би им го олеснало патувањето. Или би го стимулирало нивниот ум, како што е, на пример, филозофска книга или часови по јога. Бидејќи зодијачкото претставување на овој закон е половина човек, половина коњ, подарете им часови за јавење или билети за коњски трки.
Сет за на маса или подновена семејна слика се вистински подарок за Јарец, но вие можете да го изненадите со нешто што е сосема спротивно од нив. На пример, нешто што не купуваат често - секси интимна облека или цел ден поминат во спа-центар. Бидејќи тие често ја потценуваат својата креативна страна, можете да им подарите сет за во кујна.
Доколку сакате подарок за Водолија, осигурете се дека вашиот подарок е единствен и невообичаен во секој поглед. Водолија оди пред времето и ги сака патувањата. Можете да им подарите справа што можат да ја користат кога ќе патуваат.
Дајте им на Рибите нешто што ќе им овозможи да избегаат од секојдневјето. Книга (романтична), цел ден во спа-центар или сет за во кујна. Можете да им подарите и нешто врзано за музика, поезија... Се разбира, никогаш нема да згрешите доколку купите риба за нивниот аквариум.
|