Број 3465  петок, 24 декември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон








Site Meter

Што предвидуваа футуролозите за 2010?

Реиздадената книга од 1972 година претскажува каков ќе биде животот годинава

Џефри Хојл често го прашуваат зошто предвидел дека до 2010 година сите ќе носат комбинезони. Тој предвидел свет каде што секој ќе има тридневна работна недела, а нивните електрични возила ќе се испорачуваат во цевки со течност. Тие колористични идеи од неговата детска книга од 1972 година „2010: Живеење во иднината“ помогна да се поттикне кампања на „Фејсбук“ за да се пронајде. Сега неговото дело е реиздадено, а годината во насловот е сменета во 2011.

„Бев критикуван, бидејќи реков дека луѓето ќе носат комбинезони“, објаснува Хојл, син на познат астроном и автор на научнофантастични дела, Фред Хојл. „Не носиме комбинезони, но до одреден степен идејата за комбинезони е ограничување на слободите“.

Книгата на Хојл е производ на времето. Чекорот кон планирано општество со акцент на комуналното живеење му дава боја. „Поголем дел се базира на еволуцијата на еден политички систем“, забележува Хојл. Авторот, исто така, предвидувал широка употреба на „визиски телефони“ и онлајн-купување производи.

Тој е еден од големиот број автори на научно-фантастични дела што се обиделе и во футурологија - дисциплина за планирање на иднината.

„Ако се вратиме години наназад во однос на научната фантастика и фантазијата, ќе најдеме многу мошне брилијантни симулации на иднината што се случиле“, вели Ричард Родс, автор на „Визии на технологијата: век на суштинска дебата за машини, системи и за човечкиот свет“.

Можеби едно од најпознатите дела на футурологијата од авторот на научнофантастични книги е предвидувањето на Артур Кларк за мрежа од сателити во геостационарни орбити (ефективно остануваат на исто место во однос на фиксната точка на Земјата). Идејата за сателити во геостационарна орбита постоеше и порано, но Кларк беше првиот што ги виде можностите за нивна употреба како релеи за емитување програма и за комуникација.

И Х.Г. Велс беше години пред своето време и предвиде нуклеарно оружје во 1914 година, а подоцна го инспирираше физичарот Лео Силард. Во поново време, авторот Дејвид Брин во романот „Земја“ од 1989 година и во другите свои дела предвиде граѓани-известувачи, персонализирани веб-интерфејси и пропаѓање на приватноста.

„Главниот метод е едноставно да се остане усогласено со трендовите во лабораториите и истражувачките центри низ светот, забележувајќи ги работите што се чинат непрактични или некорисни“, вели Брин. „Потоа, си го поставувате прашањето: Што ако тие најдат начин да ја направат таа работа десет илјади пати побрзо/посилно/подобро? Што ако некој го искористи тоа како оружје? Го монополизира? Или го комерцијализира, овозможувајќи им на милиони луѓе рутински да ја прават таа нова работа? Како би изгледало општеството ако секој ја прифати таа нова работа како готова?“

Свесните напори за футурологија потекнуваат многу одамна. Во 1931 година, на прославата од 80-годишнината, „Њујорк тајмс“ се обрати до неколку познати луѓе сакајќи да ги дознае нивните предвидувања каков би бил животот во 2011 година. Имаше „погодоци“. Вилијам Мајо предвиде животен век од над 70 години. Другите предвидувања за популација што старее и помалото значење за националните граници беа надежни. Но, имаше и големи промашувања - за физичарот Мајкл Пупин, кој предвиде рамномерна распределба на богатството.

Сличен обид беше направен во 1893 година - со очекувања за 1993 година - за „Колумбијан експозишен“ во Чикаго. Меѓу погодените предвидувања беа Флорида како голема туристичка дестинација и брзите возови, но имаше многу промашувања. Политичарот Џон Џ. Ингалс беше еден од најдалековидите кога пишуваше за патување од Њујорк до Лондон за помалку од еден ден.

Предвидувањата, промашени или успешни, ни кажуваат многу нешта за времето кога биле направени, како и за иднината. Да се вратиме на првите години од студената војна кога имаше многубројни предвидувања за катастрофална нуклеарна војна.

„Тоа е куче што не лае“, вели Родс, автор на „Самракот на бомбата“. „Во нуклеарната заедница во годините по Втората светска војна, тие беа прилично јасни дека ако не го елиминираме нуклеарното оружје, ако не го стават под контрола, неминовно ќе има нуклеарна војна. Тие не го видоа длабокиот егзистенцијален страв што го поттикнуваше тоа оружје кај лидерите на различни земји“.

Работите лесно можат да тргнат во погрешна насока или да се промаши потенцијален развој, бидејќи се чини дека на патот стои непремостлива пречка. Едно обично погрешно предвидување, што го дадоа утописките социјалисти во 19 век, и неочекуваното појавување во 1893 и во 1931 година и многу пати оттогаш, е идејата дека механизацијата треба едноставно да оди чекор подалеку за да ни обезбеди лежерен живот на сите.

Тридневната работна недела на Хојл за 2010 година не се материјализираше. „Луѓето ќе треба многу да работат. Отиде во друга насока. Луѓето работат седум дена во неделата. Сега сум голем песимист“, вели тој. Но, Хојл беше во право кога ја предвиде улогата на „визискиот“ телефон. И „визиски“ деск- звуци звучат познато. „Стаклото на екранот е направено на специјален начин, така што кога пишувате на него камерата снима што пишувате“. Ако денес сте предвиделе дека за неколку години клучните електронски направи, како што се телефони, ГПС, и медија-плеери ќе бидат вградени во човечкото тело, едвај би кажале нешто смело.

„Навистина е лесно да се екстраполира од постојната технологија - онаа што настојува да каже што прават луѓето. Но, вистинските значајни промени се речиси неизбежни целосни изненадувања“, вели Роудс.

Ширењето на компјутерите и на микрочиповите спаѓа во таа категорија, вели Тим Мек, претседател на Светското здружение за иднината. „Компјутерите се гледаа како големи податоци“, вели Мек. „На луѓето им недостасува тоа - вметнувањето чипови речиси во се'“.

Сега футурологијата е голем бизнис. Одбранбената индустрија го прифати тоа многу одамна, но сега се користи во се', од потрошувачка технологија до фирмите за храна. И се' уште ќе биде восхитувачки да се читаат предвидувањата од 2010 година за еден век. (Би-Би-Си)


#
Статијата е прочитана 994 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Ароганцијата на Владата ја кочи Македонија
Скарлет беше грозна со мене
Ахмети ќе лови македонски гласови
Колку УДБ-а беше нашата судба (13)
Каде исчезна рокенролот?
Нема лабаво за пушењето
Мајка и ќерка убиени во Куманово
Бајати вести за тазе политика
Умот и духот се секси
Ќе се укине возот Солун -Скопје?
Двајца Македонци уапсени во Риека
Црковниот календар како минско поле
Добар задник - клекнете и станете
Македонските ракометари го победија Египет
Промашена деценија (1)
НБМ нема да печати пари за повеќе кредити
За земјените знаци - практичен подарок
Жив го изедоа Заев
Идниот амбасадор во Турција со скандалозно експозе
Диригентот и дилерите свртеле хероин од милионче
 

What will 2011 bring for the Western Balkans?
Last news update on WAZ.EUobserver
Croatia moves closer to concluding EU accession talks