Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“

Тоа ќе се овозможи со спогодбата за клириншкиот
долг што утре ќе ја потпишат Македонија и Русија

Се наѕира ли, конечно, стартот на гасификацијата на земјава преку евентуално затворање на клириншкиот долг со Русија? Такви надежи разбуди посетата на македонската делегација на Русија овие денови.

Дека Македонија може да му се приклучи на значајниот меѓународен транзитен коридор „Јужен поток“ преку изградба на крак низ македонска територија, била една од темите на вчерашната средба во Санкт Петерсбург меѓу претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, вицепремиерот Зоран Ставрески и генералниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер. Тие констатирале дека претстојното потпишување на спогодбата за клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија најавено за утре ќе создаде услови за учество на „Газпром“ во изградбата на македонската гасоводна мрежа.

„Потпишувањето на спогодбата ќе овозможи унапредување на соработката меѓу Македонија и Русија во енергетскиот сектор. Со тоа се создадени услови ’Газпром‘ да учествува во изградбата на гасоводната мрежа во земјава, за што двете страни покажаа целосна подотвеност за соработка“, соопштија вчера од кабинетот на Ставрески.

Иванов, Ставрески и Милер разговарале и за можноста за партнерство меѓу „Газпром“ и Македонија во изградба на гасни електрани.

„Договорено е експертски тимови на ’Газпром‘ и на Владата веднаш да почнат да работат на усогласување на техничките работи околу изградбата на електрани на гас“, се нагласува во соопштението од Владата.

Инаку, во 2007 година „Газпром“ и италијанската компанија ЕНИ потпишаа договор за реализација на проектот „Јужен поток“. Проектот опфаќа систем од нови гасоводи, кои ќе ја поврзат Русија со Европа преку дното на Црното Море. Сосема извесно е дека гасоводот ќе минува низ Бугарија и низ северниот дел на Грција, бидејќи овие две земји веќе на државничко ниво изразија спремност за вклучување во проектот и за потпишување договори. Можноста за приклучување и на други заинтересирани земји никогаш не била исклучена од страна на руската компанија. И соседна Србија лани преговараше со Русија за изградба на еден крак, како дел од овој меѓународен гасовод што би поминувал низ таа земја.

На меѓународниот економски форум во Санкт Петерсбург учествуваат најпознатите политички лидери, интелектуалци и новинари, избрани да разговараат за најактуелните прашања со кои се соочува светот. Меѓу темите на форумот се финансиите по кризата, глобалната енергија и иднината на пазарот за гас, предизвиците на пензискиот систем во 21 век и други теми од економијата. (М.Т)


#
Статијата е прочитана 1793 пати.

Испрати коментар

Од: Realen
Датум: 18.06.2010 01:01:20
I na ovaj samit nie go pustivme Gjore Ivanov. Za grev e coeko. Sto posto ima barano razumen kompromis
Од: kratkovid
Датум: 18.06.2010 08:01:03
abe toj vo kos na slikata Gorge li e?
Од: db
Датум: 18.06.2010 08:07:18
Sea i na mars ke se priklucime ushte malce so Gore i so Stavre.. A shto e po-zallno, pustite clencinja na dpmne i ke poveruvaat.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 18.06.2010 08:10:45
Веќе заборавив колку пати е речено она готово е.Гасоводот ќе се гради со клириншкиот долг.Па ајде веќе еднаш.Или овие посети - секидневно се за рашетување на државна сметка?.
Од: gotov e
Датум: 18.06.2010 10:08:55
abe lagi so bradi

Најди! во Утрински
Насловна
Стомачните инфекции ги кутнаа децата
Тиквешански
Груевски пишува нова историја
Безжично сурфање низ поплавено Огњанци
Лекција на понизност од земјата на скијачите
Косово трага по четириесетина мртви во Македонија
Записите како наjголем бизнис
Георгиевски ја раскажа својата приказна
Парите и тактиките го убија фудбалот
Идната недела пад на температурата за 15 степени
Фудбалска депресија
Србија на се' или ништо против Германија
Утрински поглед во огледалото
Тактичка стапица на Уругвај
Грците во Битола само по бензин, друго не купуваат
Безбедносна стратегија за 21 век
Медиумите на отстрел
Ненадминлив шмек на искусниот морски волк
Фудбалски патрдии
Идолизиран бунтовник со причина