Тактичка стапица на Уругвај

По завчерашниот пораз од Уругвај од 0:3 фудбалерите на Јужна Африка ги разочараа своите навивачи. Меѓутоа, сметаат дека не е се загубено. „Се заплеткавме во тактичката замка на Уругвај. Ама, нема да се предадеме“, изјави тажно Арон Мокоен, кој смета дека мечот со Уругвај му бил најтешкиот испит во 104 репрезентативни настапи.
Мокоен се осврна и на голманот Куне кој направи пенал и притоа заработи црвен картон. „Ние сме екипа и не го вперуваме прстот во поединци. Тимски стоиме зад секоја грешка. Сега одиме на победа против Франција. Друг избор немаме“. Инаку, ова беше прв пораз по 13 меча за Јужна Африка под водство на Бразилецот Карлос Алберто Переира, кој своите сонародници ги одведе до титулата во 1994 година.
За разлика од Јужна Африка во таборот на Уругвај многу причини за радост. Уругвајците предводени од Диего Форлан одиграа одличен натпревар. Напаѓачот на Атлетико Мадрид постигна два гола, а првиот беше ремек дело. „Среќни сме поради три бода и тоа е она што е најважно. Моите голови? Помалку се битни од успехот на тимот“, кажа Форлан. |