Број 3310  петок, 18 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter

Поглед

Фудбалска депресија

Наум Котевски

Често во животот човекот доживува некое разочарување. Едноставно се случува нешто под нашите големи очекувања и заглавуваме во некоја збунета состојба.

Тоа ни се случува во моментов и на колективен план поради односот со најважната (неспоредна) работа - фудбалот. Разочарување слично на она на Квентин Тарантино на доделувањето на „Златниот глобус“.

Тој беше иритиран од форсирањето на Камерун и филмовите со „премногу фантазија и фантастичност“, а светската фудбалска јавност, пак, сега е во швајцарска контра и е навредена што ја нема таа „фантазија“ на стадионите во Јужна Африка.

Таму во првата фаза по групи се случуваше заробеништво во фудбалските стратегии. Шах, зихераштво, превнимателност. Малку техника, многу сила. Бразилски страв од Северна Кореја. Калкулантство од новиот фудбалски буквар на Мурињо, кое ги урна надежите кај луѓето дека барем за момент динамичното тркалање на бубамарата ќе ги извлече од општествената депресија.

Дека досега можевме да следиме фудбалска декаденција јасно покажува фактот дека на Мундијалот во Јапонија и Јужна Коре��а пред осум години паднаа 21 гол повеќе во првата фаза, а во Германија 15!

Кога е нарушена таа очекувана основна цел на фудбалот следи прашањето што да правиме со пријателот што не' изневерил. Да му завртиме грб или да му се одмаздиме. Ова второво тешко дека ќе му го направиме, ама нема ни да му го завртиме грбот.

Најлошо е кога имаме доволно трпение за некој што не го заслужува тоа. Сепак, десетте гола на последните четири меча велат дека фудбалот во Африка тоа го заслужува!


#
Статијата е прочитана 1024 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 18.06.2010 09:53:35
Uzasno e da se prochita vakov tekst vo ist broj na eden vesnik zaedno so intervju so Ivica Osim. Strasno e nepoznavanjeto na fudbalot kako igra, filozofija, nauka i detskiot odnos na avtorot kon igrata-zelbata da gleda so poveke golovi. Moja preporaka-pocnete da gledate rakomet!!!

Најди! во Утрински
Насловна
Стомачните инфекции ги кутнаа децата
Тиквешански
Груевски пишува нова историја
Безжично сурфање низ поплавено Огњанци
Лекција на понизност од земјата на скијачите
Косово трага по четириесетина мртви во Македонија
Записите како наjголем бизнис
Георгиевски ја раскажа својата приказна
Парите и тактиките го убија фудбалот
Идната недела пад на температурата за 15 степени
Македонија ќе се приклучи кон „Јужен поток“
Србија на се' или ништо против Германија
Утрински поглед во огледалото
Тактичка стапица на Уругвај
Грците во Битола само по бензин, друго не купуваат
Безбедносна стратегија за 21 век
Медиумите на отстрел
Ненадминлив шмек на искусниот морски волк
Фудбалски патрдии
Идолизиран бунтовник со причина